Свет
Последна фаза од гласањето во Египет
Египќаните во средата наутро продолжуваат да гласаат во третата и последна фаза од парламентарните избори во преостаната третина од земјата, за Народното собрание (долниот дом на парламентот).
Египќаните во средата наутро продолжуваат да гласаат во третата и последна фаза од парламентарните избори во преостаната третина од земјата, за Народното собрание (долниот дом на парламентот). Гласањето од оваа фаза се одвива во последните девет египетски провинции: Калјуби, , Ел-Минија, Ал-Гарби, Дакахли, Северен и Јужен Синај, Кене, Матрух и Ел-Вади Ел-Гедид. Во овие провинции се отворени вкупно 15.175 избирачки места, а правото на глас може да го остварат повеќе од 14 милиони египетски граѓани. Во третата фаза на изборите се гласа во црвеноморските најпознати летувалишта на Јужен Синај, како што е прочуеното летувалиште Шарм ел-Шеик, како и проблематичниот во последниве месеци регион на Северен Синај, во непосредна близина до границата на Израел и појасот Газа. Покрај тоа, во оваа фаза ќе гласаат и најголемите заедници на христијанските Копти кои ги населуваат областите во Горен и Среден Египет.Вториот круг од оваа фаза во истите изборни единици ќе се одржи на 10-ти и 11-ти јануари. Официјалните конечни резултати од парламентарните избори ќе бидат објавени на 13-ти јануари, а на 29-ти јануари треба да започнат изборите за горниот дом на египетскиот парламент.Во пресрет на првиот ден од гласањето во третата фаза, египетската Централна изборна комисија доби жалби за различни повреди на процесот на гласањето коишто биле евидентирани од набљудувачи. Особено, тие се однесуваат на тоа што набљудувачите на многу избирачки места нашле незапечатени изборни кутии или агитатори за различни партии и за независни кандидати. Покрај тоа, судиите коишто требаа ја обезбедат контролата врз процесот на гласањето доцнеле по неколку часа на своите работни места.Парламентарните избори во три фази, кои започнаа во Египет на 28-ми ноември 2011 година, се одржуваат во 27 египетски провинции. Првата седница на Народното собрание на Египет треба да се одржи на 23-ти јануари.Според резултатите од првите две фази на гласањето, со голема предност во водство се исламистичките партии. Партијата на движењето Муслиманско братство, Партијата за слобода и правда и партијата Ан-Нур (на салфитите), заедно освоија 65 отсто од гласовите на избирачите. Блокот од секуларни партии Ал-Кутлу е трет, а најстарата партија во Египет – Вафд, е на четвртото место според освоените гласови.Одѕивот на гласачите во првата и втората етапа од парламентарните избори во Египет, 28-ми и 29-ти ноември, како и на 14-ти и 15-ти декември, изнесуваше, 52 односно 67 отсто.Во претходните фази исламските и секуларните партии постојано разменуваа меѓусебни обвинувања за нерегуларности на избирачките места. Приговорите главно се однесуваат за агитирање за кандидатите на денот на изборите, заплашување на гласачите и доведување на гласачите во заблуда, како и пополнување на гласачките ливчиња за стари лица или неписмени гласачи.Секуларни партии стравуваат дека доколку на изборите победат исламистите, оти ќе се формира парламентарна уставна комисија за да го подготви новиот устав на Египет. Исламски устав може да го стави Египет на патот на религиозниот фундаментализам, убедени се ривалите на исламските партии.Исламисти, исто така, ги обвинуваат организаторите на избори, тврдејќи дека дозволува жени и млади лица на самите избирачки места да зборуваат за намалување на правата и малтретирање, коишто наводно се очекуваат во случај на победа на исламистичките партии.Египќаните првпат по падот на режимот на Хосни Мубарак избираат членови на парламентот. Според избирачкиот список, во Египет прав на глас имаат околу 49,.2 милиони лица на возраст над 18 години.Парламентот на Египет ќе треба да формира уставна комисија составена од 100 лица коишто ќе работата на развивање на новиот устав на земјата. Проектот за новиот устав потоа ќе биде предложен за одобрување на референдум. По усвојувањето на новиот устав, во Египет треба да се одржат претседателските избори. Конечниот трансфер на власта во земјата којашто во моментов е концентрирана во Врховниот совет на вооружените сили врз избраното цивилно раководство мора да биде заокружен не подоцна од 30 јуни годинава/крај/рн/мф/сн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уапсен уште еден осомничен за терористичкиот напад во Москва
Уште едно лице е уапсено во врска со терористичкиот напад на градското собрание Крокус во Москва на 22 март, соопшти денеска за „ТАСС“ портпаролот на полицијата.
„Уапсен е уште еден потенцијален осомничен во случајот со терористичкиот напад на Крокус. Инспекторите ја испитуваат неговата улога во тој напад“, изјави претставник на полицијата.
Полицијата уапсила државјанин на Таџикистан. Досега во врска со случајот се уапсени 11 лица, меѓу кои и четворица извршители на нападот.
Според последните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва загинале 145 лица.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.