Свет
Париз, Берлин и Лондон повикуваат Асад да си замине од власта
Францускиот претседател Николас Саркози, германската премиерка Ангела Меркел и премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон во го повикаа сирискиот претседател Башар ал-Асад да си „замине од власта“ изјаснувајќи се за „нови поостри санкции“ против неговиот режим, се вели во заедничкото соопштение
Францускиот претседател Николас Саркози, германската премиерка Ангела Меркел и премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон во го повикаа сирискиот претседател Башар ал-Асад да си „замине од власта“ изјаснувајќи се за „нови поостри санкции“ против неговиот режим, се наведува во нивното заедничко соопштение објавено во четвртокот што го пренесува AFP.Изјавата на Саркози, Меркел и Камерон е објавена само неколку минути откако таква порака до Асад испратија и американскиот претседател Барак Обама и челниците на Европската унија. Претседателот на САД, изјави дека дошол моментот сирискиот претседател Башер ал-Асад „да се повлече“. А според шефицата на дипломатијата на ЕУ, Кетрин Ештон, Асад мода да си замиен од власта. Лидерите на Франција, Германија и Велика Британија сметаа дека „претседателот Асад кој применува брутални воени мерки против сопствениот народ е одговорен за целата ситуација, го загубил легитимитетот и повеќе не може да ја води земјата“. „Го повикуваме да ги прифати последиците од фактот дека сирискиот народ во целост го отфрла неговиот режим и да ја напушти власта, поради повисокиот интерес – самата Сирија и единството на нејзиниот народ“, се наведува меѓу другото во писмената изјава на лидерите на трите најмоќни земји од ЕУ.Исто така, се повикува севкупниот сириски режим „веднаш да прекине се секакво насилство, да ги ослободи затворениците и да им овозможи на претставниците на Обединетите нации без пречки да ја реализираат мисијата за проценка на состојбата. Сириските власти се оглушуваат на апелите зачестени последните денови кои доаѓаат од Советот за безбедност на ОН, многуте држави во регионот, Советот за соработка на земјите во регионот на Персискиот залив, како и на генералниот секретар на Лигата на арапските држави и генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка, исто така стои во соопштението на тројцата европски лидери. „Либискиот режим продолжува со свирепото и насилно репресивно однесување кон сопствениот народ, упорно одбивајќи да одговори на легитимните желби на сопствениот народ. И продолжува да го мами, исто како што ја мами меѓународната заедница, давајќи празни ветувања. Ги поддржуваме новите поостри европски санкции против резимот на претседателот Асад, бидејќи насилството во Сирија мора веднаш да престане“, се вели во изјавата на Саркози, Меркел и Камерон. Протестите во Сирија започна во средината на март во јужниот град Дера’а, а потоа се проширија и во другите региони на земјата. Сириските активисти за човекови права соопштуваат дека бројот на досега загинатите во анти-владините демонстранти убиени во судирите со безбедносните сили и полицијата од средината на март, веќе достигна две илјади, а околу три илјади се водат како исчезнати, покрај илјадниците затворени. Според официјалните власти во Сирија, безредијата ги провоцираат „вооружените терористички елементи од надвор“, кои ги обвинуваат за насилството во земјата во коешто според официјален Дамаск, загинале речиси 500 војници и припадници на безбедносните сили./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Мировниот план е речиси готов
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека мировниот план за завршување на војната со Русија е речиси готов.
Во својот говор на Светскиот економски форум во Давос, тој рече дека документите насочени кон завршување на војната се речиси готови, дека тоа е навистина важно.
„Украина работи со целосна искреност и решителност и носи резултати. Русија мора да биде подготвена да ја заврши оваа војна, да ја запре оваа агресија“, рече Зеленски, додавајќи дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за заштита на небото.
Кога беше прашан за „Комитетот за мир“ на Трамп, кој беше ратификуван порано денес во Давос, тој рече дека секој има свои причини за приклучување или неприклучување кон Комитетот.
„Европа сè уште не формирала единствен став за американската идеја. Можеби вечерва, кога ќе се состане Европскиот совет, ќе одлучат нешто. Но, за документите веќе беше одлучено утрово, а вечерва конечно би можеле да одлучат нешто и за Гренланд.
Тој исто така рече дека не треба да се прифати дека Европа е само „салата од мали и средни сили зачинети со непријателите на Европа“.
„Кога сме обединети, навистина сме непобедливи и Европа може и мора да биде глобална сила, не таква што реагира доцна, туку таква што ја дефинира иднината“, рече тој.
Регион
Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин
Вистинска драма се одвивала денес во градинка во општина Блаце, бидејќи осумнаесетмесечно бебе имало проблеми, односно аспирација. Брзата помош веднаш реагирала, пренесуваат медиумите во соседството.
Под ознаката итно, во придружба на педијатар, бебето е префрлено во Општата болница Прокупље, а потоа оттаму во Клиничкиот центар во Ниш.
Според првичните информации, најверојатно бабата на детето по грешка сипала медицински бензин во шишето со вода.
Според информациите од одредени медиуми, се сомнева дека симптомите на труење биле откриени за време на престојот на детето во групата од градинка.
Според првичните информации, најверојатно бабата на детето по грешка сипала медицински бензин во шишето со вода.
Имено, медиумите тврдат дека тоа започнало поради шише со вода, но овие тврдења не се потврдени.
Свет
Фон дер Лајен повторно го преживеа гласањето недоверба во ЕП
Предлогот за гласање недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не ја доби потребната поддршка на пленарната седница на Европскиот парламент, која се одржува во Стразбур оваа недела. Гласањето беше емитувано во живо на официјалната веб-страница на парламентот.
Според официјалните резултати, 165 европратеници гласаа за иницијативата, 390 гласаа против, додека 10 европратеници беа воздржани. Така, убедливото мнозинство против предлогот уште еднаш ја потврди стабилната поддршка на актуелната претседателка на Европската комисија во рамките на најголемите политички групи во Европскиот парламент, пренесуваат медиумите.
Ова беше трето гласање недоверба на Урсула фон дер Лајен, а иницијативата ја покрена парламентарната група Патриот. Како главна причина, тие го наведоа противењето на одлуката на Европската унија да потпише договор за слободна трговија со „Меркосур“, кој, според нив, носи ризици за европското земјоделство и економските интереси на поединечните земји-членки.
И претходните два обида за гласање недоверба на Европската комисија, започнати минатата година, завршија со неуспех. Тие предлози не успеаја да обезбедат ниту четвртина од гласовите во Европскиот парламент, иако трите најголеми парламентарни фракции континуирано ја поддржуваа Фон дер Лајен.
Иако иницијативата повторно беше отфрлена, дискусијата што следеше по неа покажа дека поделбите во Европскиот парламент, особено во однос на трговската политика и односите со надворешните партнери, сè уште се изразени и ќе останат една од клучните теми во наредниот период.

