Свет
Во Либија убиен еден од командантите на бунтовниците
Воениот командант на либиските бунтовници , генералот Абдел Фатаг Јунес, поранешен припадник на режимот на полковникот Моамер ел-Гадафи кој им се приклучи на востаниците е убиен потврди во четвртокот лидерот на бунтовничкото движење Мустафа Абдел Џалил.
Воениот командант на либиските бунтовници , генералот Абдел Фатаг Јунес, поранешен припадник на режимот на полковникот Моамер ел-Гадафи кој им се приклучи на востаниците е убиен потврди во четвртокот лидерот на бунтовничкото движење Мустафа Абдел Џалил.Генералот Абдел Фатах Јунес е убиен од група вооружени напаѓачи откако бил повикан на испитување во Бенгази, вториот по големина град во Либија, на исток од земјата кој е седиштето на Преодниот национален совет (TNC), главното политичко тело на востаничките сили. Покрај него, убиени се и двајцата негови телохранители.„Деенска ј апримивме веста дека генералот Јунес и двајцата негови телохранители се убиени откако тој е повикан да се појави пред истражната воена комисија“, изјави првиот политички претставник на бунтовниците Мустафа Абдел Џалил за новинарите во Бангази. Генералот Јунес бил повикан во Бенгази пред истражната воена комисија да одговори на некои прашања од воен карактер, а е убиен пред да дојде на испрашувањето. Според некои непотврдени информации, Јунес наводно требало да се појави пред комисијата поради сомневањата дека неговото семејство и натаму одржува тесни врски со режимот на либискиот водач полковникот Моамер ел-Гадафи. Како што забележува Reuters, дел од бунтовниците не биле најблагопријатно расположени кон Јунес, поради тоа што тој до неодамна беше близок со Гадафи.Засега не е познато точно каде генералот Јуенс е убиени, кои се мотивите за тоа, ниту како Џалил дознал за неговата смрт и убиството на неговите телохранители. Сепак Џалил изјави дека се вложуваат напори да се пронајдат нивните тела. Како што пренесува BBC, станува збор всушност за двајцата помошници на генералот Јунес, полковниците Мухамед Камис и Насир ал-Мадхкур, а Џалил за репортерот на британскиот радиодифузер додал дека во нивна чест ќе се прогласи тридневна жалост.Генералот Јунес беше поранешен либискиот министер за внатрешни работи кој премина на страната на страна на бунтовниците во февруари. Тој исто така беше дел од главната групација којашто го поддржи полковникот Гадафи да дојде на власт во 1969 година.Во некои непотврдени извештаи се наведува дека генералот Јунес и неговите двајца помошници биле уапсени во четвртокот во близина на источниот фронт на Либија.Набрзо по објавувањето на смртта на генералот Јунес, вооружени лица влегле во хотелот Бенгази каде Џалил ја одржал средбата со новинарите, и отвориле оган во воздух по што морал да го напушти хотелот./крај/афп/ро/ббц/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте по разговорите со Трамп: Безбедноста на Арктикот во фокусот
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четвртокот дека за време на неговата средба со Доналд Трамп во Давос воопшто не било спомнато американско сопствеништво над Гренланд и дека новата позиција на американскиот претседател не ја смета за пресврт, пренесе Си-Ен-Ен. „Не разговаравме за тоа“, рече Руте во интервју за Скај њуз во четвртокот. „Синоќа не беше спомнато.“
„Она што можам да го кажам е дека разговаравме за неговата идеја, неговата визија“, рече Руте, појаснувајќи дека тој и Трамп се фокусирале на тоа како НАТО може „да го спаси Арктикот од Русите и Кинезите“.
По средбата со Руте во средата, Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека се откажува од претходната закана за воведување царини за европските земји поради наводното попречување на американското преземање на Гренланд.
На прашањето на Скај њуз дали вознемиреноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала пречка за сојузниците во НАТО, Руте не се согласи и дури му припиша заслуги на Трамп за „спасувањето на НАТО“.
„Мислам дека е во право што ја покрена оваа расправа“, рече Руте. „Како можеме да го заштитиме Арктикот? Како можеме да обезбедиме Арктикот да биде безбеден? И би рекол дека, откако го спаси НАТО, тој сега е тој што ги предводи напорите за да се осигураме дека колективно ќе го спасиме арктичкиот регион.“
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.

