Свет
Најмалку 13 загинати и над 80 повредени во земјотресот во Узбекистан
Во земјотресот што го погоди Узбекистан рано изутрината, загинале 13 и се повредени повеќе од 80 лица, пренесува попладнето по локално време РИА Новости повикувајќи се на узбекистанското министерство за вонредни ситуации.
Во земјотресот што го погоди Узбекистан рано изутрината, загинале 13 и се повредени повеќе од 80 лица, пренесува попладнето по локално време РИА Новости повикувајќи се на узбекистанското министерство за вонредни ситуации.„Од потресите што ги погодија населените места во оддалечените Багдадски, Риштански и узбекистанските делови од регионот Фергана, уништени се претежно стари станбени објекти. Според првичните податоци, при уривањето на домовите загинале 13 луѓе. Екипите за брза помош на самото место дале прва медицинска помош на вкупно 86 лица од кои 35 се хоспитализирани во најблиските болници“, се наведува во соопштението цитирано од агенцијата.Според овие податоци, магнитудата на земјотресот во епицентарот на 235 километри југоисточно од Ташкент, изнесувала меѓу 6,5 и 7,0 степени по Рихтер. Во Андџискиoт и Ферганскиот регион измерена е магнитуда од 5, во регионот Наманган – 4, а во Ташкент – 5 степени по Рихтер Според соопштението, по наредба на узбекистанскиот претседател Ислам Каримов, владата презема брза акција за да се ублажат последиците од земјотресот и да им се даде неопходната помош на настраданите. На местото на најголемиот удар на природната стихија работи Оперативниот штаб за справување со последиците од земјотресот.„Во моментов, посебно формирана комисија ги прецизира големината на оштетувањата а исто така го средува и податоците за загинатите и настраданите“, се дова во соопштението. Силен земјотрес ја погоди во средата рано изутрина густо населената долина Фергана во Узбекистан, во Средна Азија. Според референтниот Американски геолошки институт (УСГС) магнитудата на потресот била 6,2 степени според Рихтер, а епицентарот бил на 42 километри од градот Ферган, на исток на Узбекистан додека неговиот хипоцентар е лоциран на 9,2 километри под површината на земјата.Долината Фергана, на тромеѓето меѓу Узбекистан, Таџикистан и Киргистан е најгусто населена област во цела Средна Азија./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него
Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди долари, објави порталот Политико, цитирајќи неименуван американски функционер.
Според официјални лица, пакетот оружје вклучува контраартилериски радар, тактички возила, пресретнувачи Патриот, беспилотни летала, артилерија, прецизна муниција и системи против беспилотни летала.
На почетокот на неделава Претставничкиот дом на американскиот Конгрес донесе закон за пакет воена помош за Украина, Израел и кинескиот регион Тајван во вредност од 95 милијарди долари, од кои 61 милијарда долари се наменети за помош на Украина.
Лидерот на Демократите во Сенатот Чак Шумер изјави дека оставил порака за украинскиот претседател Володимир Зеленски, која гласи: „Завршивме. Сега – победи“.
„Овој предлог-закон е една од најважните мерки усвоени од Конгресот долго време за заштита на американската безбедност и безбедноста на западните демократии“, рече Шумер.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.
Свет
Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства
Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и Александар Кајгородцев веќе ги признале злосторствата што ги направиле во селата Подо-Калиновка и Абрикосовка, пишува рускиот медиум Ура.ру.
Меѓу жртвите се двајца полицајци и началникот на селото Љубов Тимчак, кој е назначен од Русија. Телото на началникот било пронајдено во средата, а на него биле видливи рани од огнено оружје, оган и експлозивни направи.
Полицијата набрзо добила дојава од заменик началникот на округот Алешински за откривање на уште две изгорени и осакатени тела на маж и жена. Безбедносните сили ги уапсиле осомничените истиот ден, а набрзо се испоставило дека станува збор за руските војници Александар Осипов и Александар Кајгородцев.