Свет
САД не отстапуваат од својата стратегија во Авганистан
Безредијата и убиствата кои следеа по случајното палење на примероци на муслиманската света книга Куранот во американската воена база во Багрем, во северен Авганистан, нема да ја промени стратегијата НАТО во таа земја, соопшти во понеделникот Пентагон.
Безредијата и убиствата кои следеа по случајното палење на примероци на муслиманската света книга Куранот во американската воена база во Багрем, во северен Авганистан, нема да ја промени стратегијата НАТО во таа земја, соопшти во понеделникот Пентагон. Министерот за одбрана на САД, Леон Панета и началникот на генералштабот на американската армија, генералот Мартин Демпси, се решителни во поглед на продолжувањето на операциите кои имаат цел на авганистанските сили до крајот на 2014 година да им се предаде одговорноста за безбедноста на нивната земја, изјави портпаролот за американското министерството за обрана, Џорџ Литл. Според него, Панета и Демпси веруваат дека „основите на американската стратегија и натаму се цврсти“, како и дека Вашингтон нема намера да ја менува временската рамка во поглед на повлекувањето од Авганистан.„Коалициските сили од ова ќе излезат поцврсти и обединети. Многу работи се на коцка во Авганистан, а предаденоста на нашата мисија и стратегија нема да слабее“, порача Литл, Тој истакна дека последните настани „не ги заслепија луѓето да не го видат напредокот што е постигнат во земјата“.„Мисијата ИСАФ, силите предводени од НАТО, во партнерство со авганистанските национални сили, и’ нанесуваат порази на Ал Каеда и нејзините терористички сојузници, а исто така им оневозможува од Авганистан да направат свое безбедно засолништво“, дополнува Литл. Во последните шест дена од кога низ цел Авганистан избувнаа немирите поради спалувањето на Куранот, загинаа 30 лица, вклучувајќи и четворица Американци. Двајца војници од САД беа убиени кога авганистански војници застанаа на страната на демонстрантит, а исто така загинаа и двајца американски офицери коишто работеле како советници во авганистанското министерство за внатрешни работи во Кабул./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

