Свет
Саркози е запрепастен од бројот на жртвите во Сирија
Францускиот претседател Николас Саркози на сирискиот крал Абдула Втори му го изнел своето запрепастување од бројот загинати и продолжувањето на репресијата во Сирија, соопшти неговиот кабинет во средата
„Претседателот на Француската Република Николас Саркози ја пренесе својата запрепастеност од бројот на жртвите, продолжувањето на репресијата и неможноста на режимот да ги спроведе ветувањата што ги даде“, стои во соопштението на Елисејската палата што го цитира AFP, издадено по работниот ручек на шефот на француската држава и сирискиот крал Абдула Втори, кој траел околу еден час.Според кабинетот на Саркози, двајцата соговорници разговарале и за ситуацијата во Либија. Како и за израелско-палестинските односи, при што, како што се посочува во информацијата бил спомнат „септемврискиот рок“. Сириските власти и натаму тврдат дека бунтот од 15-ти март го почнале „вооружени терористички банди кои се надвор од земјата“ и дека во судирите со нив досега се убиени повеќе од 340 припадници на сириската полиција и на војската. Опозицијата во Сирија тврди дека од почетокот на протестите во Сирија се убиени 1.600 луѓе, а повеќе од 12 илјади луѓе ја напуштија Сирија бегајќи во Либан и во Турција, покажуваат податоците на невладините организации.Бунтот во Сирија започна во средината на март, откако во пограничниот град со Јордан, Дера’a беше уапсена група ученици кои испишувале анти-владини слогани по ѕидовите. Жителите на градот масовно излегоа на улиците барајќи ослободување на момчињата. Подоцна протести се одржаа и во неколку други региони на земјата, особено во градовите Латакија, Баниас, Хомс, Хама и во некои предградија од главниот град Дамаск.Претседателот Башар ал-Асад се обиде да ги смири демонстрантите, укинувајќи ја 50-годишната вонредна состојба, но апсењата без налог продолжија и покрај укинувањето на таквиот закон. Протестите во Сирија продолжуваат и покрај тоа што сириските власти објавија план за реформи, меѓу кои беше и укинувањето на воената состојба од страна на претседателот Асад од кого се бара итна оставка, воведена во 1963 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Путин пресмета колку ќе чини Гренланд
Рускиот претседател Владимир Путин се обиде да ја дистанцира Москва од дебатата за Гренланд.
„Што ќе се случи со Гренланд не е наша работа“, рече тој. Но, тој исто така даде историски контекст што, барем индиректно, може да се разбере како референца на амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп.
Зборувајќи на состанокот на Советот за безбедност, Путин потсети на продажбата на Алјаска во 1867 година, кога Русија ја продаде територијата на САД за 7,2 милиони долари, што денес, според неговата проценка, би вредело околу 158 милиони долари.
Потоа ја спореди големината на Алјаска со Гренланд и посочи дека, по слична логика, вредноста на Гренланд би можела да биде „некаде околу 200 до 250 милиони долари“ или „поблиску до милијарди“, ако се пресмета според историските цени на златото.
Putin: "Accounting for inflation, we sold Alaska to US for $158 million. Considering Greenland is bigger, it would be about $200-250 million. If we take the gold prices as reference, it might be higher, perhaps close to a billion.
But I think the US can handle even that sum." pic.twitter.com/mdkClKc7kB
— Margarita Simonyan (@M_Simonyan) January 21, 2026
„Мислам дека САД ќе можат да си ја дозволат таа сума“, рече Путин.
Како дополнителен историски пример, тој ја наведе продажбата на Девствените Острови, кои Данска им ги продаде на Соединетите Американски Држави во 1917 година. Путин нагласи дека прашањето за Гренланд „не ја засега Русија“ и дека треба да го решат Данска и Соединетите Американски Држави.
„Патем, Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и се однесувала кон него доста грубо, ако не и сурово. Но, тоа е друго прашање и ретко кој е заинтересиран за него денес. Во секој случај, тоа не нè засега. Мислам дека ќе го решат меѓу себе“, заклучи Путин.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА

