Свет
Убиен лидер на православна заедница во Јафа

Лидерот на локалната православна заедница во Јафа во Израел убиен е со нож по Божикната парада, а дел од локалните медиуми јавија дека напаѓачот бил облечен како Дедо Мраз.
Лидерот на локалната православна заедница во Јафа во Израел убиен е со нож по Божикната парада, а дел од локалните медиуми јавија дека напаѓачот бил облечен како Дедо Мраз.„Еден арапски христијанин на возраст околу педесет години убиен е со нож од непознат напаѓач, кој побегнал од местото на злочинот“, изјави полициската портпаролка Луба Самри.Таа додаде дека нападнатиот човек во тешка состојба бил пренесен во Медицинскиот центар Волфсон, каде што им подлегнал на повредите.На прашањето дали жртва била свештено лице, Самри одговорила дека тој ја предводел групата од православни верници и дека инцидентот се случил при завршувањето на божиќниот марш.Полицијата нема докази дека нападот е извршен врз националистичка или верска основа, но интензивно се истражуваат сите околности за убиството. /крај/т/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ирански амбасадор: Не сме му благодарни на Трамп за прекинот на огнот

Иранскиот амбасадор во Велика Британија, Сајед Али Мусави, даде интервју за Скај њуз порано денес.
Со оглед на тоа што Иран претрпе повеќе штети и жртви од Израел во конфликтот, Мусави беше прашан дали е благодарен на американскиот претседател Доналд Трамп за договорот за прекин на огнот.
„Воопшто не, воопшто не“, одговори тој. „Бидејќи американскиот режим, како агресорски режим… знаете, имаме меѓународно право, имаме Повелба на Обединетите нации“.
Тој додаде дека има многу средства и начини за мирно решавање на споровите.
„Бевме подготвени да ги отстраниме сите двосмислености и недоразбирања“, рече тој.
„Слушајте, ако сакате да извршите злосторство против мојата земја, а од друга страна, треба да му се заблагодарам на агресорот? Тоа е многу смешно“, објасни Мусави.
Свет
Руте: Мора да направиме повеќе, незамисливо е Русија да нè престигне во вооружување

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека е незамисливо Русија да го надмине западниот воен сојуз во областа на военото производство, објавува агенцијата dpa и потсетува дека НАТО се подготвува официјално да објави голем скок на трошоците за одбрана.
„Мора да направиме повеќе. Едноставно е незамисливо Русија, чија економија е 25 пати помала од НАТО, да нè престигне во производство и вооружување“, рече шефот на НАТО пред важниот самит во Хаг.
„Мора да трошиме повеќе за да спречиме војна. Мора да ја добиеме оваа нова војна во производството“, нагласи Руте.
Според него, постои целосна посветеност од американскиот претседател Доналд Трамп и високото американско раководство во НАТО. Додаде дека, сепак, таквата поддршка доаѓа со очекување европските земји и Канада да трошат повеќе за одбрана.
Лидерите на 32-те членки на НАТО се собираат денес и утре на историски самит во Хаг, каде што се очекува да потврдат зголемување на трошоците за одбрана на пет проценти од БДП до 2035 година.
Членовите на Алијансата неодамна се согласија за нови цели поврзани со зајакнување на одбранбените капацитети, односно најголемото вооружување од Студената војна, за да се издржи евентуален напад од Русија. Русија, која е во војна со Украина повеќе од три години, значително го зголеми военото производство, што предизвика стравувања дека би можела да одлучи да нападне територија на НАТО за неколку години.
Свет
Израел ги укина сите ограничувања за граѓаните

Израелската војска соопшти дека сите региони во земјата се вратиле на нормални активности без ограничувања од 20 часот (19:00 часот по локално време).
„По проценката на ситуацијата и одобрението од министерот за одбрана Израел Кац, беше одлучено дека промените во одбранбените упатства на Командата на домашниот фронт ќе бидат спроведени веднаш, со почеток во 20 часот“, се вели во соопштението.
„Како дел од промените, сите области во земјата ќе продолжат со нормални активности без ограничувања.“
Се вели дека заедниците во близина на Појасот Газа „остануваат предмет на упатствата на Јужната команда“.
Ваквата одлука доаѓа по договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Иран.