Свет
11-ти септември: 102 минути кои го променија светот
Oд 8.46 до 10.28 наутро, за помалку од два часа, 11 септември 2001 година, уништени се кулите на Светскиот трговски центар (СТЦ), нападнат е Пентагон, а три илјади луѓе се убиени.
Oд 8.46 до 10.28 наутро, за помалку од два часа, 11 септември 2001 година, уништени се кулите на Светскиот трговски центар (СТЦ), нападнат е Пентагон, а три илјади луѓе се убиени.Нападите ги извршија 19 членови на Ал Каеда, кои, вооружени со ножеви, киднапираа четири авиони и со нив удрија по американските симболи на економијата, војската и политиката.Два авиона удрија во Светскиот трговски центар (СТЦ), третиот во Пентагон, а четвртиот за цел ја имаше Белата куќа или Конгресот, покажа истрагата, но терористите во тој наум ги спречиле патниците, поради што авионот се урнал на истокот од сојузната држава Пенсилванија.Еве ја и хронологијата на настаните од тој ден што го сменија светот.-8.46 – Њујорк: „боинг“ на компанијата „Американ Ерлајнс“ по полетувањето од Бостон е свртен од рутата. Со брзина од 790 км на час тој удри во северната кула на Светскиот трговски центар. Се создаде џиновски кратер во горните катови (од 93 до 99 кат), кои се запалија.-09.03, Сарасота, Флорида: претседателот Џорџ Буш почнува да ја чита приказната на децата во основно училиште. „Вториот авион ја погоди втората кула. Нападнати сме“, му дошепнал соработникот. Претседателот продолжува да чита. Му требало неколку минути да ја напушти училницата.-9.30 : Џорџ Буш на учениците им објавува дека се враќа во Вашингтон бидејќи само што се случила „национална трагедија“.- 9.35: Пристигнала наредба за евакуација на потпретседателот Дик Чејни од Белата куќа. Тој требало да биде одведен во безбедносен бункер.-9.37: „боингот“ на компанијата „Американ Ерлајнс“ по своето полетување од аеродромот Вашингтон – Далс го промени курсот и се урна врз Пентагон.-9.42: цивилната воздухопловна власт (ФАА) го затвори воздушниот простор и нареди откажување на сите летови.-9.59: јужната кула на СТЦ погодена 56 минути порано, се урна во лавина од оган, челик и прав. Силата била толку голема што никаква трага од ДНК не е пронајдена за стотина жртви.-10.03: Шенсквил (Пенсилванија): авион „боинг“ на компанијата „Јунајтед Ерлајнс“ откако полетал од аеродромот во Њуарк (Њу Џерси) го промени курсот и се урна во поле. Некои патници преку мобилен биле известени за нападите на Њујорк, по што се спротивставиле на терористите.-10.28: северната кула на Светскиот трговски центар се урна еден час и 42 минути по нападот.-11.15: Затворен е Вол Стрит-13.04, Држава Луизијана: Џорџ Буш е евакуиран во базата Барксдејл, од каде им нареди на вооружените сили „состојба на максимална подготвеност“. „Слободата е нападната утринава“, изјавил во снимената порака и ветил „ќе ги пронајдеме и ќе ги казниме виновните за нападите“. Претседателот потоа бил префрлен во базата Офут во Небраска.-13.27, Вашингтон: Градоначалникот Ентони Вилијамс прогласи „вонредна состојба во престолнината“. Градскиот центар е пуст бидејќи луѓето ја прекинаа работата и побрзаа кон своите домови.-15.35: Терористичката група Ал Каеда на Осама Бин Ладен, осомничена е за нападите, објави официјален американски претставник.-17.20, Њујорк: број 7 од СТЦ, зграда од 47 катови во соседство на кулите на СТЦ, исто така се урна.-18.54: Џорџ Буш се враќа во Белата куќа-20.30: Џорџ Буш им се обраќа на Американците, ги осудува „смртоносните и намерни терористички напади“. Ветува дека ќе ги пронајде виновните и порачува дека Вашингтон подеднакво ќе постапи и кон терористите и кон оние кои ќе им пружат засолниште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.