Свет
ОН: Над 5.400 загинати во Сирија во 2011-та
Повеќе од 5.400 луѓе се убиени од безбедносните сили на Сирија во изминатата 2011 година, и околу две илјади сириски војници и припадници на специјалните служби се убиени од страна на бунтовниците
Повеќе од 5.400 луѓе се убиени од безбедносните сили на Сирија во изминатата 2011 година, и околу две илјади сириски војници и припадници на специјалните служби се убиени од страна на бунтовниците, соопшти во понеделникот Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Нави Пилај, на пленарната седница на Генералното собрание на светската организација.
Во врска со овие информации, Нави Пилај, сепак, рече дека не поседува документирани докази за овие бројки. Според неа, „не е возможно да се дојде до точни податоци што се должи на немањето пристап во земјата“, и дека изнесените податоци се засновани на податоци од „веродостојни извештаи“, при што тие последните два месеца не се ажурирани, пренесуваат светските агенции.
„Сепак, ние сме уверени дека бројот убиени и ранети продолжува да расте секој ден“, рекла Пилај.
„Неприфаќањето на резолуцијата за Сирија во Советот за безбедност на ОН, го охрабри Дамаск да ги засили своите напади врз опозицијата и да преземе неселeктивни напади на Хомс“, рекла Пилај..
„Особено сум згрозена со нападот врз Хомс кој е во тек. Според веродостојни наводи, сириската војска ги гранатирала густо населените квартови на Хомс, како што изгледа, во неселективен напад врз цивилни подрачја. Повеќе од 300 луѓе, според извештаите се убиени во Хомс од почетокот на нападите пред десет дена. Повеќетоод нив се жртви на гранатирањето“, рекла Пилај споменувајќи дека силите на претседателот Асад користат тенкови, минофрлачи и артилерија, пренесува Reuters.
Пилај на Генералното собрание на ОН се обратила откако сирискиот амбасадор Башар Џафари со поддршка на претставниците на Иран и Северна Кореја повикувајќи с ена процедурални забелешки не успеале да го спречат нејзиното обраќање.
Пилај, покрај другото, индиректно посочила дека сириската влада можеби извршила сериозни кршења на човековите права .
Според неа, „десетици илјади, вклучувајќи и деца, се уапсени и повеќе од 18 илјади, како што се известува, биле произволно уапсен, илјадници други сé уште се водат за исчезнати, а околу 25 илјади, како што се проценува, нашле засолниште во соседните земји, додека бројот на внатрешно раселените лица надминува 70 илјади луѓе“.
Во врска со активностите на опозицијата, Пилај изјавила дека „иако протестите беа во голема мера мирни, расте бројот на извештаите за вооружени напади на антивладините борци против сириските (владини) сили“, пренесува РИА Новости..
Во врска со тоа, инаку, во документите на набљудувачка мисија на Арапската лига во Сирија, особено се посочува дека во земјата постојат вооружени опозициски групи, кои ги напаѓаат не само припадниците на безбедносните сили, туку и цивилите и државните службени, креваат во воздух возови и автобуси, извршуваат диверзии врз нафтоводи и гасоводи.
Пилај од Советот за безбедност побарала да ја пријави репресијата во Сирија пред Меѓународнито кривичен суд во Хаг, како и во случајот со Либија минатата година, но дипломатите од земјите од Советот за безбедност за Reuters рекле дека Русија и Кина се спротиставуваат на таквата идеја.
Западните земји се обидоа да издејствуваат повлекување од власта на претседателот Башар ал-Асад против кого започна бунтот во март 2011 година, но Русија и Кина бараат дистанцирање на неговите противници од екстремистите кои се придружија на опозицијата.
Москва и Пекинг под изговор дека сакаат да се избегне „либиското сценарио“ за странска интервенција, на 4-ти февруари со вето ја блокираа резолуцијата во Советот за безбедност на ОН, којашто според нив еднострано ја осуди власта во Дамаск игнорирајќи ги извештаите на набљудувачката мисија на Арапската лига./крај/ро/рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хаос на факултетите ширум Америка: апсењата на студенти продолжуваат поради антиизраелските протести
Стотици американски студенти се уапсени низ американските кампуси додека полицијата ги задушува антиизраелските протести со кои се бара повлекување на Израел од Појасот Газа.
108 студенти беа уапсени на протест во Бостон во американската држава Масачусетс, а 93 беа уапсени на протест на приватниот универзитет во Јужна Калифорнија во Лос Анџелес, додека 28 студенти беа уапсени на Универзитетот Емори во Атланта во американската држава Џорџија. , соопшти полицијата, пренесува Си-ен-ен.
На Универзитетот Колумбија во Њујорк, епицентарот на демонстрациите, студентите рекоа дека нема да се разотидат додека факултетот не се согласи да ги прекине врските со израелските академски институции. Студентите од другите кампуси имаат слични барања, а во протестите учествуваат и Палестинци, Арапи, Евреи и муслимани, според Си-ен-ен.
Полицијата во Бостон во четвртокот наутро насилно ги отстрани шаторите поставени од студентите на колеџот Емерсон, при што уапси 108 од нив, објавија медиумите. На видеото може да се видат студенти како се штитат со раце и користат чадори за да и се спротивстават на полицијата.
Уште 93 студенти беа уапсени во средата навечер за време на протестите на Универзитетот во Јужна Калифорнија, соопшти полицискиот оддел во Лос Анџелес. Полицијата соопшти дека едно лице е уапсено под сомнение за напад со оружје, но не соопшти детали за инцидентот.
Студентите исто така протестираат од минатиот четврток во Технолошкиот институт во Масачусетс, Универзитетот во Тексас во Остин, Универзитетот во Мичиген, Универзитетот во Ново Мексико, Беркли, Јеил и Харвард, според Си-ен-ен.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.