Свет
Во земјотресот на Хималаите – 110 загинати

Воените хеликоптери во четвртокот успеаја да допрат до оддалечените села во североисточна Индија, отсечени од остатокот на светот по земјотресот со магнитуда од 6,9 степени по Рихтер кој во неделата го погоди овој хималајски регион во четири земји при што загинаа 110 луѓе.
Воените хеликоптери во четвртокот успеаја да допрат до оддалечените села во североисточна Индија, отсечени од остатокот на светот по земјотресот со магнитуда од 6,9 степени по Рихтер кој во неделата го погоди овој хималајски регион во четири земји при што загинаа 110 луѓе.Како што пренесуваат светските агенции, жителите на селата од индиската сојузна држава Сиким на новинарите им раскажале дека одроните од планината ги срамниле нивните куќи со земјата, убивајќи многу нивни соселани. Лизгањето на земјиштето и одроните целосно го блокирале единствениот пар кој води кон северот на државата Сиким, каде беше регистриран епицентарот на земјотресот, оневозможувајќи го доаѓањето на спасувачките екипи и одложувајќи ја евакуацијата на повредените со хеликоптери. Властите од главниот град на оваа држава Гангок, во четвртокот соопштија дека според последните податоци, во целата држава настрадале 78 луѓе. Уште 18 лица загинале во двете соседни индиски држави, шест загинале во Тибет, шест во Непал и уште едно лице го загубило живото во Бутан./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Мерц предлага заем од 140 милијарди евра за Украина, обезбеден со рускиот замрзнат имот

Германскиот канцелар Фридрих Мерц најави дека на претстојниот самит на ЕУ ќе предложи Украина да добие заем од 140 милијарди евра, гарантиран со замрзнатиот имот на Руската централна банка.
Средствата би биле наменети исклучиво за финансирање на одбраната, а Киев би ги вратил дури по добивањето репарации од Русија.
Планот е усогласен со иницијативата на Урсула фон дер Лајен за користење на руските средства како гаранција, без директно задирање во нив.
Свет
Официјалната истрага покажа дека подморницата „Титан“ имплодирала поради лоша конструкција

Американска истражна агенција утврди дека подморницата „Титан“ на компанијата „Оушенгејт“, која имплодира за време на нуркањето кај остатоците на бродот „Титаник“ во јуни 2023 година, беше уништена поради низа сериозни недостатоци во дизајнот и тестирањето, објави Би-би-си.
Во несреќата загинаа сите пет лица на бродот, вклучувајќи го и директорот на „Оушенгејт“, Стоктон Раш.
Според извештајот на Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (НТСБ), процесот на инженерскиот развој на „Титан“ бил несоодветен, што довело до грешки што предизвикале подморницата да не ги исполни стандардите за цврстина и издржливост.
Националниот одбор за безбедност на сообраќајот тврди дека „Оушенгејт“ никогаш правилно не го тестирал „Титан“ и затоа не знаел колку всушност е силна подморницата. Покрај тоа, компанијата не била свесна дека бродот е оштетен и требало да биде повлечен од употреба пред фаталното нуркање.
„Титан“ исчезна во Северен Атлантик додека се обидувал да стигне до остатоците од „Титаник“, кои се наоѓаат на речиси 600 километри од канадскиот град Сент Џонс во покраината Њуфаундленд и Лабрадор.
Во август 2024 година крајбрежната стража на САД издаде посебен извештај во кој ја опишува несреќата како да можела целосно да биде спрачена и ја критикува „Оушенгејт“ за „сериозно погрешни безбедносни практики“.
Подморницата на своето последно патување ја управувал Стоктон Раш, а бил придружуван од познатиот истражувач на длабокоморските дна, Пол-Анри Наргеолет, британскиот милијардер Хамиш Хардинг и пакистанскиот бизнисмен, Шахзада Давуд, и неговиот 19-годишен син, Сулејман Давуд.
Сите платиле до 250.000 долари за да учествуваат во експедицијата.
За време на истрагата, НТСБ откри сериозни проблеми во безбедносната култура на „Оушенгејт“. Додека некои вработени тврдеа дека безбедноста е приоритет, други, вклучувајќи го и поранешниот директор за поморски операции и еден техничар, опишаа работна средина „во која безбедноста, а особено прашањата за дизајнот, систематски се игнорираат“.
Еден техничар рече дека имал забелешки на деловниот модел на „Оушенгејт“, особено на практиката патниците да се нарекуваат специјалисти за мисија за да се избегнат законски ограничувања. Според американските прописи, нелегално е да се превезуваат патници на експериментални подморници.
Техничарот рече дека го предупредил Раш велејќи: „Не можете само да ја смените титулата на некого ако сте платени за тоа“. Во подоцнежен разговор за истото прашање Раш наводно му рекол: „Ако крајбрежната стража стане проблем, ќе купам конгресмен и ќе го решам“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Италијанец се преправал дека е слеп 50 години, ја измамил државата за повеќе од еден милион евра

76-годишен маж од областа Виченца во Италија се преправал дека е целосно слеп повеќе од 50 години за да добие надомест за инвалидитет измамувајќи ја државата за повеќе од еден милион евра. Измамата е откриена кога финансиската полиција го снимила како извршува секојдневни задачи без никакви проблеми, како што се градинарство и пазарување на пазарот, објавува „Кориере дел Венето“.
На снимката објавена од финансиската полиција човекот е снимен како внимателно избира овошје и зеленчук на пазарот. Дома е снимен како врши градинарски активности, вклучувајќи кастрење и полевање растенија. Сите овие задачи ги извршувал со целосна леснотија, иако официјално бил регистриран како 100 % инвалид поради слепило.
Жителот на Монтекио Маџоре е обвинет за сериозна измама против државата.
Според обвинението, човекот незаконски примал бенефиции и надоместоци наменети за слепи лица повеќе од педесет години, со што стекнал незаконска бенефиција од повеќе од еден милион евра. Истрагата е поведена по вкрстена проверка на податоците на корисниците на социјално осигурување, а членовите на финансиската полиција од Арзињано поминале повеќе од два месеца следејќи го. Утврдено е дека тој почнал да прима пензија и надомест за придружба уште во 1972 година по наводна несреќа на работа.
#GdiF #Vicenza Denunciato un falso invalido per truffa ai danni dello Stato, avendo percepito indebitamente, per più di 50 anni, indennità e sussidi per un importo superiore al milione di euro.#NoiconVoi pic.twitter.com/DvqBzrir2l
— Guardia di Finanza (@GDF) October 13, 2025
Старецот е снимен како извршува голем број секојдневни задачи, без ничија помош, вклучително и користење опасни алатки, како што се ножици за кастрење и тримери за жива ограда. Тој исто така редовно одел сам на градскиот пазар избирајќи продукти и плаќајќи во готово од сопствениот паричник.
Врз основа на цврсти докази, поткрепени со сведочење на експерти, судската власт во Виченца поднесе обвинение против лажно слепиот човек. Финансиската полиција ги извести надлежните институции сите бенефиции веднаш да му бидат суспендирани. Даночната ревизија утврди нелегален приход од над 200 илјади евра во последните пет години, период за кој може да се направи процена, и е предложено да се конфискува овој износ.
„Оваа операција сведочи за континуираната посветеност на Финансиската полиција во борбата против измамите во секторот за социјална помош и пензиско осигурување. Јавните средства наменети за поддршка на најранливите и навистина сиромашните социјални групи неправедно се одземаат“, соопшти Покраинската команда на Финансиската полиција во Виченца.
фото: принтскрин