Свет
Востаниците ги заземаа аеродромот во Бани-Валид и болницата во Сирт
Силите на либискиот Национален преоден совет (NTC) во неделата го ја преземаа контролата врз аеродромот Бани-Валид, пустински град 170 километри југоисточно од престолнината Триполи
Силите на либискиот Национален преоден совет (NTC) во неделата го ја преземаа контролата врз аеродромот Бани-Валид, пустински град 170 километри југоисточно од престолнината Триполи, второто важно утврдување на војниците лојални на соборениот водач на либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи. Исто така, борците на Советот попладнето во недела ја заземале и главната болница во Сирт, родниот град на Гадафи, 360 километри источно од Триполи. Претходно во неделата, светските агенции јавија дека борците на Советот ги заземале и конференцискиот центар во Сирт и универзитетот, како главни упоришта на лојалистите на Гадафи. „Нашите сили ја преземаа контролата врз аеродромот во Бани-Валид, во југозападниот дел од градот“, изјави командантот Муса Јунес, началник на силите на Националниот преоден совет за овој сектор, јавува AFP.Јунес во телефонскиот разговор со француската агенција информирал дека во неделата се воделе жестоки борби меѓу неговите сили и поддржувачите на соборениот лидер, на само еден километар од центарот на градот кој е напуштен од цивилите. Слабо организираните и лошо опремени сили на Советот кои пред два месеци го заземаа главниот град Триполи и успеаја да го соборат од власт режимот на Гадафи, повеќе од еден месец не успеваат да напредуваат кон пристанишниот град Сирт, како ниту кон Бани-Валид кој е голема оаза на нерамен терен наидувајќи на жесток отпор од силите на Гадафи. Како што пренесува Reuters, попладнето во неделата, војниците на Советот успеале да ја заземат главната болница во Сирт заробувајќи повеќе десетици лојалисти. „Се обидуваме да ги евакуираме болните и ранетите. Мнозинството од припадниците на милицијата на Гадафи избега, некои се камуфлирани во лекари. Тоа мораме да го истражиме“, изјавил за агенцијата Салах Мустафа, командант на либиските востанички сили под команда на Советот.Претходно во неделата, кинеската новинска агенција Синхуа, повикувајќи се на изјави од лекарите од локалната болница во близина на Сирт, во која се пренесуваат загинатите и ранетите, пренесе дека најмалку 17 лица загинале а 227 се ранети во уличните борби што два дена се водат меѓу вооружените сили на Преодниот совет и поддржувачите на соборениот лидер Гадафи.Претставник на командата на Советот за кинеската агенција потврдил дека лојалистите се опколени во неколку населби, а дека борбите продолжуваат во централното градско подрачје, коешто според него наскоро ќе биде целосно заземено.Сепак, според дописникот на Синхуа, притисокот на борците на Советот ослабел поради загубите, како и поради тоа што остатоците од силите на Гадафи низ разните делови на градот распоредиле снајперски и минофрлачки гнезда кои континуирано стрелаат врз позициите на востаниците, што претставува сериозна закана за силите на владејачката администрација.Еден од борците, кој се претставил со име Фарал, за Синхуа изјавил дека неговата единица контролира неколку улици од Сирт и спроведува проверка на куќите кои биле користени како засолништа за лојалистите на Гадафи. Тие, исто така, наводно заробиле десетици платеници во составот на силите на лојалисите.И натаму цивилното население продолжува да го напушта градот преку коридорот кој е направен за да можат безбедно да излезат од зоната на борбените дејствија.Еден од воените команданти на Советот, Мохамед ал-Фајад, за АФП околу пладне изјави дека прашање на часови е кога ќе биде целосно заземен Сирт. Членовите на семејството на соборениот лидер пребегаа во странство, но останува непозната засолништето на самиот Гадафи, но се претпоставува дека е сé уште во Либија./крај/афп/син/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Американски специјалци упаднаа во уште еден танкер, објавена е снимка
Американските сили ја презедоа контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, соопшти војската.
Моторниот брод „Сагита“ ја прекрши блокадата што ја воведе претседателот Трамп врз санкционираните танкери, објави Јужната команда на САД (SOUTHCOM) на платформата X.
Through #OpSouthernSpear, the @DeptofWar is unwavering in its mission to crush illicit activity in the Western Hemisphere in partnership with @USCG, @DHSgov and @TheJusticeDept.
This morning, U.S. military forces, in support of the Department of Homeland Security, apprehended… pic.twitter.com/UPADtiw681
— U.S. Southern Command (@Southcom) January 20, 2026
САД се решени да „обезбедат единствената нафта што ја напушта Венецуела да биде онаа што е координирана на соодветен и законски начин“, соопшти САУТКОМ, додавајќи дека операцијата е спроведена „без инциденти“.
Свет
(Видео) Трамп го прашаа колку далеку е спремен да оди за Гренланд: „Ќе дознаете“
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да прецизира колку далеку е спремен да оди во својот обид САД да го добијат Гренланд, откако новинарите го прашаа за тоа на брифингот во Белата куќа по повод неговата прва година на функцијата.
REPORTER: "How far are you willing to go to acquire Greenland?"
TRUMP: "You'll find out." pic.twitter.com/pWN8YC8GFS
— Fox News (@FoxNews) January 20, 2026
„Ќе дознаете“, одговори Трамп отсечно кога го прашаа колку далеку е спремен да оди Вашингтон во процесот.
Неговите коментари доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу САД и Европа, бидејќи Трамп повторно го засили притисокот околу Гренланд, наведувајќи безбедносни проблеми и се закани дека ќе воведе нови царини за европските земји.
Претседателот на САД најави царина од 10 проценти за стоки од осум европски земји додека не се постигне договор за она што тој го нарече „целосно купување на Гренланд“.
Европа
(Видео) Нова железничка несреќа во Шпанија: машиновозачот загина, 37 повредени
Машиновозачот загина, а најмалку 37 лица се повредени во железничка несреќа во близина на Барселона.
Според локалните власти, возот Родалиес удрил во потпорен ѕид што се урна на пругата помеѓу Гелида и Сант Садурни. Се верува дека четири лица се во критична состојба, изјави портпаролот на регионалната противпожарна служба, Клауди Гаљардо, за новинарите.
Единаесет амбулантни возила се испратени на местото на несреќата во Гелида, околу 35 километри западно од Барселона, потврдија службите за итни случаи. Локалната противпожарна служба соопшти дека 35 противпожарни екипи се испратени на местото на несреќата.
Повредените се однесени во блиските болници. Лошото време го стави поголемиот дел од брегот во источна и северозападна Шпанија под висока тревога. Снежни бури беа пријавени и во шпанските Пиринеи, а силни бури беа пријавени покрај брегот на Менорка, каде што брановите достигнаа висина од неколку метри.
Несреќата во Каталонија се случи само два дена по сериозниот судир помеѓу два брзи воза во Адамуз, Андалузија. Најмалку 42 лица загинаа во таа несреќа кога вагоните на воз што се движеше кон Мадрид излетаа од шините, преминаа на спротивната пруга и се судрија со брз воз што доаѓаше од спротивната насока.

