Свет
Турција го избрка амбасадорот на Израел по извештајот на ОН

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу во петокот изјави дека израелската дипломатска присутност во Турција ќе биде намалена на ниво на втор секретар на амбасадата, што значи дека израелскиот амбасадор ќе биде повлечен од Анкара.
Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу во петокот изјави дека израелската дипломатска присутност во Турција ќе биде намалена на ниво на втор секретар на амбасадата, што значи дека израелскиот амбасадор ќе биде повлечен од Анкара.
Со ова турската влада реагираше на извештајот на ОН за упадот на израелските командоси на хуманитарниот брод за Газа во 2010 година, при што загинаа осуммина турски државјани.
Во долго очекуваниот извештај за тој инцидент, кое е објавено во четврток, се наведува дека израелската блокада на Појасот Газа е законска, но дека Израел употребил прекумерна сила.
Давутоглу истакна дека некои делови на извештајот, кои весникот The New York Times ги објави на своите интернет страници, се неприфатливи.
Во најновото заострување на односите со Израел, турската влада одлучи денеска да ги суспендира и сите воени договори со Тел Авив, како и дополнително да ја намали својата дипломатска присутност во Израел. Турција го повлече својот амбасадор од Израел веднаш по нападот на хуманитарната флотила минатата година. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трагедија во БиХ: едногодишно дете се удави во базен пред куќа

Едногодишно дете се удави вчера во базен во дворот на семејна куќа во Козарац во близина на Приједор.
Според Аваз, несреќата се случила вчера попладне околу 17:30 часот.
На местото на настанот биле и членови на Полициската управа во Приједор, кои утврдиле дека нема елементи на кривично дело.
Фото: принтскрин
Европа
(Видео) Автобус со рудари излета во 25-метарска провалија во Русија: 13 мртви, 20 повредени

13 лица загинаа, а 20 се повредени откако автобус што превезувал рудари паднал во провалија во далечната источна руска република Јакутија, соопштија локалните власти.
Несреќата се случила околу 3:20 часот наутро во недела кон понеделникот, кога возачот ја изгубил контролата врз автобусот, кој паднал во клисура длабока 25 метри.
Фотографиите објавени од локалното Министерство за внатрешни работи покажуваат дека автобусот е превртен покрај каллива локва со вода. Друга фотографија ја покажува оштетената метална ограда покрај патот над местото на несреќата.
Несреќата се случила на индустрискиот пат што води до рударскиот и преработувачкиот погон Денисовка, специјализиран за екстракција и производство на јаглен.
Рускиот истражен комитет, кој истражува сериозни кривични дела, соопшти дека отворил кривична истрага за можна небрежност. Властите го прогласија вторник за ден на жалост во регионот.
Фото: принтскрин
Свет
Америка ја повика ЕУ да се приклучи на 100-процентните царини на руската нафта

САД се надеваат дека нивните европски сојузници ќе им се придружат во воведувањето на таканаречените секундарни царини на Русија, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент во интервју за „Си-ен-би-си“.
„Руска нафта ќе биде подложна на секундарни царини до 100 отсто“, рече Бесент. „Ги повикувам нашите европски сојузници, кои досега само вербално се залагаа за остри мерки, да нè следат ако ги воведеме овие царини.“
Изјавите на Бесент уследија по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку дена за воведување тешки царини кон Русија доколку не се постигне договор за завршување на војната во Украина во рок од 50 дена.
„Ние ги нарекуваме секундарни царини“, рече Трамп на заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Белата куќа. „Царини од околу 100 проценти.“
Секундарните царини претставуваат казнени мерки што се применуваат на држави или компании кои продолжуваат да тргуваат со санкционирана земја – им се наплатува дополнителен износ за пристап до американскиот пазар или финансискиот систем.
На пример, ако некоја трета земја како Кина продолжи да купува руска нафта, нејзиниот извоз во САД би можел да биде оптоварен со дополнителна царина од 100 проценти, што значително би ги зголемило цените за американските потрошувачи и дополнително би ги притискало кинеските извозници.
Трамп, кој во кампањата вети дека ќе постигне мировен договор во рок од 24 часа од преземањето на функцијата, е сѐ повеќе фрустриран од она што го опишува како руски одолговлекувања во мировните преговори.
Американската стратегија има за цел да ги намали приходите на Русија од извозот на нафта, кои изнесуваат околу една третина од државниот буџет и се клучен извор на финансирање на војната против Украина.
На трамповата закана од 15 јули реагираше портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, истакнувајќи дека таа е „сериозна“, но дека на Москва и треба време да ја анализира пораката од Вашингтон.