Свет
Британската полиција сака да открие новински извори за скандал
Британската полиција бара судски налог без преседан досега за да го принуди весникот Guardian кој беше водечки во скандалот со прислушувањето со што проблем имаше News Corp на медиумскиот магнат Руперт Мардок, да ги каже своите извори.
Британската полиција бара судски налог без преседан досега за да го принуди весникот Guardian кој беше водечки во скандалот со прислушувањето со што проблем имаше News Corp на медиумскиот магнат Руперт Мардок, да ги каже своите извори.Лево ориентираниот Guardian во своето електронско издание пишува дека лондонската полиција настојува да го искористи законот за службени тајни за да присили двајца негови репортери да ги откријат своите доверливи извори.Овој закон инаку беше донесен за да се заштитат тајните информации и вообичаено се применува во случаи поврзани со националната безбедност и шпионажа.Весникот пишува дека полицијата сака да го употреби законот за да дојде до изворот на информациите кои довеле во јули да биде откриено дека телефонот на убиеното девојче Мили Доулер бил хакиран. Новинарите на таблоидот News of the World ги хакирале пораките од мобилниот телефон на 13-годишната Доулер која беше грабната во 2002 година и пронајдена мртва шест месеци подоцна, со што ја навеле полициската истрага во погрешна насока, но и семејството на девојчето. И полицијата и семејството поради пораките сметаат дека Мили е сé уште жива. Поради скандалот кој досегаше и до политичката елита, таблоидот беше згаснат, некои политичари и полициски функционери мораа да си поднесат оставки, а самиот сопственик Руперт Мардок јавно се извини, но неговата компанија претрпе големи загуби.„Со сите сили ќе дадеме отпор на ова невообичаено барање“, изјави за интернет изданието на Guardian, уредникот Алан Расбриџер.Полицијата ги истражува наводите за хакирањето на телефони и веќе уапси 16 лица, меѓу кои се и Ребека Брукс, главната директорка на News International, британскиот дел од News Corp, и Ендрју Коулсон, поранешниот уредник на News of the World, кој по скандалот стана директор за комуникации во кабинетот на британскиот премиер Дејвид Камерон./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци кои го испрашуваа Драгијевиќ
Смртта на Далибор Драгијевиќ, братот на осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ (2) со недели е во фокусот на јавноста бидејќи обдукцијата покажала дека тој починал од насилна смрт додека бил во полициски притвор. Целиот случај со насилна смрт го истражува Секторот за внатрешна контрола (СУК), кој, според неофицијалните информации побарал суспензија на тројцата полицајци кои кобниот ден го испрашувале Драгијевиќ во станица.
Откако на 1 мај Одделот за внатрешна контрола изврши увид во полицијата во Бор, а со цел да се утврдат околностите под кои почина Драгијевиќ на 7 април, надлежните од СУК и предложија на надлежната организациска единица на Управата на полицијата да се спроведе дисциплинска постапка поведена против тројца членови на Одделението за криминалистички истраги на ЈУ Бор – Д.Б, И.С и Д.П, како и да донесе решение за времено отстранување од служба.
Според неофицијалните информации Далибор Драгијевиќ бил малтретиран од полицијата од моментот кога бил приведен поради сомнение дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на Данка.
Во текот на денот бил претепан од одредени припадници на полицијата, додека го носеле на различни локации за да им покаже каде е телото на двегодишното девојче, за што тврдел дека не знае.
Свет
Зеленски го разреши главниот телохранител по обидот за атентат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отпушти шефот на агенцијата одговорна за неговата заштита. Промената дојде откако двајца службеници на агенцијата беа приведени за планирање на атентатот на Зеленски.
Разрешувањето на шефот на Државната стражарска служба (УДО) Серхиј Руд е објавено со указ на претседателската веб-страница. Причината за отказот не беше наведена. Руд беше назначен за главен телохранител на Зеленски во октомври 2019 година. Се уште не е објавено кој ќе го замени.
Двајца полковници обвинети за предавство
Задачата на УДО е да обезбеди безбедност на украинскиот претседател и високи владини претставници, како и заштита на административните згради.
Претходно оваа недела беше објавено дека се уапсени двајца безбедносни службеници кои наводно биле вклучени во руски заговор за атентат врз Зеленски. Двајца полковници на УДО се обвинети за „субверзивни активности против Украина во замена за финансиска компензација“, соопшти канцеларијата на главниот украински обвинител.
Двајцата беа обвинети за предавство, додека еден беше обвинет за подготовка на терористички акт.
Свет
Државната дума на Русија го именуваше Михаил Мишустин за премиер
Државната дума на Русија на пленарниот состанок усвои предлог за резолуција за именување на Михаил Мишустин за премиер.
За овој предлог гласаа 375 пратеници, 57 беа воздржани, додека ниту еден од пратениците не гласаше против, пренесува РИА Новости.
Новиот премиер треба да поднесе предлози за структурата на федералните извршни тела до претседателот на Русија најдоцна една недела по неговото именување.