Контакт

Свет

Договорот АКТА пред Европскиот суд

Објавено пред

Европската комисија во средата реши да побара мислење од Европскиот суд во Луксембург дали контроверзниот ,меѓународен трговски договор против пиратеријата ACTA е во спротивност со основните човекови права и слободи.

dobivaj vesti na viber

Европската комисија во средата реши да побара мислење од Европскиот суд во Луксембург дали контроверзниот ,меѓународен трговски договор против пиратеријата ACTA е во спротивност со основните човекови права и слободи. „Имаме намера од највисокиот европски суд да побараме оцена дали ACTA на кој и да е начин не е во согласност со темелните права и слободи во Европската унија, како што се слободата на изразувањето и информирањето или заштитата на податоците и сопственичките права во случај на интелектуалната сопственост“,  изјави комесарот за трговија, Карел Де Гушт. „Последните седмици процесот на ратификација на ACTA предизвика широка полемика во Европа за слободата на интернет и важноста за економијата во заштитата на европската интелектуална сопственост. Сакам да бидам целосно јасен, ја споделувам загриженоста на луѓето за основните слободи и го поздравувам тоа што луѓето толку активно ја изразија својата загриженост, особено во поглед на слободата на интернет. Разбирам исто така дека постои несигурност околу тоа што договорот ACTA навистина значи за овие клучни прашања“, истка Де Гушт. „Оттаму верувам дека е потребно договорот ACTA да биде испратен до Европскиот суд на правдата. Расправата мора да се води врз основа на фактите, а не врз база на погрешни информации и шпекулации, коишто доминираа на социјалните мрежи и блогови изминатиов период“, додава еврокомесарот за трговија. Де Гушт, притоа рече дека цел на овој меѓународен договор е да се подигнат светските стандарди во поглед на јакнењето на интелектуалната сопственост и дека договорот ACTA не воведува нови прописи, како и дека нема ништо да промени во користењето на интернетот и општествените мрежи, дека нема да овозможи цензура ниту затворање на интернет ресурси. Договорот ACTA (Anti-Counterfeiting Trade Agreement) на 26-ти јануари во Токио, го потпишаа 22 земја членки на Европската унија. Зa ACTA  преговараа ЕУ, САД, Јапонија, Канада, Нов Зеланд, Австралија, Сингапур, Јужна Кореја, Мароко, Мексико и Швајцарија, а текстот од овој договор е осмислен за широка борба против кршењата на авторские права, од лекови и други стоки до илегално преземање содржини од интернет. Текстот на договорот се однесува на лековите, на фалсификувана стока, земјоделски патенти, но и нелегално преземање на содржини и на борбата против пиратеријата. Оние коишто не се согласуваат со текстот на договорот, сметаат дека тој е премногу непрецизиран, истакнувајќи дека меѓу другото на сопствениците на авторските права им овозможува злоупотреби.Потпишувањето на овој договор поттика бран незадоволство и масовни протести низ цела Европа.Противниците на донесувањето на ACTA, во кои се вклучуваат и многу европски експерти, правници, новинари и политичари, веруваат дека текстот на договорот е полн со големи опасности за иднината на интернетот, слободата на говорот и човековите права. Според нив тој содржи премногу нејасни барања, кои по избор може да се користат за да се здобијат со контрола над општество преку интернет. Поточно, во случај на прифаќање на ACTA може да се следи кои интернет страници ги посетило некое лице, и притоа да не потребна дозвола од судот или обвинител. Покрај тоа, договорот ќе им овозможи на царинските службеници да изврши увид, во согласност со договорот ACTA, прегледи на лап-топ компјутери, iPod-и и мобилни телефони врз основа на барање нелегални содржини.Противниците на ACTA се согласуваат дека оваа програма е составен дел од глобализацијата, а најголемиот дел од профитот од неговото донесување ќе оди на сметката на големите меѓународни корпорации./крај/aфп/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Иран започна нов напад врз Израел

Објавено пред

Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.

dobivaj vesti na viber

Засега нема извештаи за повредени.

Прикажи повеќе...

Свет

Цел на напади била и иранската државна телевизија

Објавено пред

Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.

dobivaj vesti na viber

„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.

Прикажи повеќе...

Свет

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Објавено пред

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.

dobivaj vesti na viber

Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.

Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија2 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија3 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет4 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет5 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет6 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет6 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет7 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет10 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија12 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет14 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет15 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет19 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет23 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет24 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет1 ден

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет1 ден

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет1 ден

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет1 ден

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија1 ден

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...