Свет
НАТО го ликвидирал талибанот одговорен за уривањето на хеликоптерот

Меѓународните мировни сили од мисијата ИСАФ соопштија дека го убиле талибанскиот командант кој ја поставил замката во која беше соборен хеликоптерот на американските сили во покраината Вардак, југозападно од главниот авганистански град Кабул.
Меѓународните мировни сили од мисијата ИСАФ соопштија дека го убиле талибанскиот командант кој ја поставил замката во која беше соборен хеликоптерот на американските сили во покраината Вардак, југозападно од главниот авганистански град Кабул. Во уривањето на хеликоптерот во почетокот на август загинаа 38 војници од кои 30 беа Американци, што според Пентагон беше најкрвавиот инцидент кој го доживеа меѓународната коалиција од почетокот на инвазијата врз Авганистан во 2011 година кога беше соборен талибанскиот режим.Во соопштението на НАТО се прецизира дека бунтовничкиот командант Кари Тахир е убиен во бомбардирањето од воздух во вторникот во централниот дел на Авганистан. Кусо време по соборувањето на хеликоптерот, американската команда соопшти дека ги ликвидирала бунтовниците кои го соборија леталото. Тогаш, според талибански извори, што подоцна беше потврдено и од претставници на авганистанската армија, Кари Тахир ги измамил американските офицери да помислат дека се одржува состанок на талибанските команданти.крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Остатоците од ураганот Ерин се движат кон Западна Европа, можни се бури и бранови до 12 метри

Западна Европа, Обединетото Кралство и Ирска се соочуваат со нестабилно време во текот на следните неколку дена, бидејќи остатоците од ураганот Ерин се приближуваат кон континентот.
Откако достигна јачина од категорија 5, Ерин се движеше кон Европа од источниот брег на Северна Америка како моќен посттропски циклон, а системот веќе предизвикува загриженост за можни силни бури на крајот од неделата, пишува Severe Weather Europe.
Остатоците од ураганот ќе останат силни во текот на понеделник и вторник, со центар западно од Ирска и Обединетото Кралство. Пред да пристигне циклонот, температурите во Обединетото Кралство би можеле да достигнат 30°C денес, но топлото време ќе биде краткотрајно. Дожд и ветер се очекуваат во текот на ноќта во вторник, прво во Ирска и Северна Ирска, а потоа и во остатокот од Кралството.
Ерин е првата бура од атлантската сезона во 2025 година што достигна јачина на ураган. Своето патување го започна како тропски бран на 9 август, а до 16 август се засили во бура од категорија 4. Кратко потоа, „ловците на урагани“ на NOAA објавија дека Ерин се засилила до бура од категорија 5, со ветрови од 260 км/ч и минимален централен притисок од 915 милибари. Таа јачина ја задржа поголемиот дел од денот, по што почна да слабее.
Се очекува времето да се влоши од средината на неделата со силни ветрови и обилни врнежи од дожд придружени со грмотевици. Иако најсилните ветрови претежно ќе останат на отворено море, високите бранови ќе го погодат западниот брег на Европа.
Денес, тие би можеле да достигнат висина од 10 до дури 12 метри западно од Ирска. Во средината на неделата, во среда и четврток, се очекуваат бранови од 8 до 10 метри по должината на бреговите на Ирска, Северна Ирска и делови од Шкотска, а ќе се прошират низ Бискајскиот Залив кон Франција и Шпанија.
Свет
Најмалку 15 мртви во израелски напад во Газа, меѓу нив и четворица новинари

Во израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа загинаа најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, соопштија денес палестинските здравствени претставници. Меѓу убиените е снимателот Хосам ал-Масри, соработник на „Ројтерс“.
Официјалните лица изјавија дека Масри е убиен во првиот воздушен напад, а фотографот Хатем Халед, исто така соработник на „Ројтерс“, е ранет во вториот напад.
Сведоците за „Ројтерс“ изјавија дека вториот напад се случил кога спасувачите, новинарите и цивилите се собрале на местото на првиот напад.
Здравствените власти во Газа изјавија дека преостанатите тројца убиени новинари се Маријам Абу Дага, Мохамед Салама и Моаз Абу Таха. Меѓу загинатите е и еден спасувач.
Израелската војска и канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху сè уште не дале коментар за нападите врз болниците.
Синдикатот на палестинските новинари објави дека повеќе од 240 палестински новинари се убиени во израелските напади во Газа од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година.
фото: принтскрин
Свет
Основачот на „Телеграм“: Франција го уништи својот углед како слободна земја

Основачот на „Телеграм“, Павел Дуров, изјави дека Франција го уништила својот углед како слободна земја со неговото апсење минатата година.
Дуров беше уапсен на аеродромот во Париз во август 2024 година под обвинение дека им овозможил на криминалци да ја користат неговата апликација за нелегални активности, вклучително и екстремизам и злоупотреба на деца. Рускиот технолошки претприемач подоцна беше ослободен со кауција од 5 милиони евра и му беше дозволено да се врати во Дубаи, каде што живее.
Дуров го опиша своето апсење како без преседан и правно и логички апсурдно.
Тој рече дека истрагата не пронашла никакви докази за прекршок нагласувајќи дека практиките за модерирање на „Телеграм“ ги следеле индустриските стандарди и дека компанијата ги исполнила сите правно обврзувачки барања од француските власти.
Дуров исто така тврдеше дека француските истражители ги заобиколиле законските канали на ЕУ кога испратиле барања до платформата, грешка што можеше да се избегне со „едноставно пребарување на постапката на ‘Гугл’ или со прашување“.
„За жал, единствениот резултат од моето апсење досега е огромна штета на угледот на Франција како слободна земја“, напиша Дуров додавајќи дека сè уште мора да доаѓа во Париз на секои две недели, без датум за жалба на повидок.
Оттогаш „Телеграм“ ја ажурира својата политика за приватност за да овозможи собирање метаподатоци, вклучувајќи ИП-адреси, податоци за уредите и промени на корисничките податоци, до една година, со можност за предавање на надлежните судски органи.
фото: принтскрин