Свет
Москва во ОН предаде нова верзија на резолуцијата за Сирија
Русија во понеделникот навечер на нејзините партенри во Советот за безбедност при Обединетите нации им ја подели новата верзија од нејзиниот предлог за резолуцијата за Сирија, изјавија за AFP дипломатски извори од светската организација.
Русија во понеделникот навечер на нејзините партенри во Советот за безбедност при Обединетите нации им ја подели новата верзија од нејзиниот предлог за резолуцијата за Сирија, изјавија за AFP дипломатски извори од светската организација. Во текстот кој според изворите суштински не ги менува руските ставови за ситуацијата во Сирија, во вторникот попладне ќе разговараат експертите на членките на Советот за безбедност на ОН. „Руската делегација наведе дека поделила нов план“, изјавил за агенцијата еден германски портпарол, непрецизирајќи ја содржината на новата предлог-резолуција на Кремљ за Сирија, додавајќи дека „време е Советот за безбедност да води сериозни преговори“ за репресијата во Сирија. Друг западен извор за агенцијата прецизирал дека новиот руски текст претставува компилација на амандманите коишто ги предложија другите членки на Советот, без видлив напредок. „Станува збор за нов маневар за одолговлекување. Сега барем имаме јасна основа за работа за евентуалните преговори, доколку Русите покажат дека ги сакаат“, додал соговорник на AFP.Откако Русија и Кина вложија вето на планот на резолуцијата на Обединетие нации за Сирија во октомври минатата година, Москва кон средината на декември го изложи планот на нацрт-резолуцијата со којашто се осудува насилството на власта на претседателот Башар ал-Асад и насилството на опозицијата. Меѓутоа, западните сили тој текст на резолуцујата го оценија како преблаг.Според последните податоци на ОН, од средината на март минатата година кога избувнаа протестите против претседателот на претседателот ал-Асад, загинале најмалку 5.400 луѓе. Власта, пак, тврди дека во судирите загинале околу две илјади луѓе, од кој најмногу се припадници на безбедносните сили кои се цел на „терористички групи уфрлени од странство“./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за Бед Бани: Најлош настап досега и навреда за американската величина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, остро го критикуваше настапот на порториканскиот пејач Бед Бани на полувремето на Супербоул, нарекувајќи го „еден од најлошите во историјата“. Трамп, судејќи според објавата на неговата социјална мрежа Truth Social, беше особено вознемирен од настапот на шпански јазик.
Во долга објава, Трамп упати низа обвинувања за настапот.
„Шоуто на полувремето на Супербоул е апсолутно ужасно, едно од најлошите ДОСЕГА! Бесмислено е, навреда за американската величина и не ги претставува нашите стандарди за успех, креативност или извонредност. Никој не разбира ниту збор што го кажува овој човек, а танцувањето е одвратно, особено за малите деца што го гледаат низ САД и светот“, напиша Трамп.
„Ова ‘шоу’ е шлаканица за нашата земја, која секој ден поставува нови стандарди и рекорди! Нема ништо инспиративно во ова хаосно шоу, и ќе видите, ќе добие одлични критики од лажните медиуми затоа што немаат поим што се случува во РЕАЛНИОТ СВЕТ. И, патем, НФЛ треба веднаш да го промени своето смешно ново правило за почеток на натпреварот. ДА ЈА НАПРАВИМЕ АМЕРИКА ПОВТОРНО ГОЛЕМА! Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, заклучи тој.
Бед Бани, чие вистинско име е Бенито Антонио Мартинез Окасио, настапи на Супербоул само една недела откако ја освои наградата Греми за албум на годината за неговиот албум „DeBÍ TiRAR MáS FOToS“. Тој беше најслушаниот изведувач на Spotify во 2025 година, а според податоците на стриминг услугата, тој е на врвот на годишните плејлисти „Wrapped“ на корисниците четири години по ред.
Конзервативната организација Turning Point USA објави и организираше алтернативно шоу на полувремето за секој што не сакаше да го гледа Бед Бани. На тој настан, Кид Рок, познат како поддржувач на Трамп, настапи како главна ѕвезда. Организацијата, основана од покојниот активист Чарли Кирк, рече дека целта на „целоамериканскиот настап“ била да се прослави „американската вера, семејство и слобода“.
Европа
Москва: Полска е вмешана во обидот за атентат врз генералот
Руската разузнавачка служба ФСБ тврди дека обидот за атентат врз генералот Владимир Алексеев во петокот бил нарачан од Украинската безбедносна служба. ФСБ, исто така, вели дека полското разузнавање било вклучено во регрутирањето на напаѓачот, објави новинската агенција Интерфакс.
Не се понудени докази за тврдењата. Украина негира каква било вмешаност, додека Полска сè уште не ги коментирала обвинувањата. Во меѓувреме, руските безбедносни претставници објавија дека руски државјанин роден во Украина бил екстрадиран од Дубаи во Москва вчера. Тој е осомничен дека сериозно го повредил генералот Алексеев.
Алексеев, заменик-шеф на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, бил застрелан во неговата станбена зграда во Москва во петокот и итно префрлен во болница. Руските истражители објавија во петокот дека непознат напаѓач испукал неколку куршуми кон генералот и избегал. Според Комерсант, Алексеев бил успешно опериран во саботата и се освестил, но сè уште е под медицински надзор.
Европа
Татко ја убил ќерката во Австрија, а потоа се самоубил: телата лежеле неоткриени со недели
Во Австрија, 51-годишен маж ја убил својата 19-годишна ќерка, а потоа извршил самоубиство, а злосторството останало неоткриено со недели.
Семејната трагедија излегла на виделина дури откако нивните тела биле пронајдени во одделни станови, пишува австрискиот „Хојте“.
Таткото и ќерката, двајцата од унгарско потекло, се сметале за исчезнати и биле пронајдени три дена откако нивното исчезнување било пријавено во полицијата.
Полицијата прво го пронашла голото тело на 19-годишната девојка, кое веќе било во напредна фаза на распаѓање, во станот во градскиот кварт Вимпасинг. На него немало надворешни повреди. Кратко потоа, таткото исто така бил пронајден мртов во својот стан, на десет минути пешачење, а состојбата на телото била слична.
Криминалистичката полиција претпоставува дека таткото ја убил својата ќерка пред неколку недели, најверојатно со задушување. Се верува дека веднаш потоа си го одзел животот. Не е пронајдена самоубиствена порака, па затоа нема веродостојни информации за мотивот. Сепак, истражителите се сомневаат дека болеста или инвалидитетот на ќерката можеби одиграле улога.
Злосторството е откриено на 26 јануари, а полицијата сега смета дека е решено. Доказите собрани на местото на настанот, како и обдукцијата, ја исклучија вмешаноста на трети лица.

