Свет
Двајца мртви на демонстрациите во Сирија
Двајца цивили се убиени, а повеќе ранети во денешните демонстрации одржани ширум Сирија против претседателот Башар ал-Асад, соопштија активистите за човекови права
„Едно момче е убиено, а повеќе се повредени кога полицијата започна да пука врз учесниците на протестот што се собрале во Латакија“, изјави за AFP прес претседателот на сириската организација за заштита на човековите права Рами Абдел Рахман.Според зборовите на главниот претставник на Сириската лига за права на човекот, Абдел Карим Рихауи, едно момче е убиено и на денешните протести во градот Дера’а, на југот на земјата.AFP наведува дека полицијата е распоредена околу градот Дера’а и на оние што носат мобилен телефон или фотоапарат, како и на мажите помлади од 50 години, забранет им е пристапот до џамиите.Претседателот Башар ал-Асад на власт е од 2000 година, а масовните протести против неговиот режим, во кои досега загинаа над 1.600 луѓе, траат од 15. март.Сирија е зафатена од бран протести веќе неколку месеци, со демонстрации кои се одржуваат против и за поддршка на претседателот Башар ал-Асад. Опозицијата обвинува дека безбедносните сили стојат зад убиствата на демонстрантите за време на немирите. Но, владата за насилствата и убиствата ги обвинува „вооружените банди од надвор“, нагласувајќи дека немирите се диригирани од странство.Градот Хама е историски симбол од 1982 година, кога 20 илјади луѓе загинаа по бруталното задушување на протестите на „Муслиманското братство“ за време на владеењето на Хафез Асад, татко на сегашниот претседател Башар ал-Асад.Досега овој број од милион демонстранти во еден ден е најголема од почетокот на протестите што ги започна сириската опозиција на 15-ти март годинава.Сириските власти и натаму тврдат дека бунтот од 15-ти март го почнале „вооружени терористички банди кои се надвор од земјата“ и дека во судирите со нив досега се убиени повеќе од 340 припадници на сириската полиција и на војската. Опозицијата во Сирија тврди дека од почетокот на протестите во Сирија се убиени 1.600 луѓе, а повеќе илјади луѓе ја напуштија Сирија, покажуваат податоците на невладините организации.Бунтот во Сирија започна во средината на март, откако во пограничниот град со Јордан, Дера’a беше уапсена група ученици кои испишувале анти-владини слогани по ѕидовите. Жителите на градот масовно излегоа на улиците барајќи ослободување на момчињата. Подоцна протести се одржаа и во неколку други региони на земјата, особено во градовите Латакија, Баниас, Хомс, Хама и во некои предградија од главниот град Дамаск.Асад се обиде да ги смири демонстрантите, укинувајќи ја 50-годишната вонредна состојба, но апсењата без налог продолжија и покрај укинувањето на таквиот закон. Протестите во Сирија продолжуват и покрај тоа што сириските власти објавија план за реформи, меѓу кои беше и укинувањето на воената состојба од страна на претседателот Башар ел-Асад од кого се бара итна оставка, воведена во 1963 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дедото уапсен под сомнение за обљуба над малолетната внука во Белград
Полицијата на територијата на Белград го уапси Г. М. (57) бидејќи постоеле основи на сомнение дека сторил кривично дело обљуба над дете.
Жртвата е неговата четиринаесетгодишна внука, која ја дала изјавата во присуство на нејзината мајка, според медиумите во соседството.
Осомничениот е задржан од полицијата до 48 часа, во кој период ќе биде приведен на сослушување.
Според написите, се сомнева дека дедото наводно го сторил ова тешко кривично дело врз својата внука во неколку наврати.
Случајот го презеде Вишото јавно обвинителство во Белград, кое ќе спроведе понатамошна истрага. Бидејќи жртвата е малолетно лице, истражните органи ќе ги преземат сите мерки за заштита на интегритетот на детето, а изјавата ќе биде земена во присуство на експерти и психолози.
Кривичниот законик на Србија предвидува исклучително строги санкции за злоупотреба на деца. За најтешките форми на ова кривично дело, особено кога има роднинско сродство или злоупотреба на положбата, се заканува затворска казна од најмалку 10 години или доживотен затвор.
Сите надлежни служби, вклучително и Центарот за социјална работа, се вклучени во обезбедување поддршка и заштита на жртвата од самиот момент на пријава, според медиумите.
Регион
По девет години на чело на Бугарија, Румен Радев ја напушта претседателската функција
По девет години, бугарскиот претседател, Румен Радев ја напушта претседателската функција.
Уставниот суд денес во земјата ќе одржи расправа за случајот покренат во врска со неговата оставка, јавуваат бугарските медиуми.
Оставката на Радев беше поднесена до Уставниот суд во вторник, еден ден откако тој ја објави својата одлука да се повлече од функцијата и да се кандидира на претстојните предвремени парламентарни избори во специјално обраќање до бугарските граѓани.
Така завршува неговиот речиси децениски престој во „Дондуков“ 2 – прво како претседател во два последователни мандати, а потоа и како клучна фигура во низа политички кризи и привремени влади.
Според Уставот, во случај на предвремено прекинување на претседателскиот мандат, овластувањата на шефот на државата ги презема потпретседателот до истекот на мандатот . По одлуката на Уставниот суд, функцијата ќе ја извршува Илијана Јотова.
Се очекува таа да ја продолжи постапката за назначување на привремена влада, вклучително и спроведување на задолжителните консултации со потенцијалните кандидати за привремен премиер и одредување на датумот за предвремени парламентарни избори, пишува „њуз.бг“.
Според информациите од претседателската институција, Румен Радев официјално ќе ја напушти претседателската зграда денес во 16:00 часот. На свечениот влез ќе го испрати Илијана Јотова, која, по одлуката на Уставниот суд, ќе ги преземе функциите претседател на Република Бугарија.
Свет
Зеленски пред средбата со Русите: Прашањето за Донбас е клучно
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека клучното прашање за територијата во војната со Русија ќе биде дискутирано на трилатералните разговори во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.
Одговарајќи на новинарско прашање на комуникациската платформа WhatsApp, тој додаде дека во моментов го чека американскиот претседател Доналд Трамп, како и конкретен датум и место за потпишување на финализираниот договор за безбедносни гаранции на САД за Украина.
„Прашањето за Донбас е клучно“, рече украинскиот претседател, осврнувајќи се на украинскиот регион што ги вклучува областите Донецк и Луганск.
Русија објави дека ќе одржи безбедносни разговори со САД и Украина во Абу Даби, предупредувајќи по средбата на претседателот Владимир Путин доцна во ноќта со американските претставници дека траен мир нема да биде можен доколку не се решат територијалните прашања.
Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, им изјави на новинарите дека состанокот, кој започна синоќа, непосредно пред полноќ и траеше речиси четири часа, бил корисен и исклучително искрен.
Тој рече дека рускиот адмирал Игор Костјуков ќе ја предводи руската делегација на состанокот во Абу Даби и дека претставникот за економска соработка Кирил Дмитриев ќе одржи посебен состанок за економски прашања со Стив Виткоф, претставникот на претседателот Доналд Трамп. Сепак, на состанокот доцна синоќа беше постигнат мал напредок.
„Најважно е што за време на овој состанок меѓу нашиот претседател и Американците, повторно беше утврдено дека без решавање на територијалното прашање според формулата договорена во Анкориџ, нема надеж за постигнување долгорочен договор“, рече Ушаков, осврнувајќи се на минатогодишниот самит меѓу Трамп и Путин во Алјаска.
Путин нагласи дека Русија е „искрено заинтересирана“ за дипломатско решение, рече Ушаков.
Од руска страна, Путин, Ушаков и Дмитриев учествуваа на состанокот. Од американската страна беа Виткоф, Џаред Кушнер и Џош Груенбаум, кој неодамна беше назначен од претседателот Доналд Трамп за виш советник во Одборот за мир.
фото/Depositphotos

