Свет
Над 50 повредени во тајфунот Ма-он во Јапонија
Повредени се повеќе од 50 луѓе, а околу две илјади се евакуирани пред налетот на тајфунот Ма–он којшто ги зафати крајбрежјата на Јапонија, објави телевизијата НХК.
Повредени се повеќе од 50 луѓе, а околу две илјади се евакуирани пред налетот на тајфунот Ма–он којшто ги зафати крајбрежјата на Јапонија, објави телевизијата НХК.
На југот на земјата откажани се 130 авионски летови.
Како што пренесе телевизијата, ударите на ветерот достигнувале брзина од 30 метри во секунда, а тајфунот Ма-он се движи кон исток со брзина од 20 километри на час.
Јапонската компанија ТЕПКО пред два дена почна да го поправа покривот на третиот реактор во оштетената нуклеарна централа Фукушима за да се заштити објектот од налетот на тајфунот./крај/нхк/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад
Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во серија израелски напади низ Газа, соопштија локални извори.
Локалните служби за итни случаи и жителите објавија дека висок член на Исламски џихад, Ашраф Ал-Хатиб, е убиен во Нусејрат, а полицаец на Хамас во Газа. Извор на Хамас изјави дека локалниот командант Мохамед Ал-Холи е убиен претходно во Деир ал-Балах во четврток.
Хамас ги осуди нападите врз неговото семејство, но не го спомена директно Ал-Холи или неговата улога во движењето во соопштението. Израел се обвинува за кршење на прекинот на огнот што е во сила од октомври и за обид за повторно разгорување на конфликтот.
Во нападите загинаа и цивили
Здравствените власти во палестинската енклава соопштија дека во нападите загинало и 16-годишно момче.
Нападите доаѓаат еден ден откако САД го објавија почетокот на втората фаза од договорот за прекин на огнот. Израел и Хамас се обвинуваат меѓусебно за кршење на договорот и остануваат во несогласувања околу клучните прашања.
Повеќе од 400 Палестинци и тројца израелски војници се убиени откако прекинот на огнот стапи на сила во октомври, според Ројтерс. Израел сруши згради низ поголемиот дел од Појасот, а речиси целото население на енклавата од повеќе од два милиони луѓе сега живее во импровизирани засолништа или оштетени згради, на дел од територијата од која израелските сили се повлекле.
УНИЦЕФ во вторникот соопшти дека повеќе од 100 деца се убиени откако прекинот на огнот стапи на сила, вклучително и во напади со беспилотни летала.
Свет
Белата куќа за Иран: Трамп ја следи ситуацијата, може да има сериозни последици
Американскиот претседател Доналд Трамп внимателно ја следи ситуацијата на терен во Иран, изјави денес портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.
Таа додаде дека Трамп и неговиот тим го предупредиле Техеран дека ќе има „тешки последици ако продолжат убиствата поврзани со владината репресија“, пренесува Ројтерс.
Трамп вчера изјави дека му било кажано дека убиствата како дел од иранската репресија на протестите низ целата земја се намалуваат и дека верува дека во моментов нема план за масовни егзекуции, иако тензиите меѓу Техеран и Вашингтон остануваат високи.
„Ќе бидеме многу вознемирени ако егзекуциите продолжат“, рече Трамп.
Тој не ја исклучи воената акција на САД, велејќи дека ќе „следи како се одвива процесот“, истакнувајќи дека американската администрација добила „многу охрабрувачка порака“ од Иран.
Протестите во Иран започнаа на 28 декември 2025 година поради девалвацијата на локалната валута, иранскиот риал, а на 8 јануари, по повикот на Реза Пахлави, син на шахот на Иран, кој беше соборен во 1979 година, протестните маршеви се интензивираа низ целата земја.
Истиот ден, интернетот беше исклучен, а во неколку ирански градови протестите се претворија во судири со полицијата и беа придружени со скандирања против иранскиот политички систем.
Беше објавено дека имало жртви и меѓу безбедносните сили и меѓу демонстрантите.
Иранските власти, обвинувајќи ги САД и Израел за организирање на немирите, на 12 јануари објавија дека ситуацијата е ставена под контрола.
Свет
(Видео) Мерц: Русија е европска земја, стабилните односи со неа се клучни за иднината на ЕУ
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Русија е европска земја и изрази надеж дека Европската Унија ќе успее да постигне рамнотежа во односите со Москва.
Зборувајќи пред бизнисмени на новогодишен прием во Хале, Мерц рече дека стабилноста во односите со најголемиот сосед на Европа е клучна за иднината на Европа и Германија, пренесуваат медиумите.
Germany's Merz:
Russia is a European country, our largest neighbor.
If we succeed, in the longer term, in once again finding a balance with Russia—if peace prevails, if freedom is guaranteed—if we succeed in all of this, ladies and gentlemen, then the European Union, and we in… pic.twitter.com/zYBfxawgr9
— Clash Report (@clashreport) January 15, 2026
„Ако успееме да го вратиме мирот и слободата во Европа, ако конечно најдеме рамнотежа во односите со нашиот најголем европски сосед, зборувам за Русија, ако владее мир и ако се обезбеди слобода, ако успееме во сето ова, тогаш Европската Унија, а со тоа и ние во Германија, ќе го положиме следниот тест и по 2026 година ќе можеме да гледаме кон иднината со доверба“, рече Мерц.
Канцеларот, според написите, нагласил дека неговата изјава не е поврзана со фактот дека се наоѓа во источниот дел на Германија.
„Го велам тоа каде и да сум во Германија“, рече Мерц, додавајќи дека „Русија е европска земја“.
Фото: ЕПА

