Свет
Гувернерот на Тексас, Пери ќе објави повлекување од трката за републиканска номинација
Гувернерот на сојузната американската држава Тексас, Рик Пери, во четвртокот ќе објави дека се повлекува од предизборната кампања и ќе им препорача на своите поддржувачи да го гласаат за екс-спикерот на Домот на претставниците, Њутн Гингрич, пишува во четвртокот порталот Politico
Гувернерот на сојузната американската држава Тексас, Рик Пери, во четвртокот ќе објави дека се повлекува од предизборната кампања и ќе им препорача на своите поддржувачи да го гласаат за екс-спикерот на Домот на претставниците, Њутн Гингрич, пишува во четвртокот порталот Politico, повикувајќи се на сопствени извори.
„Пери ќе објави запирање на својата кампања. Тој тоа ќе го соопшти во 11 часот по локално време (17 часот по македонско време), во Јужна Каролина. Гувернерот ќе изјави дека на претстојните избори го поддржува Гингрич“, пишува порталот.
Во сабота, 21-ви јануари, во сојузната држава Јужна Каролина треба да се одржат прелиминарни избори за номинација за претседателски кандидат на американските републиканци.
Пери ја повлекува својата кандидатура во контекстот на неуспешната предизборна кампања. За време на гласањето по средбата со гласачите во државата Ајова, гувернерот стана само петтиот меѓу републиканските кандидати, освојувајќи 10 отсто од гласовите, на гласањето во државата Њу Хемпшир тој беше поддржан од само 0,7 отсто од избирачите. Според анкетите, на изборите во Јужна Каролина, тој може да очекува не повеќе од 5 отсто од гласовите и петтото место. Рик Пери, од американските медиуми е наречен преценет кандидат, и од почетокот на јануари тие го предвидуваат неговото откажување од кампањата.
Претходно во јануари, крај на својата кампања објавија и конгресменка од сојузната држава Минесота, Мишел Бакман и поранешниот гувернер на државата Јута, Џон Хантсман, кој својата поддршка му ја даде на Мит Ромни.
Претседателските избори во САД ќе се одржат на 6-ти ноември 2012 година, а актуелниот претседател од редовите на демократите Барак Обама, ќе оди на реизбор./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

