Свет
Шест бомбаши-самоубијци нападнаа владина канцеларија во Авганистан
Најмалку шест бомбаши-самоубијци нападнале владина канцеларија во неделата во процинцијата Парван во централен Авганистан, при што има 19 загинати и 37 ранети, јавуваат странските агенции.
Најмалку шест бомбаши-самоубијци нападнале владина канцеларија во неделата во процинцијата Парван во централен Авганистан, при што има 19 загинати и 37 ранети, јавуваат странските агенции.Како што пренесува Reuteres, повикувајќи се на очевидци, се слушнале најмалку две моќни експлозии, а потоа во близина на зградата одекнуваат истрели од огнено оружје со помал калибар. Според првичните информации, напаѓачите успеале да се пробијат во комплексот на владини објекти. „Непријателите се внатре. Се води престрелка. Шест бомбаши-самоубијци нападнаа, кога во институцијата се одржуваше состанок“, изјави за Reuters гувернерот на провинцијата Парван, Абдул Басир Салангани. Според агенцијата AFP, која се повикува локалните власти, најмалку пет експлозии одекнале откако милитантите упаднале во куќата на гувернерот на провинцијата Парван во главниот административен центар Чарикар, на околу 50 километри северно од авганистанскиот главен град КабулПортпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, Сидик Сидиќи изјави за агенцијата дека во нападот загинале 14 цивили и пет полицајци, а други 37, главно цивили, се здобиле со релативно лесни повреди.Министерството соопшти дека продолжува престрелката меѓу напаѓачите и на авганистанските безбедносни силиЗасега никој не ја презема одговорноста за овој напад. Но, познато е дека во минатото ваквите дрски напади ги преземаа припадниците на радикалното исламистичко движење „Талебан“ кои честопати вршат слични напади врз владини згради во Авганистан./крај/афп/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.
Свет
Макрон: Отворени сме за учество во дополнителни мисии на НАТО
Пред медиумите се обрати францускиот претседател Емануел Макрон, кој и натаму носеше очила за сонце за да прикрие инфекција на окото.
Тој изјави дека денешниот самит покажува единство во поддршката за Данска, нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.
„Кога Европа е обединета, силна и реагира брзо, работите се враќаат во нормала и се смируваат“, наведе Макрон.
Додаде дека Европа мора да остане „на штрек“ и да продолжи да дејствува „обединето“, покажувајќи дека има „инструменти на располагање“ за, во случај на закани, да „наметне почит“.
Макрон исто така нагласи дека Франција е отворена за учество во дополнителни мисии на НАТО, најверојатно во арктичкиот регион.
Фото: ЕПА

