Свет
Саркози уште заостанува зад Оланд
Кандидатот на француските социјалисти на претседателските избори што ќе се одржат во април годинава ја зголеми предноста пред Николас Саркози
Кандидатот на француските социјалисти на претседателските избори што ќе се одржат во април годинава ја зголеми предноста пред Николас Саркози и покрај напорите на конзервативниот претседател со реформи да го поттикне растот, вработеноста и конкурентноста, покажаа резултатите од анкетата објавена во вторникот. Така, Франсоа Оланд на изборите што ќе се одржат на 22-ри април 2012 година би требало да добие поддршка од 31 отсто од гласачите, следи актуелниот претседател Никола Саркози со 24,5 отсто, што е за 2,5 отсто поголема разлика од анкетата спроведена пред две седмици, покажува анкетата што ја спровел институтот IFPO за радиото Europe 1, телевизијата Public Sénat и неделникот Paris Match.Според анкетата објавена во вторникот, опаднала и поддршката за претседателската кандидатка на крајната француска десница и за кандидатот на центарот. Така, во првиот изборен круг Марин Лепен би требало да освои 19 наместо претходни 20 отсто, а Франсоа Беиру со 11,5 отсто наместо 12,5 отсто од гласовите.Според истата анкета, во вториот круг што ќе се одржи на 6-ти мај, Холанд би добил 58 а Саркози 42 отсто од гласовите. Анкетата е спроведена откако Саркози ги претстави реформите за надминување на француските економски проблеми, меѓу кои се зголемувањето на ДДВ-то од 19,6 на 21,2 отсто, воведувањето данок од 01 отсто на финансиските трансакции од август годинава, како и евентуалното зголемување на нивото на данокот на француското социјално осигурување CSG и формирањето државна банка за финансирање на индустрискиот развој со сопствен капитал од милијарда евра, којашто ќе биде фокусирана врз развојот на индустријата и на решавањето на проблемот со растот на невработеноста, којашто минатата година ја достигна рекордната стапка во последните 12 години.Саркози, пак, според анкета од почетокот на јануари, спроведена за весникот Le Journal du Dimanche од агенцијата IFOR,ја капитализирал централната улога којашто ја одигра во смирувањето на европската должничка криза, а неговата популарност се зголемила дури и по најавувањето на непопуларното воведување данок на трансакции и по поагресивната кампања на Оланд. Според испитувањето на јавното мнение, во првиот круг од француските претседателски избори на 22-ри април, Оланд би освоил 28 отсто, а Саркози 26 проценти од гласовите. Претходно Оланд имаше 10 отсто предност, кусо време откако социјалистите во октомври минатата година ги спроведоа внатрепариските избори кога Оланд ги победи своите шест противкандидати. Во посебна анализа на јавната поддршка што на Саркози му ја изрази германската канцеларка Ангела Меркел од чијашто партија соопштија дека таа ќе има „активна улога“ во кампањата на францускиот претседател“, Reuters пишува дека Меркел со тоа сака да испрати порака колку за Европа е важен двоецот кој медиумите го нарекоа „Меркози“Саркози во центарот на својата кампања ја стави Европа и смета на поддршката на Меркел, канцеларката на најсилната европска економија. Интересот на Меркел е да го задржи Саркози на власт, бидејќи со него изгради стратегија за решавањето на европската должничка криза, пишува натаму Reuters, цитирајќи ја изјавата на пратеникот од германската владејачка партија CDU дека канцеларката сака да ја избегне соработката со Оланд кого го смета за „левичарски анахронизам“. Инаку, политиката на Оланд во однос на Европа малку се разликува од онаа на Саркози, но тој неодамна му објави војна на финансиерскиот естаблишмент, што во Берлин се толкува како тактика со којашто се сака да се соберат левичарите и да се добијат нивните гласови уште во првиот круг. Оланд, исто така, најави дека сака да ја прекине практиката според која Берлин и Париз одлучуваат за еврозоната којашто ја сочинуваат 17 членки и е посклон за тоа да одлучуваат европските институции и националните парламенти..„Французите мора да сфатат дека овие избори не се за домашните политички прашања“, предупреди Урлике Гуерот од Европскиот совет за надворешни работи во Берлин додавајќи дека изборите поточно се „транснационална изборна кампања“.Според Џан-Франсоа Коп кој ја води кампањата на партијата на Саркози UMP, оценува дека „најголемата слабост на Оланд што тој е целосно без врска со стварноста на денешниот свет“./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин за војната во Иран: загриженост за ризик од ширење на конфликтот
Рускиот претседател Владимир Путин денес разговараше со четири клучни лидери на земјите од Персискиот Залив, предупредувајќи на опасноста американските и израелските напади врз Иран да ескалираат во поширок регионален конфликт, објави CNN.
По разговорите со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, Кремљ објави дека „двете страни изразија сериозна загриженост за реалниот ризик од проширување на зоната на конфликт, која веќе ги зафати териториите на голем број арапски земји и носи катастрофални последици“.
„Ова е исклучително опасно“
Путин ја нагласи потребата од дипломатија за решавање на „екстремно опасна ситуација“, додека, според Кремљ, саудискиот престолонаследник рече дека Москва, благодарение на добрите односи и со Иран и со земјите од Заливот, може да игра стабилизирачка улога.
Русија постојано ги осудува американските и израелските напади и атентатот врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.
Путин разговараше и со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. „Двете страни ја нагласија потребата од прекин на непријателствата и враќање на политичкиот и дипломатскиот процес“, објави Кремљ.
Загриженост за вклучување на трети земји
Кремљ, исто така, соопшти дека Путин и катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани „изразиле загриженост за ризикот од ширење на конфликтот на Блискиот Исток и опасноста од вклучување на трети земји“ во телефонски разговор.
Рускиот претседател, според Кремљ, разговарал и со кралот на Бахреин.
Фото: ЕПА
Свет
Иран со предупредување: Ќе биде нападната која било американска база во Европа доколку е потребно
Военото движење Хезболах влезе во војната што Америка ја започна заедно со Израел со напаѓање на Иран. Сирени за тревога се огласија низ централен и јужен Израел утрово откако Иран започна нов напад. Во меѓувреме, Израел го нападна и Либан, пишуваат светските медиуми.
„Иран ќе нападне која било американска база во Европа“
Иран ќе нападне која било американска база во Европа доколку е потребно, предупреди денес иранскиот амбасадор во Шпанија, Реза Забиб. Тој додаде дека Иран „е земја која е способна да одговори и да реагира“, објави „Скај њуз“.
Во меѓувреме, шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка, нареди зголемени мерки за надзор и безбедност низ целата земја поради можни закани. Ова следеше по одбивањето на Шпанија да им дозволи на САД да користат заеднички воени бази на нејзина територија за да го нападнат Иран, што ги натера САД да повлечат неколку авиони KC-135 од своите бази во Кадис и Севиља.
Американските разорувачи „Балкли“ и „Рузвелт“, кои го напуштија Кадис минатата недела, учествуваа во нападите врз Иран, потврдија САД.
Министерството за одбрана на Катар денес објави дека катарските вооружени сили собориле два ирански борбени авиони „сухој Су-24“ од руско производство.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Нетанјаху се појави за прв пат по нападот врз неговиот кабинет
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес го посети местото на нападот во израелскиот град Беит Шемеш, кој беше погоден од иранска ракета.
Нетанјаху ја прегледа штетата откако ракетата наводно успеала да го пробие израелскиот систем за воздушна одбрана и да ја уништи синагогата, при што загинаа најмалку девет лица, објави „Скај њуз“.
Израелскиот премиер разговараше со работниците на терен, додека во позадина можеа да се видат урнатините предизвикани од нападот.
Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu said, ‘You can see the difference: the tyrants in Tehran target civilians, while we target the tyrants of Tehran to protect civilians.’ pic.twitter.com/hCkb371vDb
— ME24 – Middle East 24 (@MiddleEast_24) March 2, 2026
Во вчерашниот напад со иранска балистичка ракета врз Беит Шемеш, кој се наоѓа на околу 30 километри западно од Ерусалим, загинаа најмалку девет лица, а 23 беа повредени, според Службата за итни случаи Маген Давид Адом (MDA).
Повеќето од загинатите се засолниле во јавно засолниште, а според началникот на полицијата на округот Ерусалим, Авесалом Пелед, веројатно имало директен удар врз засолништето.
„Повеќето, ако не и сите, од загинатите биле таму“, рече Пелед.
Ракетата погоди станбена зона во градот, ја уништи синагогата и предизвика голема штета на јавното засолниште и околните куќи, според медиумот.

