Свет
Ураганот „Ирена“ ослабе и стана тропска бура

Ураганот „Ирена“ ја намали силата и денеска е прогласен за тропска бура, во моментот кога неговиот епицентар се доближи до Њујорк со ветрови со јачина од 100 километри на час.
Ураганот „Ирена“ ја намали силата и денеска е прогласен за тропска бура, во моментот кога неговиот епицентар се доближи до Њујорк со ветрови со јачина од 100 километри на час.Ураганот кој во петокот кон сабота од категорија два помина во категорија еден, оквалификуван е како тропска бура денеска попладне.„Ураганот ’Ирена’ ослабе и стана тропска бура, а нејзиниот интензитет во овој момент е околу 104 километри на час“, се наведува на сајтот на Националниот центар за следење на ураганите.Од последиците на невремето досега загинаа девет луѓе, а центарот на бурата се движи надвор од Њујорк. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење на реформите во Србија, која е потресена од месеци антивладини протести предизвикани од железничката несреќа во Нови Сад пред една година.
Тој се осврна на честите пофалби од Европската комисија, како онаа минатата година кога претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, му се обрати на српскиот претседател Александар Вучиќ со „драг Александар, покажа дека делата ги следат твоите зборови“.
За време на посетата на Белград во среда, наративот малку се смени, при што фон дер Лајен му се обрати на Вучиќ со „Господине претседателе“.
„Апелираме до Комисијата наместо тоа јасно да ја артикулира потребата од вистински и сеопфатни реформи, вклучително и враќање на демократските институции, зајакнување на владеењето на правото и борба против корупцијата и организираниот криминал“, рече Пицула.
Потпретседателката на пратеничката група на С&Д, белгиската европратеничка Кетлин Ван Бремпт, која е задолжена за проширување на ЕУ во нејзината група, истакна дека секоја неоправдана пофалба од страна на Комисијата за властите во Србија води до тоа студентите и граѓаните што протестираат на улиците да се чувствуваат предадени.
Европскиот парламент следната недела во Стразбур ќе дебатира за резолуција за растечката репресија во Србија, една година откако се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица. Трагедијата предизвика месеци протести што Вучиќ ги нарекува „обоена револуција“.
Во изјава за новинарите во Брисел, Пицула рече дека од февруари до септември оваа година имало повеќе од 10.700 протести низ цела Србија, кои биле обележани со репресија врз демонстрантите, произволни апсења и политички мотивирани притворања.
фото: принтскрин
Свет
Дописник на Би-би-си: Заборавете на Томахавките, состанокот Трамп-Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев.
Само неколку часа пред планираната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, американскиот претседател му се јави на Владимир Путин, што предизвика загриженост и сомнеж во Киев за американските намери.
Трамп му рече на Путин дека наскоро ќе следи состанок на високи американски и руски претставници, по што ќе следи нова средба во Будимпешта.
Двајцата претседатели последен пат се сретнаа во Алјаска во август. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека Трамп „верува дека е сè уште можно“ да ги донесе Путин и Зеленски на иста маса, но нема планови украинскиот претседател да се придружи на самитот.
Вашингтон, исто така, разгледува дали Украина може да добие крстосувачки ракети Томахавки, но набљудувачите веруваат дека таквата одлука би била тешко да се донесе во време кога САД се обидуваат да отворат нов канал кон Москва.
„Трамп се врати на идејата за прекин на огнот од самитот во Алјаска, сега со надеж дека крајот на војната во Газа би можел да поттикне и мир во Украина“, пишува дописникот на „Скај њуз“ од САД, Дејвид Блевинс.
Би-би-си: Ова е политички ладен туш
Сепак, во Киев тоа е ладен туш. Дописникот на Би-би-си, Џон Садворт, вели дека повикот на Трамп до Путин, за кој Кремљ тврди дека е инициран од Русија, „нема да биде сфатен како добар знак“ во Украина.
Пред неговото патување во Вашингтон, помошниците на Володимир Зеленски рекоа дека забележале промена во тонот во Белата куќа – тие верувале дека Трамп почнува да „го гледа светот низ нивните очи“. Тие се надевале дека оваа недела ќе биде моментот кога тој ќе добие одобрение за испорака на американските ракети Томахавк и можност за удар подлабоко на руска територија.
Наместо тоа, пишува дописникот на Би-би-си во Киев, Путин е награден со уште еден состанок со американскиот претседател. „Заборавете ги Томахавките – ова изгледа како политички ладен туш“, заклучува Садворт.
Свет
Путин до Западот: Купија билет и не патуваа, само за да се налутат на кондуктерот: рускиот енергетски систем работи беспрекорно

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека одбивањето на европските земји да се потпираат на руските енергетски ресурси сериозно ја поткопа конкурентноста на нивните економии и доведе до пад на индустриското производство и пораст на цените низ целиот континент.
Зборувајќи на пленарната сесија на Руската недела на енергија во Москва, Путин истакна дека постапките на западните политички елити „ја уништија глобалната енергетска инфраструктура“, нагласувајќи дека политичкиот притисок довел до ирационални одлуки во ЕУ, според западните медиуми.
„Многу европски земји, под политички притисок, одбија да купуваат руски енергетски производи. Веќе неколку пати предупредив за последиците – не за Русија, туку за самите тие земји. Гледаме пад на индустриската активност и пораст на цените поради поскапата нафта и гас од странство“, рече Путин.
Тој додаде дека, по забраната за соработка со Русија, западните компании почнаа да ја губат својата технолошка предност и да го намалуваат производството, додека руските експерти станаа „технолошки лидери“ на пазарот.
„Што направија? Купија билет и не патуваа – само за да се налутат на кондуктерот. Каква глупост.
Нашиот енергетски систем е еден од најголемите во светот. Овој огромен комплекс работи сигурно и ефикасно“, заклучи претседателот на Русија.