Контакт

Свет

Тимошенко инволвирана во убиство на пратеник

Објавено пред

Украинското државно обвинителство има „необорливи докази“ за вмешаноста на поранешната украинска претседателка Јулија Тимошенко во убиството на Евгениј Шчербан, пратеник и бизнисмен во 1996 година, изјави во саботата заменикот претседателот на украинската Рада, Ринат Кузмин.

dobivaj vesti na viber

Украинското државно обвинителство има „необорливи докази“ за вмешаноста на поранешната украинска претседателка Јулија Тимошенко во убиството на Евгениј Шчербан, пратеник и бизнисмен во 1996 година, изјави во саботата заменикот претседателот на украинската Рада, Ринат Кузмин.Во ноември 1996 година, бизнисменот Евгениј Шчербан, кој тогаш ја извршуваше функцијата заменик на претседателот на украинскиот парламент (Радата), беше ликвидиран на аеродромот во источниот град Доњецк. Во нападот беа убиени и неговата сопруга и еден припадник на персоналот на аеродромот. По 2000 година за ова убиство беа уапсени и осудени на затворски казни осум лица. Тројца од нив се осудени на доживотни затворски казни, пишува РИА Новости. Павел Лазаренко кој во периодот 1996-1997 година беше премиер на Украина, е осуден како главниот налогодавец на убиството. Тој моментално отслужува затворска казна во САД поради перење пари. Во интервјуто за украинската телевизија Интер ТВ, заменикот на спикерот на украинскиот парламент, Ринат Кузмин тврди дека „парите префрлени на сметките на убијците потекнуваат од компанијата во сопственост на Лазаренко и Тимошенко“.„Дури, компанијата Somali Enterprises којашто ги префрлала парите за убиството на Шчербан, исто така, префрлала пази за купувањата на Јулија Тимошенко на капути, будни, накит и плаќање на нејзините хотелски и ресторански сметки“.Наталија Лисова, која се јавува како портпарол на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, ги отфрла тврдењата за вмешаност во убиството на Шчербан коментирајќи ги како „обична глупост“. Тимошенко, ќе биде пуштена од затворот во Киев поради лечење во медицинските установи во семјата, бидејќи тоа не е можно во затворот, соопшти во вторникот украинскиот претседател Виктор Јанукович. Случајот Тимошенко предизвика тензии на релација Украина и Европската унија. Претседателот Јанукович е под притисок на ЕУ да ја ослободи лидерката на опозицијата којашто ја победи на претседателките избори во февруари во 2010 година. Тимошенко и нејзините приврзаници тврдат дека станува збор за политички мотивиран процес.Поранешата украинска премиерка Јулија Тимошенко на 11-ти октомври беше осудена на седум години затвор за злоупотреба на овластувањата и положбата при склучување договори за набавка на гас со Русија во 2009 година и во моментов е на издржување на казната. Таа беше притворена во почетокот на август.Тимошенко, исто така, е обвинета и за злоупотреба на положбата во соединето дело по обвинение за нелегално користење на парите добиени од продажбата на квотите за емисија на стакленички гасови доделени на Украина во рамките на Протоколот од Кјото и нелегалното, според украинскиот јавен обвинител, купување на амбулантни возила по повисоки цени. Исто така, уште се води истрага за двата случаи кои се однесуваат на управувањето на Тимошенко со компанијата за увоз на природен гас „Обединети енергетски системи на Украина“ во 1990-те година.Пред две седмици даночната полиција на Украина ги обнови истрагите во четири кривични предмети против поранешната премиерка Јулија Тимошенко, кои се однесуваат на затајување данок во втората половина од 1990-тите, кога таа ја водеше компанијата „Обединети енергетски системи на Украина“.Претходно во средината на октомври, Службата за безбедност на Украина, исто така, соопшти дека иницирала нова кривична постапка против Тимошенко. Според истрагата, овојпат станува збор за долг од 405 милиони долари, кој во 1996 година го сторила корпорацијата „Обединети енергетски системи на Украина“ спрема министерството за одбрана на Русија во периодот кога со неа раководела Тимошенко. Според соопштението на Службата за безбедност на Украина, Тимошенко е обвинета за тоа што како претседател и де факто сопственик на корпорацијата, по претходен договор со поранешниот премиер Павел Лазаренко извршила обид за проневера и оштетување на државниот буџет на Украина во голем обем./крај/рн/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека

Објавено пред

Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.

dobivaj vesti na viber

Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.

Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.

Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.

Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.

Прикажи повеќе...

Свет

Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани

Објавено пред

Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.

dobivaj vesti na viber

Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.

Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.

На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.

Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Израелски министер доживеа сообраќајка: автомобилот превртен

Објавено пред

Автомобилот на министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир се превртел при сообраќајна несреќа.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека во судирот учествувале две возила и дека три лица се пренесени во болница откако биле полесно повредени, додека службениот автомобил на министерот завршил на неговиот покрив.

Од кабинетот на Бен Гвир велат дека министерот е во добра состојба и свесен, но е префрлен на понатамошно лекување во блискиот медицински центар Шамир.

Сликите од местото на настанот покажуваат дека неговото службено возило се превртело, додека друг автомобил бил згмечен напред.

Полицијата соопшти дека ги истражува причините за несреќата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија4 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија5 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ7 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија8 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет9 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет10 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет10 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион11 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет11 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија22 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија22 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија23 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...