Свет
Потсекретарот на италијанскиот премиер поднесе оставка заради корупција
Новата влада на италијанскиот премиер Марио Монти денеска ја претрпе првата етичка жртва со оставката на владиниот потсекретар Карло Малинконико, поднесена бидејќи се открило дека бесплатно престојувал во едно луксузно летувалиште.
Новата влада на италијанскиот премиер Марио Монти денеска ја претрпе првата етичка жртва со оставката на владиниот потсекретар Карло Малинконико, поднесена бидејќи се открило дека бесплатно престојувал во едно луксузно летувалиште.Иако тврди дека не направил ништо лошо, Малинконико денеска поднесе оставка.Италијанските медиуми пренесоа дека тој е под истрага заради корупција во 2007 и 2008 година, кога беше генерален секретар во владата на Романо Проди.Како што соопшти самиот Малинконико, тој минал неколку викенди во хотелот „Ил Пеликано“ во луксузното италијанско летувалиште Порто Ерколе, каде ноќевање чини и до 2.500 евра.Како што наведе Малинконико, тој познаникот Анѓело Балдучи го замолил во среде сезона да му резервира соба во тој хотел, а потоа открил и дека Балдучи платил.Балдучи во тоа време бил претседател на една комисија за јавни работи, а вмешан е во корупциски скандал во врска со организирањето на самитот на Групата осум(Г8) во 2009 година во Аквила.Според медиумите кои се повикуваат на снимени телефонски разговори, еден бизнисмен, кој исто е под истрага во случајот Г8, му дал на Балдучи готовина со која ги платил сметките на Малинконико.Малинконико тврди дека никогаш не му направил никаква услуга на Балдучи, ниту, пак, на бизнисменот Франческо Марија Де Вито Пишчичели, заради што тие за возврат би му ја платиле сметката.Монти во денешното соопштение се заблагодари на Малинконико за „чувството за одговорност бидејќи го ставил јавниот интерес пред секој друг“. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.