Свет
Сунитските партии во Ирак ќе го прекинат бојкотот на парламентот
Ирачкиот политички блок Ал Иракиа која е поддржуван од сунитите, во неделата соопшти дека ќе го прекине својот бојкот на парламентот со што се создава можност за решавање на најголемата политичка криза на коалициската влада на премиерот Нури ал-Малики.
Ирачкиот политички блок Ал Иракиа која е поддржуван од сунитите, во неделата соопшти дека ќе го прекине својот бојкот на парламентот со што се создава можност за решавање на најголемата политичка криза на коалициската влада на премиерот Нури ал-Малики. Оваа одлука на Ал Иракија ќе овозможи започнување на разговорите меѓу поделените шиитски, курдски и сунитски политички групации, но длабоката поделеност околу поделбата на власта останува нерешена што претставува голема опасност Ирак повторно да западне во вителот на секташките судири.„Како чин на добра волја Иракиа го објавува своето враќање на седниците на парламентот, за да создаде здрава атмосфера и да и’ попмогне на националната конференција во решавањето на политичката криза“, изјави на прес-конференција портпаролката н блокот Ал Иракиа, Мајсон ал-Дамлужи.Таа враќањето во парламентот го објави по состанокот на челниците на Ал Иракиа и најави дека водечките функционери на овој политички блок повторно ќе се сретнат за да одлучат дали и неговите министри ќе се вратат на седниците на владата. Кризата во Ирак изби во во ноември минатат година само неколку дена откако и последните војници на САД ја напуштија земјата, а беше проследена со повеќе крвави напади на секташка основа во која животите ги загубија стотици Ирачани.Серијата бомбашки напади се случија во периодот кога официјални лица на ирачката армија изјавија дека се откриени нови детали од страна на специјалната комисија за утврдување на фактите формирана во ноември 2011 година во врска со експлозијата на автомобил-бомба во Багдад, којашто, според нив, очигледно била насочена против премиерот Нури ал-Малики.На 28 ноември 2011 година, претставници на ирачките безбедносни сили изјавија дека две лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба на паркингот пред ирачкиот парламент во ткн Зелена зона, најдобро обезбедуваниот кварт во Багдад, каде се лоцирани најголемиот број владини објекти и странски дипломатски претставништва.По овој инцидент за вмешаност во нападот ирачки официјални лица го обвинија ирачкиот потпретседател Тарик ал-Хашеми. Тие. исто така, тврдеа дека целта на нападот бил претседателот на парламентот, Осама Абдул Азиз ал-Нуџајфи. Но подоцна, на 3-ти декември, ирачкиот премиер откри дека тој бил цел на нападот.Ирачките власти потоа издадоа налог за апсење против заменикот претседател Тарик ал-Хашеми, поради сомневање дека е поврзан со терористички групи, а на државната телевизија беше објавено дека неговите тројца телохранители признале оти планирале и изведувале атентати и дека ги финансирал и поддржувал заменикот претседател.Ал-Хашеми ги отфрли обвиненијата против него како фабрикувани клевети и дел од интригите на премиерот Нури ал-Малики, и изрази подготвеност да излезе пред судот во автономната ирачка покраина Курдистан, каде отпатува по издавањето на налогот за негово апсење.Блокот Ал Иракија, која има 82 од 325 мандати во ирачкиот парламент, издаде соопштение, велејќи дека тоа претставува суспендирање на нејзиното учество во парламентот и повик за отворање на тркалезна маса за да се најде решение што ќе оди во полза на демократијата и граѓанските институции“.Блокот го обвинува премиерот Малики дека го „монополизира донесувањето на сите одлуки“.Ирачкиот премиер Нури ал-Малики предупреди дека ќе назначи нови министри, доколку актуелните од партијата Иракија не присуствуваат на седниците на владиниот кабинет. Ирачкиот премиер, исто така, ги повика сите политички групи во земјата да помогнат во решавањето на кризата во земјата.Ал Иракија претставува политичка коалиција составена од Партијата за обнова на Хашими, Ирачката национална листа предводена од поранешниот премиер Ијад Алави и Ирачкиот фронт за национален дијалог предводен од Салех ал-Мултаг./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.

