Контакт

Свет

Обама ќе го намали расходот за својата безбедност со новиот буџет

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама и потпретседателот Џозеф Бајден во проект-буџетот за фискалната 2013 година ги намалија трошоците за 64 милиони долари, но сепак планот за буџетот наиде на жестоки критики од републиканците.

dobivaj vesti na viber

Американскиот претседател Барак Обама и потпретседателот Џозеф Бајден во проект-буџетот за фискалната 2013 година ги намалија трошоците за 64 милиони долари, но сепак планот за буџетот наиде на жестоки критики од републиканците. Предлог буџетот на САД на претседателот Барак Обама кој во понеделникот беше предаден во Конгресот за фискалната 2013 година којашто започнува на 1-ви октомври 2012 година, ќе изнесува 3,8 трилиони долари со дефицит од еден трилион. Тој е составен имајќи ги предвид планираното зголемување на даноците за богатите Американци и голем број на мерки за намалување на трошоците за одбраната. Буџетот за тековната фискална 2012 година беше проектиран на 3,73 трилиони долари со слично ниво на дефицит.Буџетскиот дефицит во фискалната 2012 година е проектиран на 1,33 трилиони долари или  8,5 отсто од БДП-то и на 901 милијарди долари во 2013 година, односно 5,5 отсто од БДП-то на САД.Буџетскиот дефицит ќе остане висок и за споменатата фискална година, пред да се намалуваат и новите буџетски позајмувања кои следната деценија ќе го зголемат американскиот национален долг за околу шест трилиони долари. Предвидено е со буџетот за 2013-та стапката на невработеност во САД до 2017 година да опстане над 6 отсто, иако оваа прогноза беше коригирана уште во ноември, пред намалувањето на стапката на невработеност што може да се покаже како многу песимистичка.Економскиот раст, пак, е проектиран на раст од 2,7 отсто во 2012 година на 3 отсто во 2013 година, а на 4 отсто во 2014 годинаПроектот на буџетот за претседателот Обама со кој бездруго ќе се обиде да ги убеди американските гласачи да му го доверат вториот претседателски мандат на изборите на 6-ти ноември годинава, предвидува повеќе од 800 милијарди долари за изградба на инфраструктурни проекти, патишта, железнички линии и училишта. Истовремено, се предвидува и продолжување на даночните олеснувања поради поттикнување на вработувањата.„Тајната служба на САД ќе биде финансирана во износ од 1,601 милијарда долари, во фискалната 2012 година, нејзиното финансирање изнесува 1,665 милијарди долари, во 2011 – 1,527 милијарди долари“, се наведува меѓу другото во проекцијата на федералниот буџет за 2013 година, којашто администрацијата на претседателот Обама ја поднесе пред Конгресот, пренсуваат американските медиуми.Тајната служба, специјалниот оддел кој се наоѓа во структурите на американското министерство за внатрешна безбедност, е одговорна за безбедноста и физичката заштита на претседателот, пот-претседател на САД, министрите, високи функционери и лидери на странски земји кои се во посета на САД. Буџетот на Одделот за домашна безбедност се очекува да достигне 39,5 милијарди долари.Исто така, Обама предложува и кастрење на поттикнувањето за растечкиот земјоделски сектор за 32 милијарди долари во текот на идните десет години,  додека Конгресот го започнува долгиот процес на измени на американскиот закон за земјоделие кој истекува. Претседателот Обама повторно во годишниот буџет предлага намалување на средствата за министерството за земјоделие. Конгресот, меѓутоа, дури допрва теба да постигне договор за реформа на големите поттикнувања во земјоделскиот сектор.Проектот на Обама вклучува и намалување на пет милијарди долари директни испалти на земјоделците коишто се давааат без оглед на тоа дали има потреба, што е идеја којашто има одредена поддршка меѓу застапниците. „Во периодот на сериозни фискални органичувања, тие исплати веќе не можат да се бранат“, велат од администрацијата на претседателот Обама, пренесува Reuters.Планот за намалување на поддршката за 32 милијарди долари во текот на следните десет години е многу поголем од оној околу кој минатата есен се согласија челниците на комисјата за земјоделие на Конгресот. Обама и минатата година изнесе сличен предлог за намалување, тврдејќи дека исплатите за најбогатите фармери треба да бидат елиминирани заедно со намалувањето  на директните исплати./крај/ро/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Објавено пред

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите од Катар, Египет и САД, пишува The Times of Israel повикувајќи се на израелски портали.

dobivaj vesti na viber

Воениот кабинет на Израел сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов жените, мажите над 50 години и тешко болните да бидат ослободени, а кабинетот во четвртокот го овласти преговарачкиот тим на Израел да разговара за повеќе флексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската веб-страница Инет.

Неименуван висок израелски функционер подоцна изјави за веб-страницата дека Израел всушност се согласил да ослободи 33 заложници, а веб-страницата наведе дека Хамас инсистирал бројот на ослободените заложници да биде приближно 20.

Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во тие категории, но Хамас рече дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.

Прикажи повеќе...

Свет

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Објавено пред

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди долари, објави порталот Политико, цитирајќи неименуван американски функционер.

dobivaj vesti na viber

Според официјални лица, пакетот оружје вклучува контраартилериски радар, тактички возила, пресретнувачи Патриот, беспилотни летала, артилерија, прецизна муниција и системи против беспилотни летала.

На почетокот на неделава Претставничкиот дом на американскиот Конгрес донесе закон за пакет воена помош за Украина, Израел и кинескиот регион Тајван во вредност од 95 милијарди долари, од кои 61 милијарда долари се наменети за помош на Украина.

Лидерот на Демократите во Сенатот Чак Шумер изјави дека оставил порака за украинскиот претседател Володимир Зеленски, која гласи: „Завршивме. Сега – победи“.

„Овој предлог-закон е една од најважните мерки усвоени од Конгресот долго време за заштита на американската безбедност и безбедноста на западните демократии“, рече Шумер.

Прикажи повеќе...

Регион

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Објавено пред

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.

dobivaj vesti na viber

„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.

Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.

„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.

 

Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија32 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет48 минути

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион1 час

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет1 час

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија12 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија12 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија13 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија15 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија18 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ19 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија20 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија22 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија22 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија22 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија22 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија23 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија1 ден

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...