Свет
Хакери го нападнале компјутерот на претседателот на Хондурас

Компјутерот кој го користи претседателот на Хондурас, Порфирио Лобо, бил нападнат од засега неидентификувани хакери, јави агенцијата Notimex.
Според локалните медиуми, хакерите успеале да го прескокнат системот за компјутерска заштита и добиле пристап до електронската пошта на претседателот на Хондурас, Порфилио Лобо и до тајните документи на претседателот. Неовластениот пристап до компјутерот на претседателот на Хондурас бил откриен од страна на воената разузнавачка служба. Од таму соопштија дека по упадот, заштитата на компјутерите што ги користи претседателот Лобо е зајакната.Меѓутоа, не е соопштено дали службата има можност да ги идентификува хакерите кои добиле пристап до претседателскиот компјутер.Минатиот петок хакери го нападнаа личниот профил на ресурсот за социјално вмрежување Facebook, на колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, кога поставија видео насловено „Лажна независност“ (False Independence),во кое се прикажува дека не е возможно да се прославува независноста на земјата во која постојат такви проблеми како што се големото насилство и невработеноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Мерц: Сите членки на ЕУ мора да ги зголемат трошоците за одбрана

Сите членки на Европската Унија мора да ги зголемат своите трошоци за одбрана, со цел да се пополнат празнините во одбранбената способност на блокот и да се обезбеди постојана поддршка на Украина, изјави денес новиот германски канцелар Фридрих Мерк.
„Само на овој начин можеме постепено да ги намалиме празнините во нашите капацитети и колективно да ја поддржиме Украина“, изјави Мерц за новинарите во Париз, на заедничката конференција со францускиот претседател Емануел Макрон, за време на која двајцата лидери ветија нов почеток за Европа предводена од француско-германската соработка, објави Ројтерс.
Германскиот канцелар, исто така, рече дека е потребен траен договор за прекин на огнот во Украина пред да можат да се дадат прецизни детали за безбедносните гаранции.
Посетата на Мерц на Париз е негово прво патување во странство како канцелар.
Како што е најавено, Мерц по Франција ќе ја посети Полска, а наскоро е планирана и посета на Украина.
Регион
Авионот на Вучиќ е приземјен во Баку, летот прогласен за небезбеден

Авионот на српскиот претседател, Александар Вучиќ, со кој утрово во 11 часот полета за Москва, е приземјен во Баку и во моментов не може да го продолжи своето патување, бидејќи нема дозвола да го продолжи летот поради воените операции меѓу Русија и Украина.
Сите земји претходно дадоа дозвола за летот, но сега не можат да дадат дозвола поради воените операции, јавува репортер на Танјуг. Се чека одобрение за продолжување на летот.
Аеродромите во Москва се, исто така, моментално затворени.
Украина ја нападна Москва со беспилотни летала, принудувајќи ги повеќето аеродроми во руската престолнина да се затворат токму кога кинескиот претседател Си Џинпинг требаше да пристигне за да ја прослави победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Во изминатите неколку дена, аеродромите во неколку руски градови беа затворени поради напади од украински беспилотни летала.
За потсетување, претходно беше закажано српскиот претседател да има билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин во петок, што беше објавено и од Кремљ.
Според „Спутник“, не е познато кој воздушен коридор го користел Вучиќ за руската престолнина.
На 9 мај, Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна со парада на Црвениот плоштад во Москва и низа други настани. Се очекува да присуствуваат повеќе од 20 светски лидери.
Свет
Трамп: Не знаев дека Русија е исклучена од Светското првенство

Американскиот претседател Доналд Трамп беше изненаден кога му беше соопштено дека руската фудбалска репрезентација нема да може да учествува на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, поради санкции.
На состанокот на работната група за организација на Светското првенство во 2026 година, што се одржа во Белата куќа, претседателот Трамп изјави дека не знаел оти руската репрезентација нема да може да учествува на Светското првенство и дека ова може да биде добар поттик за Русија да ја прекине војната против Украина, објави Би-Би-Си.
„Точно е. Тие моментално се под санкции и им е забрането учество на Светското првенство. Но, се надеваме дека ќе дојде до мир и дека Русија ќе може да се вклучи“, рече претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, кој седеше до претседателот Трамп.
„Па, тоа би можело да биде добар поттик (за Русија). Сакаме да ја запрат (војната). Пет илјади млади луѓе умираат секоја недела, тешко е да се поверува“, рече американскиот претседател.
Руските фудбалски клубови и националниот тим не можат да учествуваат на меѓународни натпреварувања под покровителство на ФИФА и УЕФА, а санкциите стапија на сила кратко време по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Европските квалификациски групи за Светското првенство во 2026 година веќе се составени, но повеќето квалификациски натпревари започнуваат во септември оваа година, па затоа постои теоретска можност Русија, доколку дојде до мир, да се приклучи на квалификациите подоцна.
Претседателот Трамп, кој го позајми слоганот „Да ја направиме Америка повторно голема“ од претседателот Роналд Реган (слоганот на неговата претседателска изборна кампања во 1980 година), го направи запирањето на војната во Украина една од неговите главни цели во надворешната политика, според медиумот.
Се надева дека тоа ќе му ја донесе Нобеловата награда за мир. Првиот американски претседател кој ја добил Нобеловата награда за мир бил републиканецот Теди Рузвелт во 1906 година. Благодарение на неговото посредништво, завршила Руско-јапонската војна (1904-1905).
На состанокот на работната група во Белата куќа беше присутен и американскиот потпретседател Џејмс Дејвид Венс, кој рече дека САД со нетрпение очекуваат да можат да бидат домаќини на навивачи од многу земји од целиот свет за време на Светското првенство.
„Ќе имаме гости од многу земји, веројатно близу стотина. Сакаме да дојдат, да ги гледаат натпреварите и да слават, но кога ќе заврши Светското првенство, ќе мора да си одат дома“, рече потпретседателот Венс во таа пригода.