Свет
Анкетите му даваат предност на Путин
Владимир Путин ќе добие речиси две третини од гласовите на претседателските избори во Русија, кои ќе се одржат на 4. март, покажуваат резултатите од направените анкети. Доколку ова се случи Путин ќе го избегне вториот круг во борбата за нов мандат.
Владимир Путин ќе добие речиси две третини од гласовите на претседателските избори во Русија, кои ќе се одржат на 4. март, покажуваат резултатите од направените анкети. Доколку ова се случи Путин ќе го избегне вториот круг во борбата за нов мандат. Истражувањето на центарот Левада, најголемиот независен центар за испржување на јавното мислење во Русија, покажува дека Путин ќе добие помеѓу 63 и 66 отсто од гласовите, со што уште во првиот круг го освои шест годишниот претседателски мандат. Путин на изборите во 2000 година доби 53 отсто од гласовите, а во 2004 година дури 74 отсто. Неговиот наследник Дмитриј Медведев, на изборите во 2008 година освои 70 отсто од гласовите. Путин на изборите во 2008 година според Уставот немаше право да се кандидира. крај/х/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

