Свет
Турција најави иницијатива за решение на кризата во Сирија
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во вторникот изјави дека неговата земја подготвува иницијатива за решавање на кризата во Сирија, по пропаѓањето на резолуцијата којашто пред Советот за безбедност на Обединетите нации ја блокираа Русија и Кина.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во вторникот изјави дека неговата земја подготвува иницијатива за решавање на кризата во Сирија, по пропаѓањето на резолуцијата којашто пред Советот за безбедност на Обединетите нации ја блокираа Русија и Кина. „Ќе покренеме нова инцијатива со оние земји кои стојат зад сирискиот народ, а против режимот. Не смееме да молчиме за случувањата со Сирија и не смееме да му го вртиме грбот на сирискиот народ“, изјавил во турската престолнина Анкара, премиерот Реџеп Таип Ердоган. пренесува Today’s Zaman.Ердоган притоа додал дека Турција ќе ги употреби дипломатските канали за да го сврти вниманието на случувањата во Сирија, но не изнел детали за новата иницијатива на неговата земја во врска со 11-месечните судири во соседната држава. Ердоган без директно да ги споменува Русија и Кина изјавил дека земјите кои со Сирија „си играат како со пион во игрите на големите сили и самите ќе бидат испрскани со крв“„Ветото на резолуцијата му даде на претседателот Ал-Асад дозвола да убива“, истакнал Ердоган.Турскиот премиер изјавил дека сирискиот претседател Башар ал-Асад „ги следи стапките на неговиот татко, Хафез ал-Асад, со користење на насилство против својот народ“, нагласувајќи дека сирискиот претседател „сигурно ќе плати за последните масакри во Хомс“, каде што викендов загинаа речиси 300 луѓе, говорејќи во вторникот на состанокот на парламентарна група на неговата Партија на правдата и развојот (АКП), пишува електронското издание на Today’s Zaman.Анкара отворено изрази загриженост во неделата поради блокирањето на резолуцијата со којашто се бараше отстапување од власта на претседателот Башар ал-Асад за да се спречи крвопролевањето во Сирија и да се извршат политички реформи. За Русија и Кина предлог текстот на резолуцијата претставуваше еднострана осуда само на властите во Дамаск без да се споменат нападите од страна на противниците на актуелната сириска власт, како и поттикнување на граѓанска војна. За состојбата во Сирија, во среда во Вашингтон ќе разговараат турскиот министер за надворешни работи Ахмед Давутоглу и американската државна секретарка Хилари Клинтон. На почетокот од безредијата во Сирија, Турција се трудеше да се претстави како воздржана и од ал-Асад бараше да го прекине прогонот на опозицијата и да спроведе демократски реформи. Подоцна Анкара го заостри тонот и воведе санкции кон Сирија./крај/тз/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска повика на итна евакуација во јужен Бејрут
Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа обемен налог за евакуација на делови од јужен Бејрут, додека продолжуваат нападите врз цели на Хезболах во Либан.
Во објава на платформата Икс, портпаролот на ИДФ, Авихај Адраеи, наведе дека лицата во зоната за евакуација се наоѓаат во близина на „објекти и интереси поврзани со Хезболах“.
„Поради ваша безбедност и безбедноста на членовите на вашето семејство, мора веднаш да ја евакуирате оваа зграда и соседните објекти и да се оддалечите од нив на најмалку 300 метри“, се наведува во пораката.
Фото: Depositphotos
Свет
Иран: Не планираме да го затвориме Oрмутскиот Теснец
Иран засега не планира да го затвори Oрмутскиот Теснец по нападите на САД и Израел, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи во интервју за „Ал Џезира“.
„Во оваа фаза не планираме мерки што би ја нарушиле пловидбата“, изјави тој.
По ескалацијата на конфликтот, дел од бродските компании и осигурители го суспендираа транзитот низ теснецот.
Преку Oрмутскиот Теснец дневно минуваат околу 20 милиони барели нафта и значителен дел од глобалните испораки на течен природен гас.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Зеленски нуди помош против иранските дронови: „Нашето искуство е незаменливо“
Ширењето на војната на Блискиот Исток ја истакнува важноста на украинската експертиза во противвоздушната одбрана, особено во соборувањето на иранските дронови, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање.
Зеленски порача дека Киев е подготвен да го сподели своето искуство со сојузниците кои ѝ помогнале на Украина, наведувајќи дека тоа во новонастанатата ситуација станало „во голема мера незаменливо“, пишува „Киев Индипендент“.
Europe must finally equip itself with real strength, real ability to defend its skies, its land, and its sea against any type of attack. In particular, this means building sufficient air defense production capacity — both against drones and against ballistic missiles.
The… pic.twitter.com/R3EBHTyz7N
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 1, 2026
Коментарите на украинскиот претседател уследија ден откако САД и Израел извршија напади врз Иран, во кои беа убиени врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи и неколку други високи функционери. Иран возврати со лансирање ракети и дронови врз Израел и врз американски воени цели во Обединетите Арапски Емирати, Ирак, Бахреин, Кувајт и Катар.
Зеленски веднаш по почетокот на нападите ги поддржа нападите и соборувањето на иранското раководство, потсетувајќи дека Русија, стратешки партнер на Иран, од 2022 година во нападите врз Украина употребила повеќе од 57.000 дронови од типот „Шахед“. Искуството што Украина го стекнала во одбраната од оружје од иранско производство, според него, сега може да им послужи на сојузниците.
„Ситуацијата на Блискиот Исток покажува колку е тешко да се обезбеди стопроцентна заштита од ракети и шахеди… Сите сега гледаат дека нашето искуство во одбраната е во голема мера незаменливо“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина „внимателно го следи“ развојот на настаните и се координира со сојузниците.
Фото: Depositphotos

