Свет
Мали шанси за спасување на руската сонда

Мали се шансите за спасување на руското беспилотно вселенско летало, кое заради дефект остана во орбитата на Земјата, а доколку не стартуваат моторите, тони опасно токсично гориво ќе паднат на Земјата.
Мали се шансите за спасување на руското беспилотно вселенско летало, кое заради дефект остана во орбитата на Земјата, а доколку не стартуваат моторите, тони опасно токсично гориво ќе паднат на Земјата.
„Минатата ноќ(меѓу четврток и петок) преземени се повеќе обиди за добивање на телеметриски податоци од леталото. Ниту еден не вроди со плод. Изгледите за спасување на сондата се многу, многу мали“, изјави за агенцијата Интерфакс неименуван извор.
Вселенското летало „Фобос-Тло“ беше лансирана во вторникот вечер од рускиот космодром Бајконур во Казахстан со помош на ракетата Зенит 2. Во план беше да отпатува до Фобос, месечината на Марс и од таму да земе примероци од тлото.
Сондата се одвои од ракетата, но нејзините мотори не се активираа и остана во орбитата на Земјата.
Се претпоставува дека моторите не работат заради дефект на навигацискиот систем на вселенската сонда. Експертите се обидуваат да ја ресетираат компјутерската програма на леталото за да може да проработи пред да се испразнат батериите.
Астрономите аматери први ги забележале проблемите бидејќи забележале дека сондата не ја напушта орбитата на Земјата.
Последниот во серијата проблеми со лансирањето на вселенски бродови, ги пробуди стравувањата од состојбата во руската вселенска индустрија. Руската вселенска агенција соопшти дека ќе воспостави сопствена инспекција за контрола на квалитетот во фабриката за лансирни ракети.
„Фобос-Тло“, со вредност од 179 милиони долари, е прва интерпланетарна мисија на Русија откако во 1996 година пропадна нејзината роботска мисија на Марс. Тогаш беспилотното вселенско летало се урна на Земјата набрзо по полетувањето заради дефект на моторот.
Ако контролорите на летање не успеат да ги поправат системите на „Фобос-Тло“, тоните негово исклучително токсично гориво може да паднат на Земјата, предупредуваат експертите.
Конструкторот на сондата, руската компанија „Лавочкин“, го опиша своето дело како најтежок вселенски брод на сите времиња, при што најголемиот дел од неговата тежина – 13,2 метрички тони – е горивото. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Судот на правдата на ЕУ: Изгубен миленик на лет се смета како изгубен багаж

Судот на правдата на Европската унија донесе одлука дека домашните миленици кои се превезуваат со авион се сметаат за „багаж“, а не за патници.
Одлуката следи по случај во кој куче исчезнало при пренос до авион на лет од Буенос Аирес до Барселона, по што сопственичката побарала 5.000 евра отштета.
Судот оцени дека, според Монреалската конвенција, авиокомпанијата не е должна да исплати поголема отштета од онаа предвидена за изгубен багаж, освен ако патникот претходно не доставил специјална изјава за вредноста на пратката.
Во одлуката учествувале и двајца претставници од Хрватска – судијата Синиша Родин и адвокатката Тамара Ќапета.
Свет
Евакуирано средно училиште во Италија по истекување на амонијак

Во италијанскиот град Пескара беше евакуирано државното средно училиште „Маркони“ откако во просториите се почувствувал силен мирис од непознато потекло, поради што на многумина им се слошило.
Според италијанските медиуми, повеќе од 1.000 ученици биле итно евакуирани, а неколкумина се хоспитализирани, меѓу нив и пожарникари кои пристигнале на интервенција, пренесе „ТВ Раи“.
Првичните информации укажуваат дека причината најверојатно е истекување на амонијак од лабораторијата, иако не се исклучува ниту можноста за цурење гас од климатизацијата.
Заменичката градоначалничка на Пескара, Марија Рита Карота, нареди итно затворање на училиштето до понатамошна проверка.
Свет
Мерц: Без реформи, Европа ќе стане пиун на Азија и САД

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предупреди дека Европската унија ризикува да ја изгуби својата економска независност ако итно не спроведе реформи за зголемување на конкурентноста.
Во обраќање пред германскиот парламент, во пресрет на самитот на ЕУ во Брисел, Мерц рече дека во наредните години ќе се решава дали Европа ќе остане независна економска сила или ќе стане „пиун на економските центри во Азија или Америка“.
Тој ја повика ЕУ да го намали бирократскиот товар за компаниите, да го зајакне единствениот пазар и да потпише нови трговски договори, особено со јужноамериканскиот блок Меркосур до крајот на годината.
Мерц се соочува со растечки притисок дома поради економската стагнација во Германија, која се влошува поради царинските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој истакна дека решенијата за европската економија веќе постојат во извештаите на Марио Драги и Енрико Лета, кои предлагаат продлабочување на внатрешниот пазар и јакнење на конкурентноста, додавајќи дека тие препораки треба веднаш да станат дел од агендата на Европската комисија.