Свет
ЕУ покрена постапка на проверка на унгарскиот Устав
Европската комисија(ЕК) денеска покрена правна процедура за утврдување на законитоста на измените на унгарскиот устав заради стравот дека оваа држава повторно би можела да потпадне под авторитарна власт.
Европската комисија(ЕК) денеска покрена правна процедура за утврдување на законитоста на измените на унгарскиот устав заради стравот дека оваа држава повторно би можела да потпадне под авторитарна власт.Комисијата во соопштението наведува дека делови на новиот унгарски Устав не се во согласност со европските закони со кои е регулирана независноста на националната банка и агенциите за заштита на податоците.Во рамки на правната процедура, ЕК уште денеска ќе им испрати три официјални писма на унгарските власти во кои се наведуваат правните недостатоци на новите законски решенија.Властите во Будимпешта имаат рок до 17 февруари да одговорат на овие дописи, по што Комисијата ќе ги анализира одговорите во следните два месеца.Доколку Унгарија го игнорира барањето на Комисијата, овој извршен орган на ЕУ може да се обрати до Европскиот суд на правдата, но тогаш постапката би можела да потрае и една година.ЕУ ума и друг, многу побрз начин за решавање на спорот со Унгарија.Будимпешта од Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) и од ЕУ претходно побара финансиска помош и обете институции најавија дека нема да го разгледуваат ова барање додека не биде обезбедена независност на унгарската централна банка.Од унгарскиот премиер Виктор Орбан е побарано да достави дополнителни информации што се однесуваат на независноста на правосудниот систем.„Унгарија е клучна членка на европското семејство и ние не сакаме во таа земја да постои сенка сомнеж кон почитувањето на демократските принципи и вредности. Што побрзо тоа ќе се разјасни, тоа подобро“, рече претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо пред новинарите во Стразбур.Премиерот Орбан се наоѓа на удар на критики на Европскиот парламент и организациите за заштита на човековите права кои го обвинуваат дека би можел да ја врати земјата во авторитаризам, во кој беше за време на комунистичкото владеење.Со новиот закон за централната банка на владата и се даваат многу поголеми овластувања во именувањето на клучните банкарски функционери. ЕУ се противи и на присилното пензионирање на повеќе стотини судии. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

