Контакт

Свет

Десет убиени и десетици ранети во бомбашки напад во Ирак

Објавено пред

Најмалку десет лица се убиени, а триесет повредени во серијата бомбашки напади во ирачкиот град Бакубах, северно од главниот град,Багдад.

dobivaj vesti na viber

Најмалку десет лица се убиени, а триесет повредени во серијата бомбашки напади во ирачкиот град Бакубах, северно од главниот град,Багдад.Серија од девет експлозии го потресоа Бакубах во средата, јавува Press TV. Засега ниедна милитантна група не ја презеде одговорноста за нападите.Со овие напади всушност продолжува серијата крвави инциденти како што беше оној од 26-ти декември 2011 година, кога загинаа седум лица а 32 беа повредени откако автомобил-бомба експлодираше во близина на ирачкото министерството за внатрешни работи во квартот Баб ал-Шарџи во главниот град.Претходно, на 22-ри декември најмалку 57 лица беа убиени а над 176  ранети во серија најмалку десет експлозии на разни локации во Багдад. За двата напада одговорноста подоцна ја презема ирачката ќелија на глобалната терористичка организација Ал Каеда.Денешните бомбашки напади доаѓаат во време кога официјални лица на ирачката армија изјавија дека се откриени нови детали од страна на специјалната комисија за утврдување на фактите формирана во ноември 2011 година во врска со експлозијата на автомобил-бомба во Багдад, којашто, според нив,  очигледно била насочена против премиерот Нури ал-Малики.На 28 ноември 2011 година, претставници на ирачките безбедносни сили изјавија дека две лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба на паркингот пред ирачкиот парламент во ткн Зелена зона, најдобро обезбедуваниот кварт во Багдад, каде се лоцирани најголемиот број владини објекти и странски дипломатски претставништва. .По овој инцидент за вмешаност во нападот ирачки официјални лица го обвинија ирачкиот потпретседател Тарик ал-Хашеми. Тие. исто така, тврдеа дека целта на нападот бил претседателот на парламентот, Осама Абдул Азиз ал-Нуџајфи. Но подоцна, на 3-ти декември, ирачкиот премиер откри дека тој бил цел на нападот.Ирачките власти потоа издадоа налог за апсење против заменикот претседател Тарик ал-Хашеми, поради сомневање дека е поврзан со терористички групи, а на државната телевизија беше објавено дека неговите тројца телохранители признале оти планирале и изведувале атентати и дека ги финансирал и поддржувал заменикот претседател. Ал-Хашеми ги отфрли обвиненијата против него како фабрикувани клевети и дел од интригите на премиерот Нури ал-Малики, и изрази подготвеност да излезе пред судот во автономната ирачка покраина Курдистан, каде отпатува по издавањето на налогот за негово апсење. Партијата Иракија, која има 82 од 325 мандати во ирачкиот парламент, издаде соопштение, велејќи дека „од саботата тоа претставува суспендирање на нејзиното учество во парламентот и повик за отворање на тркалезна маса за да се најде решение што ќе оди во полза на демократијата и граѓанските институции“.Блокот го обвинува премиерот Малики дека го „монополизира донесувањето на сите одлуки“.Ирачкиот премиер Нури ал-Малики предупреди дека ќе назначи нови министри, доколку актуелните од партијата Иракија не присуствуваат на седниците на владиниот кабинет. Ирачкиот премиер, исто така, ги повика сите политички групи во земјата да помогнат во решавањето на кризата во земјата.Иракија претставува политичка коалиција составена од Партијата за обнова на Хашими, Ирачката национална листа предводена од поранешниот премиер Ијад Алави и Ирачкиот фронт за национален дијалог предводен од Салех ал-Мултаг./крај/птв/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Иран со дрон погоди пристаниште во Оман

Објавено пред

Во Оман, во ирански напад со дрон е погоден резервоар за гориво во пристаништето Дукам, објави државната новинска агенција на таа земја.

dobivaj vesti na viber

„Штетата е ставена под контрола и нема човечки жртви“, се наведува, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор.

Истото пристаниште било цел на напад и за време на викендот, кога според извештаите бил повреден еден работник. Објавена е и снимка од ударот.

Во соседен Катар вчера беше запрено производството на течен природен гас по ирански напади врз дел од постројките, додека Саудиска Арабија ја суспендирала работата во својата најголема домашна рафинерија.

Оман со години е клучен посредник во разговорите меѓу САД и Иран, а последниот круг преговори бил одржан минатиот месец токму таму.

Прикажи повеќе...

Свет

Багеи: Иран во моментов е единствената преостаната сила што се спротивставува на злото

Објавено пред

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Иран во моментов е единствената преостаната сила што се спротивставува на злото и рече дека „вечен срам“ ќе ги снајде оние што тврдат дека ја следат дипломатијата, но, соочени со аргументите на Иран, попуштија и решија да прибегнат кон воени средства.

dobivaj vesti na viber

Тој нагласи дека Техеран верува дека е посветен на хуманитарните принципи, пренесува „Ал Џезира“.

„Ционистичкиот режим не се воздржува од никаков злобен чин. Ги молам моите арапски пријатели внимателно да размислат. Режимот не се двоуми да го прошири опсегот на војната, да го расипе угледот на Иран и да изврши злосторства во други земји“, додаде Багеи, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Свет

Песков: Путин вложува напори за намалување на тензиите на Блискиот Исток

Објавено пред

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ги продолжува напорите за намалување на тензиите на Блискиот Исток и најави дека рускиот лидер денес ќе одржи меѓународен телефонски разговор. „Претседателот денес треба да има уште еден меѓународен телефонски разговор. Ќе објавиме релевантни информации и повеќе детали малку подоцна“, изјави Песков за новинарите, објави РИА Новости.

dobivaj vesti na viber

Според него, Путин вчера разговарал со лидерите на Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин и Саудиска Арабија и во сите разговори, ситуацијата на Блискиот Исток била главна тема, а рускиот претседател ја пренел својата длабока загриженост за нападот врз иранската инфраструктура, што станало централна точка на разговорот.

„Вчера разговаравме со практично сите наши соговорници дека Путин ќе ја пренесе својата длабока загриженост за нападот врз нивната инфраструктура на нашите колеги во Иран, користејќи го дијалогот што го водиме со иранското раководство“, рече Песков.

Тој негираше дека Путин има какви било планови да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп. „Не, во моментов нема планови за разговор со Трамп“, рече Песков, нагласувајќи дека Путин нема такви настани на својот распоред.

Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток, Песков нагласи дека Русија останува посветена на принципите на меѓународното право и почитувањето на суверените држави, коментирајќи ги заканите на сенаторот Линдзи Греам кон Куба по воените операции на САД против Иран.

Песков рече дека Русија отфрла какво било мешање во внатрешните работи на други земји и смета дека таквите дејствија се некомпатибилни со меѓународното право.

„Искрено, претпочитаме да не зборуваме за ова. Ние сме поддржувачи на меѓународното право. Министерството за надворешни работи е посветено на принципите на почитување на суверените држави и на принципот на немешање во нив како внатрешно прашање. Ова е суштината на нашата позиција и претпочитаме да се придржуваме до неа. Сè друго го сметаме за некомпатибилно со принципите на меѓународното право“, изјави Песков пред новинарите, пренесува Танјуг.

Песков, исто така, рече дека е малку веројатно дека во овој момент ќе се одржи трилатерален состанок во Абу Даби во врска со украинското решение.

„Јасно е дека е малку веројатно дека сега можеме да разговараме за можноста за состанок во Абу Даби токму од очигледни причини. Сè уште не е јасно каде и кога ќе се одржат разговорите. Штом ќе биде јасно, ќе ве информираме“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија53 минути

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија54 минути

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија1 час

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија2 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија2 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија4 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија4 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија4 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет6 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет6 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет6 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет7 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет7 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет8 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет8 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија16 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија17 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ18 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија20 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...