Свет
Светска банка со апел за спас на океаните и морињата
Светска банка(СБ) во петок најави глобален сојуз за подобро управување и заштита на океаните кои се загрозени заради загадувањето и климатските промени.
Светска банка(СБ) во петок најави глобален сојуз за подобро управување и заштита на океаните кои се загрозени заради загадувањето и климатските промени.Океаните, како што сликовито се изрази претседателот на Светска банка Роберт Зелик, се крвоток на нашата планета и глобалната економија. Милиони луѓе, како што рече првиот човек на СБ, зависат од морињата и океаните заради бизнисот и храната, а зависноста ќе расте како што расте и бројот на жителите во светот.„Морињата и океаните се прекумерно експлоатирани, крајбрежјата нагрдени и уништени, а коралните гребени се загрозени заради загадувањето и подигањето на температурата на морето. Потребно е да се упати нов СОС – да ги спасиме нашите мориња“, истакна Зелик.Тој додаде дека СБ, во соработка со владите, научната заедница, здруженијата на цивилното општество и приватниот сектор, сака да собере 1,2 милијарди долари за здрави и одржливи мориња и океани.Втора цел, како што е најавено, е обнова на рибниот фонд. Според Зелик, 85 отсто од океанските рибни фондови се или премногу изловени или целосно исцрпени. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

