Свет
Јапонскиот премиер Нода најсиромашен од сите негови претходници
Актуелниот јапонски премиер Јошихико Нода е најсиромашниот меѓу претседателите на јапонските влади од 1984 година кога таквите податоци почнаа да се објавуваат.
Актуелниот јапонски премиер Јошихико Нода е најсиромашниот меѓу претседателите на јапонските влади од 1984 година кога таквите податоци почнаа да се објавуваат.Капиталот на јапонскиот премиер се проценува на 17,74 милиони јени (230 илјади долари), а просечниот капитал на членовите на неговиот кабинет е проценет на 50 милиони јени (649 илјади долари). Овие податоци за материјалниот статус на членовите на кабинетот на премиерот Нода, денеска ги објави јапонската влада.Финансиската состојба на Јошихико Нода е, на пример, многу поскромна во однос на првиот премиер од Демократаската партија, Јукио Хатојама, чие богатство се проценува на 1,44 милијарди јени (18,7 милиони долари) или на последниoт шеф на јапонската влада од Либерално-демократската партија, Таро Асо, кое е проценето на 455 милиони јени (5,9 милиони долари). Имајќи предвид дека семејството на премиерот Нодa е оптоварено со градежен кредит во висина од 33,85 милиони јени (439 илјади долари), навистина се чини дека неговата финансиска состојба е незавидна.Покрај тоа, во актуелната јапонска влада во моментов составена од 18 министри, којашто претендира да стане најсиромашниот владин кабинет по кабинетот на министри предводен од претходникот Наото Кан, Јошихико Нода е на 14-то место. Целиот негов имот се состои од домот во префектурата Тиба и земјиштето под него, како и штедната книшка на неговата сопруга на којашто има депонирано 2,6 милиони јени (33 илјади долари).Скромната состојба на Јушихико Ноди одговара на имиџот на актуелната влада и премиерот, како скромни и трудиољубиви работници, што тој сака да го изгради. Нода веднаш по неговиот избор за премиер изјави оти не сака да се смета дека ја фатил „златната рипка“, туку сака да го гледаат како рибар на обични мрени, кој не се плаши од напорната работа. Изминатиот месец откако е на функцијата, Нода остави впечаток на политичар кој ги избегнува помпезните фрази, многу гласност во работата и блескави костуми. Јапонските медиуми обрнуваат внимание на фактот дека ден по формирањето на владата, новиот премиер како ништо да не се случило отишол во најефтината експрес-берберница со мотото „Стрижам за 10 долари за 10 минути“, каде што се потстрижувал уште додека беше министер за финанси./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Турски борбени авиони соборија дрон „надвор од контрола“ во близина на брегот на Црното Море
Турција собори беспилотно летало „надвор од контрола“ кое се приближувало до нејзиниот воздушен простор над Црното Море, соопшти во понеделник Министерството за одбрана. Инцидентот се случува по украинските напади врз руските танкери од „флотата во сенка“ покрај турскиот брег и предупредувањата од турските политичари за опасностите од ширење на војната во Украина, објави АП њуз.
Министерството во соопштението наведува дека борбените авиони Ф-16 биле испратени по откривањето на објектот. „За да се избегне каква било потенцијална штета, тој бил соборен во безбедна зона надвор од населените области“, се додава во соопштението. Во соопштението не се дадени дополнителни детали за локацијата или времето на инцидентот.
Украина соопшти дека нејзините поморски беспилотни летала погодиле два танкери на 28 ноември, додека трет брод бил погоден на 2 декември додека се движел кон турското пристаниште Синоп. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди претходните напади како закана за „безбедноста на навигацијата, животите и животната средина, особено во нашата ексклузивна зона“.
Свет
Лукашенко: Мадуро е добредојден во Белорусија ако ја напушти функцијата
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро би бил добредојден во Белорусија доколку ја напушти функцијата, но дека за ова прашање не е разговарано со Мадуро, според цитат од интервју за американскиот новински канал Newsmax објавен во понеделник на канал на Телеграм поврзан со администрацијата на Лукашенко.
Тензиите се зголемија меѓу САД и венецуелската влада, при што САД распоредија воени сили во јужниот дел на Карибите, напаѓајќи бродови за кои се тврди дека носат наркотици.
Закани за воена интервенција
Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека наскоро може да започне копнени операции во Венецуела.
Венецуелската влада вели дека САД бараат промена на режимот за да ги преземат огромните нафтени резерви во земјата.
Притисокот од САД речиси го парализира извозот на венецуелска нафта од минатата недела, при што само танкерите изнајмени од „Шеврон“ што носат венецуелска сурова нафта во САД отпловиле со претходно одобрение од Вашингтон, покажуваат записите.
Свет
(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл
Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти насип по една недела континуирани и обилни дождови. Наредбата на округот Кинг се однесува на домовите и бизнисите во делови од Кент, Обрн и Туквила, источно од реката Грин.
Во исто време, Националната метеоролошка служба (NWS) издаде предупредување за ненадејни поплави за речиси 47.000 луѓе. Пробивањето на насипот се случи по една недела рекордно високи нивоа на водата, што веќе предизвика масовни евакуации.
Рекордните врнежи од дожд предизвикуваат хаос
Невообичаено моќен временски систем, познат како „атмосферска река“, донесе повеќе од 30 сантиметри дожд, зголемувајќи го нивото на реките низ целата држава, сè до канадската граница, на опасни нивоа. Бројни лизгања на земјиштето опустошија населени подрачја, уништувајќи домови и оставајќи семејства заробени на покривите додека чекаа да пристигнат спасувачките екипи.

