Свет
Поранешниот канцелар ја нападна политиката на Меркел
Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, движечката сила на европската интеграција во 90-те години на минатиот век, денес јавно ја нападна надворешната политика на Ангела Меркел, констатирајќи дека и недостасува насока и дека би можела да го поткопа германското влијание.
Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, движечката сила на европската интеграција во 90-те години на минатиот век, денес јавно ја нападна надворешната политика на Ангела Меркел, констатирајќи дека и недостасува насока и дека би можела да го поткопа германското влијание. Критиките на Кол, на сметка на неговата штитеничка, се последни во низата, како знак на незадоволството меѓу конзервативците од политиката на Меркел. Тие се особено незадоволни од начинот на кој таа ја решаваше должничката криза во евро зоната. „Големите промени во светот не можат да бидат изговор за немање став или идеа за тоа каде припаѓате и камо одите“, изјави Кол за Интернационал Политик. Тој констатира дека Германија го губи влијанието кај САД, објаснувајќи дека не можел ниту да сонува дека американскиот претседател ќе ја посети Европа, а нема да застане во Германија. „Мораме да внимаваме да не прокоцкаме се“, порача Кол. Меркел одговори на критиките, најпрвин потсетувајќи на големата улога кој Кол ја имаше во обединувањето на Германија и интеграцијата на Европа, но потоа додаде дека „секое време има свои посебни барања“. „Христијанско-либералната влада посветено работи на совладувањето на предизвикот кое го носи ова време, заедно со нашите партнери во Европа и светот“, рече Меркел за Зидојче Цајтунг. крај/х/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Политико: Бугарија ја разгледува можноста да бара ослободување од санкциите на САД против „Лукоил“
Бугарија ја истражува можноста да побара ослободување од новите санкции на Соединетите Американски Држави против двете најголеми руски нафтени компании, Роснефт и Лукоил, објави Политико, пренесе бнр.бг.
Рафинеријата за нафта во Бургас, во сопственост на Лукоил, снабдува 80 отсто од горивото во земјата.
Според изданието, бугарската влада испратила барање до Вашингтон со цел да ја разбере можната реакција на американската администрација во случај на барање за ослободување од санкциите откако ќе стапат во сила на 21 ноември. Изданието се повикува на извори кои побарале анонимност.
Бугарските власти се загрижени за опасноста санкциите да доведат до затворање на рафинеријата во Бургас, што пак би можело да предизвика недостиг на гориво и последователни протести во земјата, коментира изданието.
Министерството за енергетика одби да даде коментар за Политико. Претседателската институција, исто така, не одговори.
Свет
Слаб одѕив на светските лидери за климатскиот самит во Бразил, САД без претставник
На климатскиот самит што следната недела ќе се одржи во бразилскиот град Белем, досега учество потврдиле 57 шефови на држави и влади, што е значително помал број во споредба со минатогодишниот COP29 во Азербејџан, на кој присуствуваа 75 лидери, јави Хина.
САД нема да испратат претставници поради повлекувањето од Парискиот договор, додека Кина ќе ја претставува потпретседателот Динг Сјуејсианг. Присуство потврдиле францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер, како и лидерите на Колумбија и Либерија.
Самитот, кој ќе се одржи на 6 и 7 ноември, е подготвителен настан пред конференцијата COP30 (10–21 ноември). Бразилскиот претседател Лула да Силва инсистираше конференцијата да се одржи во Амазонија, симболично нагласувајќи ја нејзината улога во борбата против климатските промени.
Организаторите наведуваат дека ограничениот хотелски капацитет и високите трошоци во Белем создаваат логистички предизвик за очекуваните 50.000 учесници.
Регион
Грција затвора 204 пошти
Грција затвора 204 филијали на државната пошта ЕЛТА, што претставува околу 45 проценти од вкупната мрежа. Компанијата го оправдува потегот со низок обем на работа и финансиски загуби, додека локалните жители и опозицијата жестоко реагираат.
Пензионерите од руралните средини, кои преку пошта ги примаат пензиите и лековите, предупредуваат дека ќе останат без основни услуги.
Во повеќе градови се одржуваат протести пред поштенските канцеларии, а клиентите ќе бидат пренасочени кон приватни курирски компании.
Поради растечкото незадоволство, во вторник е закажана вонредна седница на парламентот, на иницијатива на опозицијата.

