Свет
Поради лавини затворен тунелот Мон Блан

Тунелот Мон Блан кој ги поврзува Франција и Италија е затворен во саботата за целиот сообраќај поради опасности од лавини, а оваа ситуација ќе остане најрано до неделата наутро.
Тунелот Мон Блан кој ги поврзува Франција и Италија е затворен во саботата за целиот сообраќај поради опасности од лавини, а оваа ситуација ќе остане најрано до неделата наутро.Тунелот е затворен „од безбедносни причини, и тоа најрано до недела наутро“, соопшти регионалниот центар за информирање за состојбите на патиштата во францускиот департмент Горна Савоја.Центарот, исто така, им советува на возачите кои возат низ покраината Рона-Алпи во правец на Италија, кон Торино и Милано да одат преку тунелот Фрежус.Тунелот Мон Блан, долг 11.611 метри, е еден од најважните транспортни коридори на европскиот континент./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел: Се согласуваме на примирје

Владата на Израел утрово потврди дека го прифаќа предлогот за прекин на огнот што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп.
Во кратката изјава се вели: „Израел ќе одговори одлучно на секое прекршување на примирјето“.
Трамп утрово објави дека официјално стапил во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Иран, а истото беше соопштено и на иранската државна телевизија. Трамп првично околу полноќ ја сподели информацијата за постигнато примирје, но Иран тогаш негираше и истрела нови проектили, пришто загинаа четири лица.
Свет
Иранска ТВ: Трамп го молеше Техеран за примирје

Иранските државни медиуми утринава ја објавија веста за прекинот на огнот што го објави американскиот претседател Доналд Трамп меѓу Иран и Израел, тврдејќи дека примирјето всушност му било наметнато на Израел по, како што велат, успешниот воен одговор на Иран на американската агресија.
Како што потсетуваат, Иран вчера изврши напад врз американската воена база во Катар, како одговор на американските воздушни напади завчера врз иранските нуклеарни постројки.
Во извештајот на иранската државна телевизија се наведува и дека Трамп побарал примирје „на начин што наликува на молење“, обидувајќи се на тој начин да оформи наратив за домашната јавност во која Иран ги совладал своите противници во воена и дипломатска смисла.
Трамп, сепак, на својата социјална мрежа Truth Social претстави сосема поинаква верзија на настаните. Тој тврди дека Израел и Иран му се обратиле речиси истовремено и му порачале: „мир“.
„Знаев дека времето е токму сега“, додаде Трамп во објавата.
Свет
Tрамп објави прекин на огнот: „Примирјето е во сила, ве молам не го кршете“

Американскиот претседател Доналд Трамп утрово објави дека официјално стапил во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Иран.
„Примирјето сега е во сила, ве молам не го кршете! Доналд Џ. Трамп, претседател на САД“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Трамп првично околу полноќ ја сподели информацијата за постигнато примирје, но Иран негираше и истрела нови проектили. Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, по првичната објава рече дека во оваа фаза нема договор за прекин на огнот и дека иранските вооружени сили ќе продолжат да се борат до последен момент. Сепак, тој рече дека Иран е подготвен за примирје доколку Израел ја прекине својата нелегална агресија врз иранскиот народ најдоцна до 4 часот наутро по Техеран.
Во текот на ноќта Иран истрела ракети кон Израел, при што загинаа четири лица, според последните информации.
Подоцна иранската државна телевизија објави дека прекинот на огнот стапил во сила.