Свет
Силите лојални на Гадафи согласни да го предадат Бани-Валид
Последните информации кои доаѓаат од Либија укажуваат на тоа дека племенските старешини во градот Бани-Валид ги убедиле силите лојални на поранешниот режим сили да се стави крај на борбите и дека има знаци на повлекување од страна на лојалистите на соборениот водач Моамер ел- Гадафи.
Последните информации кои доаѓаат од Либија укажуваат на тоа дека племенските старешини во градот Бани-Валид ги убедиле силите лојални на поранешниот режим сили да се стави крај на борбите и дека има знаци на повлекување од страна на лојалистите на соборениот водач Моамер ел- Гадафи.
Сепак, други информации сугерираат дека припадниците на силите на соборениот режим ќе дадат отпор, како што е изјавата на портпаролот на владата на Гадафи, Муса Ибрахим кој тврди дека Гадафи кој е во бегство и неговите приврзаници ќе ги продолжат борбите.Гадафи е „во одлична здравствена состојба, ангажиран е во планирањето и организирањето на одбраната на Либија“, ја цитира Аssociated Press, изјавата на портпаролот Ибрахим пренесена денеска од сириската телевизија Al Rai. Според него, Гадафи сé уште се наоѓа во Либија.„Ние се бориме и пружаме отпор за доброто на Либија и на сите Арапи. Ние сé уште сме силни и способни да возвратиме на НАТО“, истакна Ибрахим. Овие изјави доаѓаат во моментот кога илјадници либиски востаници го држат под опсада градот Бани-Валид, чекајќи наредби од нивните команданти да започнат нови напади на последното упориште на силите верни на полковникот Гадафи.И Reuters повикувајќи се на информации од пан-арапската сателитска телевизија Аl Jazeera, пренесува дека е постигнат договор со локалните племенски старешини за мирно влегување на востаничките сили во Бани-Валид. Според оваа информација, предавањето на градот ќе се случи денеска околу пладне.Бани-Валид, на 150 километри јужно од престолнината Триполи, се наоѓа во рацете на силите лојални на Гадафи, како и неговиот роден град Сирт и Хана. Силите на соборениот режим досега ги одбиваа понудите на Преодниот национален совет за мирно предавање на градот, што предизвика стравување дека ќе дојде до жесток судир со добро утврдените и вооружени војници на Гадафи. За таа цел востаниците подготвија полска болница во која десетина лекари се подготвуваат да ги прифатат евентуалните ранети во битката за градот. Востаничките сили го држат градот под опсада, но претставниците на Советот се држат до ставот дека градот треба да биде заземен без борби и цивилни жртви. Според Al Jazeera, досега преговорите со племенските старешини на племето Варфала коешто е најголемо во Либија, пропаѓале, но откако дел од војниците лојални на Гадафи, заминале од Бани-Валид, постојат шанси за негово мирно предавање. Претходно во вторникот, претставникот на Преодниот национален совет (NTC), Абдалах Каншил, кој ги водеше преговорите со лојалистите, предвидe мирно предавање на градот, иако вели дека тој е засолниште на многу приврзаниците на режимот на Гадафи.„Предавање на градот е неминовно. Се работи за избегнување цивилни жртви. Некои снајперисти го предадоа своето оружје … Нашите сили се подготвени“, изјави Каншил. Доколку падне Бани-Валид, во рацете на силите лојални на режимот на Гадафи, ќе останат само неговиот роден град Сирт, Хана и градот Сабху кој се наоѓа длабоко во пустината. Во вторникот светските агенции јавија и дека во градот Агадез, во северен Нигер во придружба на нигериската армија, во понеделникот доцна навечер пристигнал конвој од 200 до 250 оклопни и други воени возила на либиската армија. Во конвојот бил поранешниот шеф за безбедност на режимот на Гадафи, Мансур Дао, и уште неколкумина високи претставници на соборената власт, а се претпоставува дека во Нигер пристигнал преку Алжир. Француски воени извори рекле дека на конвојот можеби му се приклучиле Моамер Гадафи и неговиот син Саиф ал-Ислам на патот кон Буркина Фасо. Станува збор за изолирана западноафираканска држава која граничи со Нигер, којашто на Гадафи и неговото семејство им понуди азил.Нигериските воени извори рекле дека многу либиски борци вклучувајќи меѓу нив и оние од племето на коешто му припаѓа полковникот Моамер ел-Гадафи, Туарег, исто така во понеделникот ја минале границата со Нигер./крај/ро/ап/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Туск: Полска е лојален сојузник на САД, но никогаш нема да биде вазал
Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека Полска е сигурен и лојален сојузник на САД, но дека никогаш нема да биде вазал, ниту на САД ниту на други земји.
„Советот за мир е многу иновативен, многу оригинален потфат, но не сите негови аспекти ѝ одговараат на Полска. И треба да можете да разговарате со вашиот најголем сојузник за тоа. Тие односи не можат да се темелат на тоа некој постојано да кимнува со главата и да се обидува да добие нешто со методот на ласкање. Бидејќи тоа не функционира“, рече Туск утрово пред да замине на неформалниот самит на Европската Унија.
Пристапувањето на Полска во Советот за мир на Трамп беше една од главните теми на Советот за национална безбедност на Полска вчера, каде што претседателот Карол Навроцки, кој е идеолошки близок до движењето MAGA, ја критикуваше владата за одбивање на поканата испратена од најважниот сојузник на Полска.
„Полска е верен, лојален, доверлив, предвидлив сојузник на САД и никој не треба да ме убедува во тоа. Тоа е надвор од дискусија. Секој што ги загрозува тие односи ги поткопува темелите на полската безбедност. Но, Полска во тој сојуз, барем додека сум премиер, нема да биде вазал. Лојален, доверлив, верен сојузник, но не и вазал“, рече денес Туск.
Премиерот додаде дека забележал оти понизноста кон САД не им користи на подлизурковците, а одбивањето на владата да ѝ дозволи на Полска да се приклучи на Мировниот совет, што е контроверзно за многу други земји, го нарече „претпазлив пристап“.
„Можеби околностите ќе се променат. Многу земји што се важни за нас имаат слични или други сомнежи, ние сме во добро друштво. Отворени сме за предлози, но тие мора да бидат безбедни за нашата земја и искрени“, рече Туск.
За време на шестчасовната седница, Националниот совет за безбедност ја разгледа новата европска програма за набавка на оружје и модернизација на воената индустрија – SAFE, каде што на Полска ѝ беа доделени дури 44 милијарди евра меки заеми.
Опозицијата и претседателот се вознемирени од фактот што програмата SAFE не предвидува купување американско оружје, додека премиерот Туск предупреди дека за време на владеењето на сега опозициската конзервативна партија „Право и правда“, која сега лобира за американско оружје, само една четвртина од расходите оделе во домашната полска воена индустрија, додека во владините проекти на Туск финансирани од програмата SAFE, 80 проценти од средствата ќе одат во полската воена индустрија и набавка на оружје.
Регион
„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш
„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос.
Црна Гора би можела да ги заврши техничките преговори до крајот на годината, објави европската комесарка за проширување Марта Кос.
Таа го кажа ова во интервју за телевизијата Н1.
На прашањето што конкретно може да направи Европската Унија (ЕУ) за да му помогне на регионот, како и на изјавата на новинарката на Н1 дека парите и предупредувањата не се доволни, дека може да се види дека ЕУ ја губи информациската војна во регионот, особено во Србија, а делумно и во Босна, и дека дипломатскиот јазик не помага, Кос рече дека не прифаќа „критики дека не сме успешни во проширувањето“.
„Две од четирите водечки земји се од Западен Балкан. Црна Гора би можела да ги заврши техничките преговори до крајот на годината, а Албанија е следна. Ова е успех. Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина, а тоа ќе донесе нова реалност во Европа. Ако го забрзаме процесот, ќе ги разгледаме сите кандидати, но мора да има јасна посветеност. Не е доволно само да се хармонизира законодавството, треба да ја почувствувам и видам политичката волја. Процесот на пристапување не е само технички, туку зависи и од земјите-членки“, рече Кос.
На прашањето што мисли за идејата сите земји-кандидатки да влезат во ЕУ одеднаш, Кос рече: „Да можев, би сакала сите земји, особено од Западен Балкан, да влезат заедно“.
„Но, јас не сум магионичар. Ако има промени, внимателно ќе ја разгледаме секоја земја. Проширувањето мора да ја направи ЕУ посилна, а не послаба. Ова е цел што мора да ја постигнеме заедно“, рече Кос.
Свет
Фон дер Лајен го објави планот „Една Европа, еден пазар“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес објави дека на следниот формален самит на Европската унија (ЕУ) во март, ќе го претстави акциониот план „Една Европа, еден пазар“, со детални рокови и цели за зајакнување и обединување на европската економија, додека во исто време оцени дека Европскиот систем за трговија со емисии (ETS) има јасни предности и механизми за контрола на цената на јаглеродот.
Според Јуроњуз, Фон дер Лајен на прес-конференцијата по самитот на лидерите на ЕУ изјави дека акциониот план содржи пет клучни области – административно поедноставување, единствен пазар, енергија, дигитализација и трговија.
Во март, комисијата ќе претстави детален план за понатамошен развој на единствениот пазар од 450 милиони потрошувачи, вклучително и унија на пазарот на капитал што би овозможила попродуктивно користење на околу 10 трилиони евра заштеди што моментално се наоѓаат на банкарски сметки, објави Ројтерс.
Зборувајќи за ETS, претседателката на ЕК нагласи дека системот има елементи што овозможуваат модулација на цената на јаглеродот во случај на негов прекумерен раст или неповолни економски околности, преку таканаречената „резерва за стабилност на пазарот“.
Додаде дека ЕУ детално ќе ги разгледа овие елементи во рамките на планираниот преглед на ETS, кој е закажан за третиот квартал од оваа година, за системот да остане ефикасен и прилагодлив на актуелните економски и климатски предизвици.
Европските лидери се состанаа денес на неформален самит во белгиската покраина Лимбург, а фокусот на разговорот беше конкурентноста на европската економија, пренесува Танјуг. Еден ден претходно, на индустрискиот самит во Антверпен, претставниците на европската индустрија ги презентираа своите приоритети пред највисоките претставници на ЕУ, барајќи пониски цени на енергијата, намалување на регулаторните оптоварувања и посилна конкурентност во споредба со Кина и Соединетите Американски Држави.

