Свет
Приврзаниците на Гадафи ја преземале контролата врз Бани-Валид
Поддржувачите на ликвидираниот лидер на Либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи, ја преземале контролата врз градот Бени-Валид во западниот дел на земјата, пренесува во понеделникот AFP повикувајќи се на претставник на локалните власти.
Поддржувачите на ликвидираниот лидер на Либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи, ја преземале контролата врз градот Бени-Валид во западниот дел на земјата, пренесува во понеделникот AFP повикувајќи се на претставник на локалните власти.Како што претходно беше јавено, во понеделникот во градот Бени Валид кој долго време беше упориште на силите лојални на поранешниот режим, избувнал судири меѓу противниците на соборениот режим и приврзаниците на Гадафи, во кој загинале четири лица а 20 биел ранети.Подоцна во текот на денот следеа информациите дека поддржувачите на соборениот водач под контрола ги имаат поважните делови на градот, вклучувајќи го и неговиот центар. Според локалните власти, тие таму го подигнале „зеленото знаме“, порано државно знаме во времето на режимот на Гадафи./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украинската армија цврсто ги држи позициите во регионот Курск, вели Зеленски
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека украинската армија цврсто ги држи позициите во регионот Курск, иако руската армија се обидува да ги врати назад.
– Во врска со операцијата Курск, Русија се обиде да ги потисне нашите позиции, но ние се држиме, изјави Зеленски во вечерното радио обраќање.
Руската армија на почетокот на неделата соопшти дека вратила две села во Курската област и најави дека ќе продолжи со акциите за истиснување на украинските сили од нејзината територија.
Зеленски призна дека украинскиот упад во регионот Курск во август беше осмислен за да се повлечат руските војници од позициите во источна Украина, каде што напредуваа изминатите месеци.
Руските војници сè уште напредуваат во источна Украина, особено кон Покровск, клучен логистички центар за украинските сили.
Регион
Во Македонија почувствуван земјотрес, епицентарот е во Врање
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Србија, а истиот е почувствуван и во Македонија и во Бугарија.
Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри североисточно од Врање, а потресот бил на длабочина од 14 километри и се почувствувал во 4 часот и 48 минути по локално време.
Свет
„Тик ток“ укинува стотици работни места, ја користи вештачката интелигенција
Социјалната мрежа „Тик ток“ соопшти дека укинува стотици работни места бидејќи се фокусира на зголемена употреба на вештачка интелигенција во модерирање на содржината.
Отпуштањата најмногу се однесуваат на персоналот во Малезија, каде првично беа пријавени повеќе од 700 работни места, но Тик Ток подоцна соопшти дека помалку од 500 вработени ќе бидат отпуштени, јави South China Morning Post.
Вработените, од кои повеќето биле ангажирани во операции за модерирање, биле известени за отпуштањата преку електронска пошта.