Свет
Железничка несреќа во Аргентина, најмалку 340 повредени
Околу 340 луѓе се повредени, кога патнички воз излетал од шините и удрил во заштитната ограда на перонот, на железничката станица во Буенос Аирес.
Околу 340 луѓе се повредени, кога патнички воз излетал од шините и удрил во заштитната ограда на перонот, на железничката станица во Буенос Аирес. Стравувањата на властите се дека во оваа несреќа може да има и загинати лица. Министерот за сообраќај на Аргентина, Хуан Пабло Скијави, рече дека поголем дел од патниците се здобиле со потешки повреди, како и дека извезен број на патници сеуште се заглавени во возот. Британскиот сервис Би Би Си, јави дека од силината на ударот, предниот дел на локомотивата бил целосно уништен, а еден вагон од силината на ударот, влегол речиси шест метри во вагонот кој се наоѓал пред него. На местото на несреќата веднаш пристигнале десетина медицински возила. Пред само пет месеци, во судир на два воза, во Буенос Аирес, загинаа 11, а повредени беа повеќе од 200 лица. крај/т/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

