Свет
Судир на лица со инвалидитет и полицијата во Боливија
Полицијата се судри со група лица со инвалидитет во боливискиот град Ла Паз, кои бараат државата да им ја исплати предвидената социјална помош.
Полицијата се судри со група лица со инвалидитет во боливискиот град Ла Паз, кои бараат државата да им ја исплати предвидената социјална помош.
Медиумите јавуваат и за четворица уапсени, неколку повредени и употреба на солзавец во судирите што се случија при обидот на демонстрантите да влезат на претседателскиот плоштад.
Уапсените, според информациите, искршиле стакла на неколку полициски возила, додека останатите демонстранти со патерици удирале по полицајците во обидот да се доближат до владините институции.
Караван од околу 50 инвалиди, од кои многумина во количка или на патерици поминаа над 1.500 километри во протестен марш до Ла Паз во последните 100 дена во обидот да издејствуваат да издејствуваат исплата на социјалната помош од 430 долари годишно. Досега овие лица добиваа 30 отсто од износот. /крај/танјуг/блиц/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

