Свет
Бројот на исчезнати од бродот се искачи на 29
Бројот на исчезнати лица од крузерот „Коста Конкордија“, кој во петокот се насука кај италијанското островче Ѓиљо, се искачи на 29, објави крајбрежната стража во Тосканија.
Бројот на исчезнати лица од крузерот „Коста Конкордија“, кој во петокот се насука кај италијанското островче Ѓиљо, се искачи на 29, објави крајбрежната стража во Тосканија.Бројот лица кои се водат за исчезнати по несреќата на италијанскиот турискстички крстосувач „Коста Конкордија“ се зголеми на 29, соопшти доцна навечер во понеделниокот телевизијата Tgcom24 повикувајќи се на изјава на претставнк на пристанишните власти Марко Бруско.
„Пред еден час го добив извештајот од префектурата Гросето: наведени како исчезнати се 29 лица, 25 патници и четири членови на екипажот“, изјави Бруско.
Претходно беше објавено дека за исчезнати се водат најмалку 14 а најмногу 16 луѓе. Досега спасувачките екипи извлекоа шест тела на настраданите во несреќата.
Луксузниот туристички крстосувач „Коста Конкордија“, на кој имаше повеќе од 4.200 патници и членови на екипажот, меѓу кои и тричленото македонско семејство Даскаловиќ, заринка во близната на островот Џиљо во Тиренското Море близу брегот на италијанскиот регион Тоскана ноќта кон 14 јануари. Според капетанот на бродот, пловилото удрило во подводен гребен, кој не бил внесен во навигациската карта. Миланскиот дневен весник Corriere della Sera во понеделникот навечер пишуваше дека капетанот на бродот скршнал од зацртаната рута, што го наведе и првиот човек на компанијата „Коста Крујзерс“ во чија сопственост е бродот, Пјерлуиџи Фоски./крај/анса/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

