Свет
Борците на Ал-Шабаб започнаа со повлекување од Могадишу
Претседателот на Сомалија, Шариф Шеик Ахмед изјави во саботата дека владините сили ги поразија бунтовници од движењето Ал Шабаб, принудувајќи ги да започнат со повлекување од главниот град Могадишу, јавува Reuters.
Претседателот на Сомалија, Шариф Шеик Ахмед изјави во саботата дека владините сили ги поразија бунтовници од движењето Ал Шабаб, принудувајќи ги да започнат со повлекување од главниот град Могадишу, јавува Reuters.„Владата на Сомалија го поздравува успехот на владините трупи, со поддршка на мировните сили на Африканската унија (AMISOM), кои го поразија непријателот – Ал-Шабаб“, изјави денеска на прес-конференција сомалискиот претседател Шариф Шеик Ахмед.Вооружените судири започнаа во сомалискиот главен град Могадишу кон крајот на јуни, еден ден откако во градот преку воздушниот мост беше донесена првата хуманитарна помош на Светската програма за храна при Обединетите нации (WFP), во акцијата за помагање и спасување на населението на кое му се закануваше глад.Храната е донесена во Могадишу со авион, бидејќи во моментов поморските патишта не се безбедни.Последните борби започнаа во раните утрински часови, кога владините трупи и мировниците од Африканската унија почнаа систематски напад врз главното упориште на Ал-Шабаб, кое се наоѓа седум километри северно од меѓународниот аеродром во Могадишу.Претходно, ОН издаде соопштение со кое ја предупреди светската заедница за хуманитарната катастрофа и заканата од глад за повеќе од седум милиони Сомалијци во јужниот дел на земјата, доколку тие итно не добијат помош во храна.Исламистичкото движење Ал Шабаб, го смета соопштението на ОН и предупредувањето за смрт од глад којашто им се заканува на милиони Сомалијци за политички ангажирано и дека не одговара на вистинската ситуација.Сомалија престана да постои како унитарна држава во 1991 година со падот на диктаторскиот режим на Сиад Баре. Како единствен легитимен орган во земјата меѓународната заедница ја признава федералната влада, која го контролира Могадишу и неколку околни области. Останатите делови на Сомалија се под контрола на непризнаени самопрогласени територии. Делови од јужна и северно-источна Сомалија се управувани од страна на локалните кланови и радикални исламски движења, вклучувајќи ги и оние поврзани со Ал Каеда. Територија на север и северо-западниот од Сомалија е под контрола на непризнаената Република Сомалија.Официјалните сомалиски власти немаат контрола врз ситуацијата во земјата. Пет илјади припадници на мировните сили Африканската унија, исто така, не можат да ја земат контролата врз безбедносната ситуација и под контрола имаа само неколку клучни стратешки локации во Могадишу.Во јуни во Могадишу беше убиен министерот за внатрешни работи на Сомалија. Одговорноста за атентатот ја презема радикалната исламистичка група Ал-Шабаб, која често презема големи напади против владините сили.Во насилството во Сомалија од 2007 година, според статистиката на Обединетите нации, загинале повеќе од 20 илјади луѓе, а околу 1,5 милион се бегалци./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте по разговорите со Трамп: Безбедноста на Арктикот во фокусот
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четвртокот дека за време на неговата средба со Доналд Трамп во Давос воопшто не било спомнато американско сопствеништво над Гренланд и дека новата позиција на американскиот претседател не ја смета за пресврт, пренесе Си-Ен-Ен. „Не разговаравме за тоа“, рече Руте во интервју за Скај њуз во четвртокот. „Синоќа не беше спомнато.“
„Она што можам да го кажам е дека разговаравме за неговата идеја, неговата визија“, рече Руте, појаснувајќи дека тој и Трамп се фокусирале на тоа како НАТО може „да го спаси Арктикот од Русите и Кинезите“.
По средбата со Руте во средата, Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека се откажува од претходната закана за воведување царини за европските земји поради наводното попречување на американското преземање на Гренланд.
На прашањето на Скај њуз дали вознемиреноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала пречка за сојузниците во НАТО, Руте не се согласи и дури му припиша заслуги на Трамп за „спасувањето на НАТО“.
„Мислам дека е во право што ја покрена оваа расправа“, рече Руте. „Како можеме да го заштитиме Арктикот? Како можеме да обезбедиме Арктикот да биде безбеден? И би рекол дека, откако го спаси НАТО, тој сега е тој што ги предводи напорите за да се осигураме дека колективно ќе го спасиме арктичкиот регион.“
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.

