Свет
Русија го одложи лансирањето на ракетата Протон
Лансирањето на ракетата „Протон-М“ со холандскиот телекомуникациски сателит SES-4 (NSS-14), кое требаше да се изврши во понеделникот навечер од рускиот космодром Бајконур во Казахстан, е одложено од технички причини, соопшти прес-службата на руската вселенска агенција Роскосмос.
Лансирањето на ракетата „Протон-М“ со холандскиот телекомуникациски сателит SES-4 (NSS-14), кое требаше да се изврши во понеделникот навечер од рускиот космодром Бајконур во Казахстан, е одложено од технички причини, соопшти прес-службата на руската вселенска агенција Роскосмос.Како што се наведува во соопштението што го пренесува РИА Новости, причина за одложеното лансирање кое требаше да се случи во 1941 часот по средноевропско време е замената на опремата и спроведување дополнителни проверки. Според оваа изјава, ракетата била поставена на стартниот комплекс, а потоа транспортирана во делот од космодромот за монтирање и тестови.„На 26-ти декември, при подготовките за лансирање на ракетата носач ’Протон-М’ со ткн горната фаза (бризер) ’Бриз-М’ се јави неисправност кај комплексот на командните уреди за бризерот. директорот на Роскосмос, Владимир Поповкин, одлучи да го одложи лансирањето на ракетата поради технички причини“, се наведува во цитираното соопштение.Сателитот SES-4 (NSS-14), кој го изработи американската компанија „Space Systems/Loral“ за потребите на холандската „New Skies Satellites’, требаше да ги обезбеди телекомуникациските врски меѓу источна Европа, западна Африка и јужна и северна Америка. Ова одложување на лансирање се случува три дена откако беше неуспешно лансиран рускиот телекомуникациски сателит за воени и цивилни цели чии делови паднаа во Сибир, а поради грешка на ракетата „сојуз“, којашто во петокот требаше да го постави во орбитата.Русија на почетокот од ноември за четири часа го одложи лансирањето на ракетата „Протон-М“ со трите навигациски сателити Glonaass, од сличните причини кои се наведени и во овој случај. Русија ги суспендираше сите лансирања на ракетите „Протон-М“ откако сателитот за врски Express-AM-4 во август годинава беше лансиран во погрешна орбита. Руските, медиуми, исто така, го наведуваат и неуспешниот обид за лансирање на воениот сателит Geo-Ik2, од космодромот Плесецк, во февруари, кој исто така беше однесен во погрешна орбита. Покрај тоа, се наведува и неуспешното изведување од орбитата на вселенската станица „Фобос-Грунт“ („Фобос-Почва“) која требаше да донесе материјали од површината на Марсовата месечина Фобос, која по лансирањето на 9-ти ноември откако се оддели од ракетата носач „Зенит-2СБ“ непостигнувајќи го дозволениот максимум на погонот остана во орбитата на Земјата./крај/рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.