Свет
Европската комисија предложи измени за Шенгенскиот кодекс за границите
Европската комисија денеска ги објави предлозите за измените на Шенгенскиот кодекс за границите, според кој одлуката за привремено враќање на пасошките контроли на границите во рамките на Шенген-зоната во услови на закана за јавниот ред или домашната безбедност
Европската комисија денеска ги објави предлозите за измените на Шенгенскиот кодекс за границите, според кој одлуката за привремено враќање на пасошките контроли на границите во рамките на Шенген-зоната во услови на закана за јавниот ред или домашната безбедност мора да биде усвоена на наднационално ниво. Лидерите на 27 земји членки на Европската унија побараа од Европската комисија да подготви и достави во септември оваа година, нацрт-предлог со прописи за исклучителни случаи на привремено продолжување на граничните контроли во Шенгенската зона. Во моментов, одлуката за ова прашање е исклучиво во надлежност на националните влади. „Во согласност со новиот режим, одлуката за востановување на внатрешните гранични контроли за време на планираните мерки ќе се применуваат на европско ниво врз основа на предлог на Комисијата, кој е поддржан од страна на ’квалификувано мнозинство’ од експерти од ЕУ“, изјави за новинарите во Брисел, европскиот комесар за внатрешни работи, Сесилија Малмстром. Основа за обновување на пасошка контрола во рок до 30 дена со можност за продолжување, како што е предложено од Брисел, ќе биде можно особено при закана од терористички напади за време на одржување средби на највисоки нивоа, за спортски манифестации, како и при неочекуван прилив на мигранти. Според сегашните правила, земјите од Шенген зоната можат да ги возобноват гранични проверки само за заштита на јавниот ред и за внатрешната безбедност, и само за одреден период, но не повеќе од 30 дена. Според Малстром, во екстремни случаи Европската комисија предлага да им се овозможи на земјите-членки да ја обноват пасошката контрола пасошка контрола – но за период не подолг од пет дена, по што тие мора да ги оправдаат своите постапки и да побараат дозвола од Брисел за нивната натамошна примена. „Во случај на сериозни недостатоци во примената на Шенгенските правила, на пример, ако државата-членка не е во состојба соодветно да заштити дел од надворешната граница на ЕУ, може да се земе за поддршка, вклучувајќи техничка и финансиска поддршка од Комисијата, земјите-членки (на Шенгенскиот договор), ФРОНТЕКС (Агенција за управување со надворешните граници на ЕУ) или други агенции, како што се Европол и Европската канцеларија за азил (EASO)“, се вели во соопштението на Европската комисија. Во исчекување на објавувањето на предлозите на Еврокомисијата, Франција, Германија и Шпанија заеднички ја критикуваа можноста за поднесување до највисоките извршни власти на ЕУ прерогативите за донесувањето одлука за обновувањето на пасошките контроли на границите во Шенген зоната. Како што изјави во овој контекст Малстром, таа има намера да ја брани неопходноста од примената на измените на Шенгенскиот кодекс предложени Европската комисија, како пред пратениците во Европарламентот, така и пред министрите за правда и за внатрешни работи во земјите членки на ЕУ коишто следната седмица ќе допатуваат во Брисел за редовен состанок. Од моментот на стапувањето во сила на Шенгенскиот кодекс за границите во 2006 година, пограничните контроли во границите на Шенген зоната во 2006 година, граничната контрола на границите во рамките на Шенген привремено беше администрирана 26 пати, што се должи главно на одржувањето големи спортски и политички настани. Потписнички на Шенгенскиот договор се 22 од 27-те земји членки на ЕУ. Велика Британија, Ирска и Кипар не се вклучени во Шенген зоната, како и Романија и Бугарија кои се очекува да се придружат наскоро/крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Европските дипломати за говорот на Трамп: Сега тој го сака Исланд
Дипломатите и претставниците во Брисел во средата попладне го следеа говорот на Доналд Трамп за Европа, со посебен акцент на Гренланд, преку лаптопи и телевизиски екрани. Неговото појавување на Светскиот економски форум во Давос се одржа во услови на невидени трансатлантски тензии, но по говорот што траеше повеќе од еден час, многумина рекоа дека неговите намери им биле помалку јасни отколку на почетокот, пишува „Политико“.
Говорот се одржа еден ден пред состанокот на лидерите на ЕУ за да се разговара за одговор на заканата на Трамп за нови царини ако Данска не ја отстапи контролата врз Гренланд. „Ниту една нација или група нации не е во позиција да го обезбеди Гренланд освен САД“, инсистираше Трамп, но додаде: „Не морам да користам сила, не сакам да користам сила, нема да користам сила“. Иако Трамп експлицитно ја исклучи воената интервенција за прв пат, неговите изјави не ги смирија сите, пренесува медиумот.
Дипломат од ЕУ, рече дека луѓето „можат сами да проценат“, додавајќи дека Трамп сè уште инсистира да го добие Гренланд. „Сè се сведува на тоа колку верувате во тој збор. Но, не мислам дека некој би исклучил нешто по тој говор“, рече тој.
Оние кои се залагаат за силен европски одговор на заканите останаа непоколебливи, велејќи дека средбата на лидерите на ЕУ во четврток сè уште е потребна. „Секогаш е добро да се соберат лидери, особено по овој викенд“, рече друг дипломат, според медиумот.
Поранешната германска министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, напиша онлајн за време на говорот: „Ако повторно почнеме да ги доведуваме во прашање границите на земјите и да се обидуваме да ги поместиме со сила, закани или принуда, ќе се вратиме во темни времиња“.
Опишувајќи го Гренланд како „големо, убаво парче мраз, тешко е да се нарече копно, тоа е парче мраз“, Трамп ја замени европската територија каде сака да ја преземе контролата, споменувајќи го „Исланд“ најмалку четири пати. „Па, сега тој го сака Исланд, а не Гренланд, па ние сме сигурни“, се пошегува трет претставник на ЕУ, според написите.
Исланд, кој се наоѓа 350 милји источно од Гренланд, веќе беше предмет на карактеристични шеги од американската администрација откако номинираниот на Трамп за амбасадор во Исланд, Били Лонг, изјави во Вашингтон дека Исланд ќе стане 52-та американска држава и дека тој ќе биде нејзин гувернер.
Трамп, исто така, ги насмеа некои од загрижените Европејци со своите забелешки за францускиот претседател Емануел Макрон. „Убави очила за сонце“, рече Трамп откако францускиот лидер беше снимен како носи авијатичарски очила за сонце во затворен простор, „но што се случи, по ѓаволите?“, пишува медиумот.
Свет
(Видео) Силно невреме во Италија: брановите уништија домови, ресторани, улици
Силната бура „Хари“, која го зафати Медитеранот, донесе огромни бранови што ги претворија улиците во реки, принудувајќи ги луѓето да бегаат. Драматични снимки од Сицилија, направени во вторникот навечер, ги прикажуваат жителите како бегаат од бурата што ги поплави улиците.
Violent storm surge hit Roccalumera, in Messina, Sicily, Italy 🇮🇹 (20.01.2026) pic.twitter.com/7W9jRML4vy
— Disaster News (@Top_Disaster) January 20, 2026
На островот Липари, недалеку од Сицилија, силна бура го погоди пристаништето и веднаш ги поплави околните улици. Во Катанија, вториот по големина град на Сицилија, брановите предизвикаа сериозна штета на еден ресторан.
Whoahh! Storm surge crashing into a restaurant in Catania on the Italian island of Sicily today…🌊
📹 RMB webcampic.twitter.com/jgSPmSfhl0
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) January 20, 2026
Надзорните камери го снимија моментот кога моќен бран ги скрши прозорците на ресторанот и ја уништи внатрешноста. Снимките од островот, исто така, покажуваат поплавени улици исполнети со остатоци и вреќи за ѓубре. Во пристанишниот град Месина, ситуацијата беше толку тешка што дел од крајбрежната променада се урна.
A severe storm surge hit Riposto, Sicily, Italy, last night.🇮🇹 pic.twitter.com/S0rZHoIKPx
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) January 21, 2026
Властите издадоа црвени предупредувања за Сицилија, Сардинија и Калабрија поради ветрови со сила на ураган, обилни дождови и опасни бури. На Сицилија беа регистрирани налети на ветер до 119 километри на час, а брановите беа високи над девет метри, додека во Катанија нивото на морето се искачи за повеќе од пет метри.
A powerful storm surge flooded streets and pushed debris inland last night in Letojanni, Sicily, Italy. pic.twitter.com/SJb1JJZ47d
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) January 21, 2026
🚨 Today’s chilling video from Italy 🇮🇹
A tiny village in Sicily’s Messina province as Cyclone Harry sweeps through
Stay safe! pic.twitter.com/DodYTzhCx1
— Mambo Italiano (@mamboitaliano__) January 20, 2026
Како што условите се влошија, властите наредија превентивна евакуација, при што околу 190 луѓе беа евакуирани од најизложените области. Сите фериботски услуги до Сардинија и помалите острови се суспендирани. Училиштата, парковите и спортските објекти се затворени во неколку градови, а се очекува на островот да наврнат до 300 милиметри дожд за само два дена.
A resident shared a moment as massive waves from Storm Harry burst into her home last night. 📍Marsascala, Malta 🇲🇹 pic.twitter.com/1p9jzmWQAU
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) January 21, 2026
Бурата ја погоди и Малта, каде што силни бранови ги поплавија улиците. Беа регистрирани ветрови со брзина до 105 км/ч, а на жителите во некои делови од островот им беше советувано да останат во своите домови.
Major damage along the seafront due to violent storm surges in Acireale, Sicily, Italy 🇮🇹 (21.01.2026) pic.twitter.com/TkbifVqo9q
— Disaster News (@Top_Disaster) January 21, 2026
Одделот за цивилна заштита на Малта ги предупреди жителите да „избегнуваат работа на висина, вклучувајќи покриви, балкони, скелиња и изложени конструкции“, и да „се држат подалеку од брегот и крајбрежните патеки“. Летовите и фериботите до Малта беа пренасочени или откажани, а службите за итни случаи регистрираа повеќе од 180 интервенции.
Последиците од бурата беа почувствувани и во други делови од Медитеранот.
Шпанија издаде жолти предупредувања за ветер и големи бранови во јужниот регион Андалузија, каде што се очекуваат налети на ветер до 69 км/ч во крајбрежните градови Малага и Алмерија.
Во Франција, крајбрежните области на северозапад од земјата, исто така, се соочија со обилни дождови и силни ветрови.
Фото: ЕПА
Свет
Руте: Доналд Трамп е во право, Русија и Кина ги интензивираат акциите на Арктикот
Учесниците на панелот „Може ли Европа да се одбрани“ на Светскиот економски форум во Давос се согласија дека постојат тензии во рамките на Северноатлантската алијанса (НАТО), но дека тие можат да се надминат преку дијалог и дека не смее да се дозволи Украина да биде колатерална штета на дебатата за Гренланд.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека во моментов има тензии во Алијансата, но тоа се случило и претходно – наведувајќи ги Грција и Турција како примери.
„Нема да коментирам за тоа, но еден начин за решавање на овие тензии е дипломатијата“, рече Руте и нагласи дека верува оти прашањето за Гренланд ќе се реши на пријателски начин, бидејќи главното прашање не е тој арктички остров, туку Украина.
„Додека зборуваме овде, руски беспилотни летала и ракети ја напаѓаат енергетската инфраструктура на Украина“, рече Руте.
Додаде дека од 1949 година, НАТО е сојуз на европски земји, Соединетите Американски Држави и Канада, што е важно за одбраната не само на Европа, туку и на САД, Арктикот и Атлантикот.
Руте рече дека НАТО е Северноатлантска алијанса и дека таму веќе има многу работа, па затоа не сакаше да коментира за Американскиот комитет за мир во Газа и нешто што е надвор од Атлантикот.
Кога беше прашан за тензиите меѓу членовите на Алијансата, тој рече дека сите треба да бидат убедени дека на тоа се работи „зад сцената, без јавноста и без коментар за Гренланд“.
„Единствениот начин е смислена дипломатија. Арктикот и тука е Доналд Трамп во право, Русија и Кина ги интензивираат акциите на Арктикот, од осумте земји што имаат права, седум се членки на НАТО“, рече Руте.
Руте, исто така, презентираше дека европските земји во рамките на НАТО нема да издвојат пет проценти за одбрана ако не беше Доналд Трамп.

