Свет
Полициска контрола во канцеларијата на агенцијата S&P во Милано
Припадници на финансиската полиција на Италија (Guardia di Finanza) во Милано во четвртокот спроведуваат контрола во претставништвото на меѓународната рејтинг агенција Standard & Poor’s, јавува италијанската агенција Ansa.
Припадници на финансиската полиција на Италија (Guardia di Finanza) во Милано во четвртокот спроведуваат контрола во претставништвото на меѓународната рејтинг агенција Standard & Poor’s, јавува италијанската агенција Ansa.Ревизијата е иницирана од страна на Канцеларијата на обвинителот на јужноиталијанскиот град Трани, во регионот Апулија, која се сомнева дека бонитетската агенција Standard & Poor’s, како и другата рејтинг агенција Moody’s, во манипулирањето со пазарите, откриваат доверливи информации и берзански шпекулации.Standard and Poor’s минатиот петок доцна навечер (14-ти јануари), веднаш по затворањето на берзите во САД ги намали суверените кредитни рејтинзи на девет од 17 земји од еврозоната, вклучувајќи ги Франција, Италија, Шпанија и Португалија. Поточно, долгорочниот кредитен рејтинг на Италија беше намален на „БББ+“ со „негативна“ перспектива. Тоа значи дека агенцијата не ја исклучува можност набрзо уште еднаш да го намали кредитниот суверен рејтинг на Италија.Минатата година, канцеларијата на градското обвинителство отвори истрага против двете рејтинг агенции. Според истрагата, двете агенции шират „неосновани“ негативни извештаи за италијанскиот државен долг и за стабилноста на банкарскиот систем, што доведе до шпекулации и турбуленции на финансиските пазари.Како дел од овој случај се осомничени шест лица, меѓу кои се тројца аналитичари на Standard & Poor’s и еден експерт на Moody’s, како и раководителите на локалните канцеларии на двете агенции./крај/анса/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нови детали за малата Данка: нејзината ДНК не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена
Како што пренесува „Нова.рс“, на ниеден од предметите што биле земени за помош во истрагата не биле пронајдени биолошки траги од двегодишната Данка Илиќ од Србија.
Српскиот портал напиша дека досега се пронајдени повеќе од 400 траги во службеното возило за кое се сомневаат дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога, според нивното признание, го удриле девојчето. Обвинителството пред неколку дена ги доби резултатите од новите вештачења.
„Од внатрешноста на службениот автомобил во Бор се земени повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ ниту во самиот автомобил ниту на надворешните делови од возилото“, пишува „Нова.рс“ повикувајќи се на Вишото јавно обвинителство.
Медиумот потсетува дека осомничените работници на фирмата „Водовод“ од Бор, Јанковиќ и Драгијевиќ, биле на работна задача на 26 март кога во Бањско Поле исчезна двегодишно девојче. Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службеното возило, го задавиле и го фрлиле на дива депонија, од каде што два дена подоцна Дејан со својот татко (73) и сега починатиот брат Далибор (40) наводно го преселиле телото на друга, непозната локација.
Телото на двегодишната Данка сè уште не е пронајдено.
Регион
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца, од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, повредени се 13 деца, од кои едно потешко.
Станува збор за девојче, чиј живот е во опасност и има сериозни повреди на главата и ‘рбетниот столб.
Таа била итно префрлена во КЦ „Ниш“ на Одделот за неврохирургија.
Седум деца се во друга болница, каде што во тек е понатамошна дијагностика, а другите деца се полесно повредени, пишуваат тамошните медиуми.
Свет
Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност
Режимот во Киев е прилично непредвидлив, интервенцијата на воените сили на НАТО во украинскиот конфликт на теренот претставува огромна опасност, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Според него, Москва ја смета за крајно провокативна петицијата објавена на веб-страницата на украинскиот лидер Володимир Зеленски, во која се апелира да се поканат странски војници во Украина.
„Сметаме дека ова во најмала рака е крајно провокативно и го следиме многу внимателно“, рече Песков.
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна во интервју за „Економист“ изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина на барање на Киев доколку Русија ја пробие линијата на фронтот. Според него, многу земји од ЕУ се согласиле со мислењето на Париз за ова прашање.
Медиумите претходно објавија и дека Франција испратила војници од својата Легија на странци во Украина, пренесува „Танјуг“.