Свет
Комитетот на ОН поделен во врска со приемот на Палестина
Комитетот на Советот за безбедност на Обединетите нации во петокот соопшти дека не успеал да постигне договор за палестинската пријава за прием во полноправно членство во светската организација, изјави португалскиот амбасадор во ОН.
Комитетот на Советот за безбедност на Обединетите нации во петокот соопшти дека не успеал да постигне договор за палестинската пријава за прием во полноправно членство во светската организација, изјави португалскиот амбасадор во ОН. Одлуката на комитетот на Советот за безбедност за палестинскиот прием го доведе обидот Обединетите нации да ја признаат палестинската држава на териториите на Западниот брег и во појасот Газа уште поблиску до целосен неуспех. Сега Палестинците кои досега не успеаја да ги обезбедат потребните девет гласови во Советот за безбедност, мора да решат дали ќе бараат гласање за нивната кандидатура во Советот. Според дипломатски извори на Reuters во седиштето на Обединетите нации, палестинската страна досега успеала да обезбеди осум гласови. Доколку палестинската делегација се реши да инсистира на гласање пред да обезбеди девет гласови, САД нема да мораат да го искористат правото на вето, велат изворите. Во нацрт извештајот на комитетот во кој се и претставниците на сите 15 членки на Советот за безбедност детално се зборува за неуспехот на процесот на преговарање. Сега, кога комитетот и формално го одобри извештајот, прашањето за палестинскиот прием според процедурата се враќа пред Советот за безбедност. „Советот ќе го прими тој извештај и ќе расправа за идната иницијатива“, изјави португалскиот амбасадор Хозе Филипе Мораеш Кабрал, кој во ноември претседава со Советот .Доколку Советот за безбедност го одобри барањето, што е малку веројатно имајќи го предвид ветото што го најави американската мисија, Палестинците би требало да добијат двотретинска поддршка од Генералното собрание на ОН, односно гласовите на 129 држави за Палестина да стане полноправна членка на ОН.Повеќето дипломати во Њујорк очекуваат дека Палестинците на крајот ќе бараат унапредување на нивниот статус во ОН, така што од сегашниот статус на набљудувач ентитет, ќе станат набљудувач држава- нечленка, откако ќе бидат завршени дипломатските преговори во Советот за безбедност.Палестинците изјавија дека вака унапредениот статус ќе им овозможи пристап до меѓународните организации како што се Светската здравствена организација (WHO), но и Меѓунaродниот кривичен суд (ICC) каде што би можеле да поднесуваат тужби против Израел.За да се оствари промената на статусот на палестинската страна во ОН, потребно е само 50 отсто плус еден глас од членките на Генералното собрание на ОН, присутни на денот на гласањето. САД не можат да стават вето на ова барање, кое најверојатно би имало успех за палестинската страна, имајќи предвид дека околу 120 земји претходно изјавија дека ја признаваат палестинската држава.Пред десет дена Генералната конференција на Агенцијата на Обединетите нации за образование, наука и култура – УНЕСКО во Париз гласаше за прием на Палестина во организацијата. Приемот на Палестина во УНЕСКО тогаш го поддржаа 107 земји, а против гласаа 14. За прием на нова членка потребни се две третини од гласовите од 193-те земји на УНЕСКО.Претседателот на палестинската автономна самоуправа, Махмуд Абас, официјално побара од ОН да го прифати полноправното членство на палестинската држава во текот на неговиот говор во седиштето на ОН во Њујорк на 23-ти септември, а истиот ден барањето го предаде и на Генералниот секретар на светската организација Бан Ки-Мун.САД претходно водеа интензивна но на крајот и неуспешна дипломатска кампања за да ги убедат Палестинците да отстапат од барањето за признавање на нивната државност во ОН.Абас одбива да се врати на директните преговори со Израел сé додека тие не се водат според принципот на две држави – Палестина и Израел – во рамките на границите кои постоеле пред арапско-израелската војна од 1967 година. Лидерот на ПЛО и на ПНА, исто така, бара еврејската држава итно да престане со изградбата на населбите на окупираниот Западен Брег и во Источен Ерусалим.Израел, пак, одбива да се врати во границите од 1967 година и поделба на Ерусалим со Палестинците, кого го прогласи за своја „вечна и неподелена престолнина“./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Трамп за Макрон: Никој не го сака во „Комитетот за мир“
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини од 200 проценти за француските вина и шампањи поради одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да ја отфрли поканата на американскиот лидер да се приклучи на неговиот проект „Комитет за мир“.
Комитетот првично беше замислен да ја надгледува реконструкцијата на Газа, но сега се чини дека е проширен на поширока платформа за решавање на глобалните конфликти, пишува „Политико“.
Reporter: Have you invited Putin to be a member of the board of peace?
Trump: Yes
Reporter: Can you respond to Macron saying he will not join the board of peace?
Trump: Nobody wants him… I’ll put a 200% tariff on his wines and he’ll join pic.twitter.com/A3a1fXybks
— Acyn (@Acyn) January 20, 2026
Кога еден новинар го праша за ставот на Макрон, Трамп рече:
„Па, никој не го сака затоа што наскоро ќе ја напушти функцијата. Ќе воведам царина од 200 проценти за неговите вина и шампањи, и тој ќе се приклучи, но не мора да се приклучи“, додаде Трамп.
Комитетот првично беше замислен да ја надгледува реконструкцијата на Газа, но сега се чини дека е проширен на поширока платформа за решавање на глобалните конфликти, пишува „Политико“.
„Добро. Ако се однесува непријателски, ќе ставам царина од 200% на неговите шампањи и вина. Потоа тој ќе се придружи. Ако навистина го кажал тоа, веројатно ми го пренесовте малку поинаку. Но, како што знаете, тој нема да биде претседател за неколку месеци“, рече Трамп.
Фото: ЕПА
Регион
Вучиќ од Давос: Светот оди во луда насока
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во Давос, каде што се одржува Светскиот економски форум, дека претстојат тешки времиња бидејќи светот оди во „луда насока“ поради конфликтот меѓу ЕУ и САД околу Гренланд.
Вучиќ рече дека не може да зборува за некои важни прашања до утре во 15 часот, но нагласи дека српската делегација ги сослушала Урсула фон дер Лајен и кинеската делегација во Давос.
Тој рече дека го запишал она што го кажала фон дер Лајен, наведувајќи дека веќе разговарал за тоа со Бренер и дека му се чинело дека таа го дели неговото мислење за она што го кажала и за последиците од она што го кажала претседателката на Европската комисија.
Урсула, вели Вучиќ сакаше да нагласи, го повтори двапати, дека таканаречениот политички развод меѓу Америка и ЕУ е траен. Таа, исто така, рече дека санкциите на САД се грешка и дека одговорот на ЕУ на нив ќе биде пропорционален и непоколеблив, пренесуваат медиумите во соседството.
Како што објасни Вучиќ, сигурно ќе следат големи геополитички последици и тој не би ја исклучил можноста за вклучување на Норвешка во ЕУ.
„Разговарав со Георгиева, таа е од Бугарија, но живее во Вашингтон и е подготвена да ни помогне. Таа смета дека нема да се постигне договор меѓу ЕУ и Америка, а јас верувам дека нема. Исто така, очекувам силен одговор од Трамп во спротивна насока од ова“, рече Вучиќ.
Претседателот на Србија истакна дека сè уште пред Србија има период во кој треба да се разгледа како ќе се справи со Европа и како ќе се справи со Америка.
„Многу, многу проблеми. Светот оди во луда насока, но мора да го зачуваме мирот и економијата“, рече Вучиќ, нагласувајќи дека на јавноста треба да ѝ се каже во која насока се движат работите. А тие не се движат во вистинската насока, додаде тој.
Одговарајќи на новинарските прашања, тој објасни дека она што го кажа претседателката на Европската комисија значи дека работите никогаш нема да се вратат како што беа.
„Она што го гледам е дека Европа ќе оди право, но мојот заклучок е дека ЕУ не е подготвена воено да го брани Гренланд“, рече Вучиќ.
„Светот се распаѓа и никогаш повеќе нема да биде ист. Погледнете ја изјавата на Дугин, каде што ќе се негира суверенитетот на малите земји, без разлика дали ќе припаѓаат на блок или не, а ние сакаме да го зачуваме нашиот суверенитет. Важно е да разговараме со сите“, нагласи Вучиќ.
Тој, според написите, опиша дека во Давос веќе владее хаос, бидејќи има огромен сообраќаен метеж и во сите сали каде што се одржува економскиот форум.
Сепак, како што вели, утре се очекува целосен колапс поради американската делегација и претседателот Доналд Трамп.
Вучиќ истакнува дека овој пат Трамп ја носи со себе најголемата делегација што ќе ги пополни сите места во салата каде што се одржуваат говорите.
Свет
„Односите меѓу САД и Европа никогаш не биле поблиски“: Министерот за финансии на САД во Давос
Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, денес изјави дека односите на САД со Европа остануваат силни и ги повика трговските партнери да „воздивнат длабоко“ и да дозволат тензиите предизвикани од новите закани за царини на администрацијата на Доналд Трамп во врска со Гренланд „сами од себе да се решат“.
„Не мислам дека нашите односи некогаш биле поблиски“, рече Бесент, зборувајќи на маргините на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
Во саботата, американскиот претседател Доналд Трамп објави воведување на данок на увоз од 10 проценти, почнувајќи од февруари, за стоки од осум европски земји кои застанаа зад Данска по неговите закани дека САД ќе ја преземат контролата врз полуавтономната данска територија Гренланд.
Трамп инсистира дека САД се потребни на таа територија од безбедносни причини, поради можни закани од Кина и Русија.

