Свет
Најмалку 24 загинати во Египет во судирите меѓу демонстрантите и војската
Во судирите што избувнаа во неделата навечер во главниот град египетски град Каиро, меѓу христијанските демонстранти и воената полиција, убиени се најмалку 24 лица
Во судирите што избувнаа во неделата навечер во главниот град египетски град Каиро, меѓу христијанските демонстранти и воената полиција, убиени се најмалку 24 лица.
Поради овие настани, египетската влада за денеска закажа итна седница на владата, ветувајќи дека насилството нема да го загрози одржувањето на првите парламентарни избори откако од власта беше принуден да се повлече деценискиот претседател Хосни Мубарак.
Во еден од најжестоките судири во Египет откако падна режимот на Мубарак, според податоците на египетското министерство за здравство бројот на загинатите достигна 24 а на ранетите 213. Државната телевизија претходно јави дека меѓу убиените се тројца војници .
Христијаните коишто протестираа поради нападот врз нивна црква фрлаа камења врз припадниците на воената полиција и молотови коктели со кои ги палеа возилата на армијата. На мостот во центарот на Каиро стотици луѓе имаа меѓусебна пресметка со палки, а потоа протестите се проширија на централниот легендарен каирски плоштад Тахрир, каде војската воведе полициски час. Плоштадот Тахрир инаку беше центар на бунтот против Мубарак во февруари годинава.
Христијаните – копти коишто сочинуваат 10 отсто од 80-те милиони Египќани, протестираа обвинувајќи ги радикалните муслимани дека минатата седмица ја оштетиле осквернавиле црквата во покраината Асуан. Тие бараа оставка од локалниот гувернер поради тоа што не обезбедил заштита за црквата.
Тензиите меѓу христијаните и муслиманите во Египет, денеска се зголемени, по синоќешните протести, пишуваат локалните медиуми.
Египетската влада повика на смирување на ситуацијата. Премиерот Есам Шараф изјави дека разговарал со безбедносните и црковните власти за да не дојде до ескалација на судирите. Тој вети истрага за причините за судирите.
Бидејќи судирите избија само неколку седмици пред одржувањето на првиот круг од парламентарните избори за 28-ми ноември, демократските активисти се загрижени дека војската ќе ја задржи валста и по изборите.
Врховниот совет на вооружените сили на Египет, кој управува со земјата од повлекувањето на поранешниот претседател Хосни Мубарак, во неделата ги одобри измените на законот за парламентарните избори, на што повикуваа политичките партии./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Американски специјалци упаднаа во уште еден танкер, објавена е снимка
Американските сили ја презедоа контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, соопшти војската.
Моторниот брод „Сагита“ ја прекрши блокадата што ја воведе претседателот Трамп врз санкционираните танкери, објави Јужната команда на САД (SOUTHCOM) на платформата X.
Through #OpSouthernSpear, the @DeptofWar is unwavering in its mission to crush illicit activity in the Western Hemisphere in partnership with @USCG, @DHSgov and @TheJusticeDept.
This morning, U.S. military forces, in support of the Department of Homeland Security, apprehended… pic.twitter.com/UPADtiw681
— U.S. Southern Command (@Southcom) January 20, 2026
САД се решени да „обезбедат единствената нафта што ја напушта Венецуела да биде онаа што е координирана на соодветен и законски начин“, соопшти САУТКОМ, додавајќи дека операцијата е спроведена „без инциденти“.
Свет
(Видео) Трамп го прашаа колку далеку е спремен да оди за Гренланд: „Ќе дознаете“
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да прецизира колку далеку е спремен да оди во својот обид САД да го добијат Гренланд, откако новинарите го прашаа за тоа на брифингот во Белата куќа по повод неговата прва година на функцијата.
REPORTER: "How far are you willing to go to acquire Greenland?"
TRUMP: "You'll find out." pic.twitter.com/pWN8YC8GFS
— Fox News (@FoxNews) January 20, 2026
„Ќе дознаете“, одговори Трамп отсечно кога го прашаа колку далеку е спремен да оди Вашингтон во процесот.
Неговите коментари доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу САД и Европа, бидејќи Трамп повторно го засили притисокот околу Гренланд, наведувајќи безбедносни проблеми и се закани дека ќе воведе нови царини за европските земји.
Претседателот на САД најави царина од 10 проценти за стоки од осум европски земји додека не се постигне договор за она што тој го нарече „целосно купување на Гренланд“.
Европа
(Видео) Нова железничка несреќа во Шпанија: машиновозачот загина, 37 повредени
Машиновозачот загина, а најмалку 37 лица се повредени во железничка несреќа во близина на Барселона.
Според локалните власти, возот Родалиес удрил во потпорен ѕид што се урна на пругата помеѓу Гелида и Сант Садурни. Се верува дека четири лица се во критична состојба, изјави портпаролот на регионалната противпожарна служба, Клауди Гаљардо, за новинарите.
Единаесет амбулантни возила се испратени на местото на несреќата во Гелида, околу 35 километри западно од Барселона, потврдија службите за итни случаи. Локалната противпожарна служба соопшти дека 35 противпожарни екипи се испратени на местото на несреќата.
Повредените се однесени во блиските болници. Лошото време го стави поголемиот дел од брегот во источна и северозападна Шпанија под висока тревога. Снежни бури беа пријавени и во шпанските Пиринеи, а силни бури беа пријавени покрај брегот на Менорка, каде што брановите достигнаа висина од неколку метри.
Несреќата во Каталонија се случи само два дена по сериозниот судир помеѓу два брзи воза во Адамуз, Андалузија. Најмалку 42 лица загинаа во таа несреќа кога вагоните на воз што се движеше кон Мадрид излетаа од шините, преминаа на спротивната пруга и се судрија со брз воз што доаѓаше од спротивната насока.

