Свет
Обама ќе го намали расходот за својата безбедност со новиот буџет
Американскиот претседател Барак Обама и потпретседателот Џозеф Бајден во проект-буџетот за фискалната 2013 година ги намалија трошоците за 64 милиони долари, но сепак планот за буџетот наиде на жестоки критики од републиканците.
Американскиот претседател Барак Обама и потпретседателот Џозеф Бајден во проект-буџетот за фискалната 2013 година ги намалија трошоците за 64 милиони долари, но сепак планот за буџетот наиде на жестоки критики од републиканците. Предлог буџетот на САД на претседателот Барак Обама кој во понеделникот беше предаден во Конгресот за фискалната 2013 година којашто започнува на 1-ви октомври 2012 година, ќе изнесува 3,8 трилиони долари со дефицит од еден трилион. Тој е составен имајќи ги предвид планираното зголемување на даноците за богатите Американци и голем број на мерки за намалување на трошоците за одбраната. Буџетот за тековната фискална 2012 година беше проектиран на 3,73 трилиони долари со слично ниво на дефицит.Буџетскиот дефицит во фискалната 2012 година е проектиран на 1,33 трилиони долари или 8,5 отсто од БДП-то и на 901 милијарди долари во 2013 година, односно 5,5 отсто од БДП-то на САД.Буџетскиот дефицит ќе остане висок и за споменатата фискална година, пред да се намалуваат и новите буџетски позајмувања кои следната деценија ќе го зголемат американскиот национален долг за околу шест трилиони долари. Предвидено е со буџетот за 2013-та стапката на невработеност во САД до 2017 година да опстане над 6 отсто, иако оваа прогноза беше коригирана уште во ноември, пред намалувањето на стапката на невработеност што може да се покаже како многу песимистичка.Економскиот раст, пак, е проектиран на раст од 2,7 отсто во 2012 година на 3 отсто во 2013 година, а на 4 отсто во 2014 годинаПроектот на буџетот за претседателот Обама со кој бездруго ќе се обиде да ги убеди американските гласачи да му го доверат вториот претседателски мандат на изборите на 6-ти ноември годинава, предвидува повеќе од 800 милијарди долари за изградба на инфраструктурни проекти, патишта, железнички линии и училишта. Истовремено, се предвидува и продолжување на даночните олеснувања поради поттикнување на вработувањата.„Тајната служба на САД ќе биде финансирана во износ од 1,601 милијарда долари, во фискалната 2012 година, нејзиното финансирање изнесува 1,665 милијарди долари, во 2011 – 1,527 милијарди долари“, се наведува меѓу другото во проекцијата на федералниот буџет за 2013 година, којашто администрацијата на претседателот Обама ја поднесе пред Конгресот, пренсуваат американските медиуми.Тајната служба, специјалниот оддел кој се наоѓа во структурите на американското министерство за внатрешна безбедност, е одговорна за безбедноста и физичката заштита на претседателот, пот-претседател на САД, министрите, високи функционери и лидери на странски земји кои се во посета на САД. Буџетот на Одделот за домашна безбедност се очекува да достигне 39,5 милијарди долари.Исто така, Обама предложува и кастрење на поттикнувањето за растечкиот земјоделски сектор за 32 милијарди долари во текот на идните десет години, додека Конгресот го започнува долгиот процес на измени на американскиот закон за земјоделие кој истекува. Претседателот Обама повторно во годишниот буџет предлага намалување на средствата за министерството за земјоделие. Конгресот, меѓутоа, дури допрва теба да постигне договор за реформа на големите поттикнувања во земјоделскиот сектор.Проектот на Обама вклучува и намалување на пет милијарди долари директни испалти на земјоделците коишто се давааат без оглед на тоа дали има потреба, што е идеја којашто има одредена поддршка меѓу застапниците. „Во периодот на сериозни фискални органичувања, тие исплати веќе не можат да се бранат“, велат од администрацијата на претседателот Обама, пренесува Reuters.Планот за намалување на поддршката за 32 милијарди долари во текот на следните десет години е многу поголем од оној околу кој минатата есен се согласија челниците на комисјата за земјоделие на Конгресот. Обама и минатата година изнесе сличен предлог за намалување, тврдејќи дека исплатите за најбогатите фармери треба да бидат елиминирани заедно со намалувањето на директните исплати./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руски напади во Украина
Руските сили во текот на ноќта извршиле напади врз неколку украински региони, при што загинала најмалку една личност, а повредени се повеќе од десетина, меѓу кои и деца и постари лица, јавија регионалните власти.
Во Дњипропетровската област, руските сили го нападнале Дњипровскиот округ по полноќ. Повредено е 10-годишно дете, а оштетени се три куќи. Во близина на Никопол, имало артилериско гранатирање, но без жртви.
Во Запорошката област, во последните 24 часа, загинала една личност, а осум се повредени. Регистрирани се 577 напади врз 30 населени места со употреба на дронови, ракети и артилерија. Оштетени се најмалку 67 објекти, меѓу кои и домови и инфраструктура.
Во Херсон, гранатирањето околу 23:10 часот ја погодило населбата Корабељна. Повредени се три жени, од кои две се хоспитализирани. Во последните 24 часа во областа е регистрирана една жртва и 18 повредени.
Украинските власти предупредуваат дека ваквите ноќни напади се дел од континуирана стратегија на притисок врз цивилната инфраструктура.
Свет
(Видео) Киднапирањето на мајката на ТВ-водителката ја потресе Америка, семејството објави снимка: „Ќе платиме“
Американската телевизиска водителка Саванa Гатри и нејзиното семејство објавија ново видео во кое молат за безбедно враќање на киднапираната мајка, порачувајќи им на киднаперите: „Ќе платиме“. Нејзината мајка, Ненси Гатри, исчезнала минатиот викенд од својот дом во Тусон, Аризона, а властите веруваат дека станува збор за киднапирање, пишува Би-Би-Си.
„Ја примивме вашата порака и ја разбираме“, вели Гатри во видеото објавено во саботата навечер на Инстаграм, опкружена со братот и сестрата. „Ве молиме, вратете ни ја нашата мајка за да можеме да славиме со неа.“
View this post on Instagram
„Тоа е единствениот начин да најдеме мир“, продолжува таа. „Ова ни е бескрајно вредно. И ќе платиме.“ Во видеото не откри детали за пораката што ја спомнува.
Ненси Гатри исчезнала среде ноќ од својот дом минатиот викенд. Нејзиното отсуство било забележано кога во неделата не се појавила на богослужба. Властите утврдиле дека рано во неделата наутро камерата на влезната врата била исклучена и отстранета. Околу 2:28 часот по локално време, апликацијата поврзана со нејзиниот пејсмејкер била исклучена од телефонот.
Претходно оваа недела, властите соопштија дека сè уште немаат идентификувано осомничен. Понудена е награда од 50.000 долари за информации што би довеле до нејзино пронаоѓање.
Специјалниот агент на ФБИ, Хит Џенке, потврди дека се истражува можна порака за откуп испратена до неколку медиуми. Тој изјави дека пораката „содржела информации поврзани со рок и парична сума што се бара“. Властите во петокот соопштија дека се „свесни за нова порака поврзана со Ненси Гатри“ и ја проверуваат нејзината веродостојност.
Локална телевизиска станица потврдила дека примила порака, без да открие детали. Според порталот ТМЗ, киднаперите наводно барале милиони долари во криптовалута.
Семејството претходно објави видеа во кои побара доказ дека Ненси е жива и изрази подготвеност за разговор. ФБИ уапси едно лице поради испраќање лажна порака за откуп.
Семејството и полицијата предупредуваат дека Ненси може да биде во животна опасност без своите лекови.
„Таа е без своите лекови. Потребни ѝ се за да преживее“, изјави Саванa Гатри во претходна објава.
Претседателот Доналд Трамп изјави дека разговарал со Гатри и понудил помош од федералните служби. Шерифот на округот Пима, Крис Нанос, изјави дека истрагата продолжува и дека засега се верува оти Ненси е жива.
Саванa Гатри (54) е американска телевизиска новинарка и од 2012 година е ко-водителка на емисијата „TODAY“ на NBC News, како и главна правна дописничка и водителка на изборното покривање.
Свет
Вонредни избори во Јапонија: Такаичи подготвена да замине ако коалицијата загуби
Во Јапонија утрово започна гласањето на вонредните парламентарни избори, во услови на снежни врнежи низ целата земја, што би можеле да ја намалат излезноста, јавија јапонските медиуми.
Премиерката Санае Такаичи и нејзината Либерално-демократска партија (ЛДП), во коалиција со Партијата на иновации на Јапонија (ЈИП), се стремат да обезбедат мнозинство во Донниот дом на парламентот. Такаичи, која минатиот октомври стана прва жена премиер во Јапонија, најави дека ќе поднесе оставка ако коалицијата не добие мнозинство.
На изборите се кандидираа околу 1.300 лица за 465 места. Анкетите предвидуваат убедлива победа на коалицијата ЛДП–ЈИП. Се натпреваруваат и опозициски партии, меѓу кои Центристичкиот реформски сојуз, Демократската партија за народот, Комунистичката партија на Јапонија, Сансеито, Социјалдемократската партија, Реива Шинсенгуми и други.

