Свет
Кина умерено критична во врска со новата воена стратегија на САД
Ширењето на воената присутност на САД во Азија се темели на погрешна процена на намерите на Кина за осовременување на воената одбрана, соопшти во понеделникот Пекинг заземајќи умерено критичен став во својот прв официјален одговор на американскиот стратешки план.
Ширењето на воената присутност на САД во Азија се темели на погрешна процена на намерите на Кина за осовременување на воената одбрана, соопшти во понеделникот Пекинг заземајќи умерено критичен став во својот прв официјален одговор на американскиот стратешки план.САД мината седмица ја објавија својата одбранбена стратегија којашто предвидува зголемување на американските воени капацитети во Азија во обидите на Вашингтон да се спротистави на растечките соодветни капацитети на Кина којашто е сé повеќе способна да му парира на САД во регионот. „Обвинувањето за сметка на Кина во документот нема основа и во својата основа е нереално. Кина се придржува на патот на мирен развој, независна и мирољубива надворешна политика и дефанзивна национална одбранбена политика“, го цитира Reuters портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Лиу Веимин на редовната прес-конференција во Пекинг одговарајќи на прашањето од тамошните државни медиуми дали Кина претставува опасност за безбедноста на САД.„Модернизацијата и развојот на нашите сили на националната одбрана се во склад со развојот на Кина и објективните безбедносни потреби. Тоа е активниот фактор на промовирање на мирот и стабилноста во регионот и не претставува опасност за ниедна земја“, додава Веимин. Кај политичарите во САД и Азија расте загриженоста за кинескиот воен развој последните години, додека Пекинг е загрижен дека новата воена стратегија на Вашингтон, по повлекувањето од војните во Ирак и во Авганистан, ќе има цел да се опкружи и забави експанзијата на Кина./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

