Свет
Прохоров ќе формира „неполитичка“ партија
Рускиот милијардер Михаил Прохоров кој е против кандидат на актуелниот премиер Владимир Путин на претседателските избори на 4-ти март, објави во вторникот дела ќе основа „неполитичка“ партија која ќе се обиде да го обедини цивилното општество.
Рускиот милијардер Михаил Прохоров кој е против кандидат на актуелниот премиер Владимир Путин на претседателските избори на 4-ти март, објави во вторникот дела ќе основа „неполитичка“ партија која ќе се обиде да го обедини цивилното општество.„Тоа ќе биде апсолутно нова партија. Таа ќе биде формирана според неполитичкиот принцип. Никој тоа сé уште не го сторил и сакаме да бидеме први коишто ќе основаат партија којашто ќе го обедини нашето цивилно општество“, изјави на Прхоров на прес-конференција во Москва.Тој истакнал дека партијата нема да има лидери, додека претходно како независна десничарска партија. Михаил Прхоров е сопственик на кошаркарската екипа од НБА лигата, Њу Џерси Нетс, е единствениот независен кандидат на претстојните руски избори коишто ќе се одржат во недела. Прохоров кој на листата на магазинот Forbes е третиот најбогат русин со проценет имот од 18 милијарди долари, минатата година го презема водството на партијата Вистинска работа, но набрзо беше тргнат од функцијата. Тој тогаш го обвини тогашниот заменик на директорот на администрацијата во Кремљ, Владислав Сурков, дека го организирал неговото елиминирање од партиската функција. /крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

